пред 2 дена правав маска за лице од компири,2 компири се рендаат и ренданото се става на лице да делува 20 мин,го намалува црвенилото на лицето и подочњаците,навистина делува
Девојки јас девојкава ја видов прееска и видов дека прави маска со овес . Ја направив прееска и многу ми е убаво и меко лицето . Е сега малку хаос ствара па затоа ќе ја правам само пред бањање Еве ви ја во случај да сака некоја да проба : http://www.youtube.com/watch?v=7e5_RVBwNjE
Знае ли некој некоја маска за акни?Обично немам ама сега во тој период сум и имам околу 5 акни. Знам ќе поминат ама ме нервират.Сега ставав паста
Уф супер. Баш барав некој тип на ваква маска. Целото лице ми е со акни . Ќе пробам со твојава маска, па ќе се надевам дека ќе ми помогне
^^Maскава не само што ги прочистува порите, туку и ги суши веќе појавените акни. -5 мали лажички сол (морска или за готвење) -вода Во солта се додаваат една по една неколку мали лажички вода. Постојано се меша и постепено се додава вода додека не добиете густа смеса (паста). Смесата се остава да отстои 10 минути, а потоа се нанесува на лицето и се остава да делува 20 минути. Лицето се измива со топла вода Се меша половина свеж квасец со малку млако млеко. Смесата се држи на лицето се додека не се исуши и стврдне. Потоа со кружни движења се вади од лицето. Се измива со млака па со ладна вода и лицето се брише со мека памучна крпа. Редовната употреба на оваа маска му дава постојан сјај на лицето, кожата станува почиста и без акни. Во половина литар зовриена оладена вода, се додава една супена лажица јаболков оцет. Со вата се нанесува растворот секоја вечер пред спиење и цревенилото се намалува веке по вториот ден, а исто така ќе се намалат и акните. Во сад се мешаат две лажици пресно млеко и околу една лажица лимон. Се додава брашно колку што е потребно да биде погуста смесата, за нанесување на лицето. Треба да стои од 30-45 минути. Исто и јаболката е полна со пектин - материја која има суштинско значење за борбата против акните.
Оваа на гарниер е дефинитивно најдоброто нешто што воопшто го измислиле....ја користам еве веќе некое време и сум презадоволна!Лицето ми е пречисто како никогаш досега!девојки јас оваа ви ја препорачувам!
Ми треба некоја препорака за оваа маска за лице.Се думам дали да ја порачам,но не знам за каков тип за кожа е наменета и како се употребува.Ако може некој д ми каже
Не користам маски често,а ако веќе ставам преферирам да е природна.Некогаш кога ќе ми текне ја правам онаа со јајце млеко и пченкарно прашно. Се двои жолчката од белката.Во белката се става малку пченкарно прашно (може и она за палента иако е малку погрубо) и се користи како пилинг.Потоа се плакне лицето со млака вода и става маската од изматена жолчка со малку млеко.Втората маска се остава десетина минути да постои и да се затегне,а потоа темелно се плакне. Нема многу филозофија и потребни ресурси,а резулатот е мазна и позатегната кожа.
Девојче јас сум зачленета во AVON и ти ги препорачувам маските на Planet spa..јас ги користам и многу сум задоволна и многу ми ги порачуваат..Скапи се но многу се убави по вадењето на маската лицето ти станува како бебенце Пробај
колку пати неделно е препорачливо да се става маска на лицето? моментално имам маска од Планет Спа од авон..
И јас ги препорачувам маските од Планет Спа Многу се убави,јас ја имам Со кал од Мртво море,прекрасно мириса,ја чисти кожата. 10-ка! :up: :up:
Имам комбинирана кожа и ја користам маскава од авокадо и ореви(во средина што е) преубаво го чисти лицето Пишува дека е за 2 употреби ама мене ми стига за 4 Ја препорачувам дефинитивно
Најдобар начин да се исчисти лицето од сите нечистотии е возможно само со ракија и памук...лицето станува мазно,меко и нежно.А имам пробувано и повеќе маски,немам некој голем проблем со кожата.
Како мислиш дали ми се суши ? Јас велам дека може да се исчисти лицето со тоа што ќе го навлажнеш памукот со ракија и ќе си го избришеш лицето.Само треба да внимаваш до очите да не ставаш.Со ова лицето навистина многу убаво се чисти,доказ за тоа е кога ќе го погледнеш памукот од бел потоа каков станал.
Ракијата може моментално да делува добро, да ти го исчисти лицето, ама со тоа не и правиш добро на кожата. Алкохолот ја суши, и сите дерматолози препорачуваат да се користат препарати кои не се на база на алкохол. Можеш лицето да го чистиш со некој тоник или лосион. Јас го користам овој на Јанг Дерм и сум презадоволна.
Девојки сакам да ве прашам дали некоја од вас ја има користено оваа маска?! Дали сте задоволни или не? Ја порачав пред една недела, па кај и да е треба да стигне овие денови. http://mk.oriflame.com/products/product ... Code=16356