Која маска за лице ми ја препорачувате како добра и со добар ефект?? Имам мрсна кожа и некои мали флеки од акни???
Ја има некој користено маскава за лице?? http://images.izideal.com/img/product/6 ... -mask.jpeg Помага за акни ?
Против акни помага само оваа маска јас ја користев. http://www.avondiscounted.com/ekmps/sho ... -729-p.jpg
Од искуство ти препорачувам да посетиш дерматолог ако имаш проблем со акни и тој/таа да ти препишат добра крема или па да се распрашаш во локалните аптеки за некоја маска што помага со акните.Овие маски и гелови што Авон и Орифлејм ги продаваат не се баш сјајни, бар мене не ми помогнаа многу.Но, сепак се зависи од типот на кожата.
Јас ја купив пред еден месец и сега засега задоволна сум. Длабински ги чисти порите. Ама многу ми е криво за парите Јас 300 ја зедов, а во другиот каталог за 170 беше
Јас па 120 ја земав кога беше на попуст Инаку MacaLove за маскава - зависи каква кожа имаш. Мислам дека најмногу одговара на комбинирана и мрсна. Различно реагира на различна кожа. Имаа неколку феминки пишано дека им ја сушела и вцрвувала кожата, така што веројатно не одговара на сува.
имам користено од маските на планет спа и задоволна сум,ама како што ми помага домашната маска од квасец и млеко ниедна останатите(мислам на тие што ги купувам) се само како пилинг а домашнава лицето ми е мазно до два месеци може и повеќе,без мозолчиња што е најважно
Па добро, супер тогаш, мене таква ми е кожата. Комбинирана накај мрсна, се надевам дека ќе се погоди.
Беше на попуст во еден каталог ама тој каталогот го видов последниот ден и не можеше да се порачва поќе... Ама ако ај ги преболев парите... Иначе јас имам комбинирана кожа, во Т-зоната ми се мрси (не многу, ама сепак) а кај образите ми е малку посува. MacaLove кога ќе ја пробаш, кажи дали ти се погоди
Дали ја има некој користено оваа маска на Свидиш спа? Ја порачав сега од најновиот каталог на Орифлеим, па ме интересира ваше мислење.