епа ако имаш мрсна а си се одлучила за планет спа јас би ти го кажала ова таа од јапонско саќе и ориз е за потхранување мазнење хидрирање ревитализирање и ја прави мека кожата таа од тајландски лотосов цвет ја негува и ја штити кожата од слободните радикали ја омекнува и мазни а кокосовото масло што го содржи ја хидрира храни и регенерира кожата според мене најдобро за мрсна кожа од планет спа е да ја земеш таа со минерали од мртво море бидејќи минералите продираат длабоко во порите и ја чистат кожата, ја зајакнуваат ревитализираат кожата и имаат детоксифицирачки својства. иако уште подобро би ти било да си земеш некоја маска од garnier pure колекцијата доста ја фалат за мрсна кожа еве и слики да видиш на што мислам
Сум ја користела маската на Afrodita таа што е за проблематична кожа,не е лоша ама не е па ни нешто којзнае што,и маска од зелена глина на Vitalia и таа немие ништо посебно..........а сега одвреме навреме си правам некои домашни маски од квасец и млеко......,мед млеко и овесни снегулки.......,мед и морков и прилично сум задоволна
Пред неколку денови си направив домашен пилинг за лице од една лажица мед една маслиново масло(најдобро ладно цедено) и шеќер,значи сите три работи треба да се помешат заедно да се добие густа смеса,па се нанесува на лицето и со влажни раце нежно неколку пати се масира лицето,па се мие со млака вода,а ефектот е одличен никогаш кожата со ниту едно хемиско средство за пилинг не ми била помазна и помека.Инаку ова го видов од еden туторијал на YouTube.
За тие од Авон маските тие се лупење не ме бендисуваат- пробано сакето и лавандата и не се добри, ги препорачувам таа што е од кал од Мртво море, и таа со минералите од Мртво море( вторава има затоплувачко дејство) а таа од тајландски лисја или цвекиња ја порачав и чекам да ми стигне одлична е, ја пробано кај другарка ми и има разладувачко дејство
домтите фантастично ја чистат кожате нарежете го доматот на кругови и ставети ги на лицето за 15 мин пота измијете го лицето си топла вода и намачкајте го со крем
одлична маска која може дома да си направите ,една лажица сода бикарбона и една лажича сок од цеден портокал настанува густа смеса и ја мачкате на лицето каде треба да стои оклоу 15-20 минути ,пред да ја измиете прво ќе ги натопите рацете со вода и со прстите кружни движења на целото лице ги отсранува црнките лицето станва мазно и бело ,одлично
ај пишете ако знаете некоја домашна маска за мрсна кожа ,ептен ми е мрсно лицето а ништо до сега од оние купечките не ми помогнало,дајте некој совет ...
ја користам од орифлејм,и одлични се да ви кажам искрено,лицето после меко ми е ко на бебенце а и плус,од кога почнав да ги користам почесто маските,почна да ми се чисти и лицето многу повеќе(не дека ми е крш иначе ) . еве кои маски ги користам сега: *последнава најдобра ми е !
Najbolje su prirodne maske za lice, probaj neku od ovih, http://cosmocura.com/prirodne-maske-za-lice/ za mene banana najbolje radi
излупи компир жив, изрендај го, и после тоа смесата заедно со сокот во неа (немој да го цедиш) стави на лицето да ти постои 20 мин.Околу глава стави си крпа бидејќи течи .премногу ја суши кожата( мислам за оние кои имаат мрсна, му ја прави нормална) се надевам ќе ти помогни . мене премногу ми помогна. ова се прави 1-2 неделно зависно колку ти е мрсна кожата.
баш ке пробам со тоа ,велиш помага ? јас имам премногу мрсна кожа и на лицето и на главата посебно косата колку ми се мрси тоа е невозможно :/ а лицето кога ќе се разбудам ми е како со зејтин да сум го мачкала
По препорака на другарка ми, ја земав оваа маска од planet spa линијата, со минерали од Мртво Море. И бидејќи имам комбинирана кожа т.е. на т - зоната ми е мрсна, ептен ми се погоди.
Моите алхемичарски подвизи последниот пат ми ги скинаа живците. Лицето ми беше сосем ок, ама ајде си викам да го освежам малку, имав мед по дома, згмечив една банана, малку мед и неколку капки лимон. Ајде што комбинацијава мирисаше ужасно, истрпев едно 15-тина минутки, се измив... преку ноќ се нафрлав со 3 нови бубуљички. Излегоа од нигде никаде, побесна не можев да бидам. Затоа памет за друг пат - бабини деветини и домашни пилинзи јок! Си има цела индустрија посветена на тоа, учени и паметни бубалчиња трескаат мозок како да направат идеална маска за лице, не сум им потребна јас. Одамна на времето, ја имам пробано маската од глина во прав и убаво дејствуваше, го одзема мрсниот сјај, го нормализира лицето, смирува црвенило и суши акни. А и не е нешто скапа, околу 170 ден.
Сега си направив маска за лице онаа што е од банана,стварно делува,сега лицево си го чуствувам помазно и помеко
Јас ја користам маската со јаболко и мед и стврано е ефикасна, со оглед на тоа што имам мрсна-чувствителна кожа и се што оди со неа Од секоја маска откако ке ја измиеш лицето ти е мазно, меко и слично, меѓутоа, квалитетот на маската се гледа по неколкукратно користење.
Јас сношти си измислив една маска за лице. Си направив чај од хибискус и кесичката не ја фрлив. Она што беше во кесичката го помешав со шекер и ја ставив на лицето. Ја оставив 10-15 минути и потоа измив со млака вода и ставив крем за лице. Добро беше, не е лошо.