Ви ги прочитав сите мислења , и се одлучив за маските на СПА на авон. Бидејки имам сува кожа, прочитав тука совет за маска од маслинки, ама во тековниов каталог не ја најдов. Гледам потхранувачка маска од африкански шеа путер,хидратантна маска за лице со екстрат од маслиново масло и маска за длабинско прочистување на порите со тајландси лотосов цвет. Овие ги има. Имам костистено овошен шејк маска за сува и т-зона маска за 1 употреба од Космо, ама сакам од овие на спа, ем гледам задоволни сте гротото, ем поекономично е. Совет?
Дали некој знај која боја беше маската од Планет спа која се лупеше и се вадеше целата наеднаш ? Ја има некој користено? Фала однапред
преднекој ден пробав една домашна маска-ми ја кажа една козметичарка(за сува кожа е ) -половина жолчка -една лажица мед -10 капки маслиново масло се се меша, се нанесува на лицето, останува 10-15минути и се плакне кожата е мазна и мека и да не заборавам нанесување на хидратантен крем за лице-задолжително
girl-miri - можеш да си ја земеш маската од планет спа на авон - со кал од мртво море мн е добра за мрсна и мешана кожа .. или пак на солушн онаа што е за комбинирана кожа ( плаво паковање) . Јас и двете ги користам - супер се особено првата . само во новиот каталог на авон цената е околу 300 ден за оваа на планет спа .. ако не се брзаш почекај оти планет спа секогаш имаат попусти со маските .Јас некогаш ги имам начекано и за 120-30 ден. позззз
Имам од Авон лилава маска, ама искрено не беше до толку ефикасна колку шо очекував. Односно, мене ништо не ми прај само шо после убо ми мириса лицето, и за џабе си дадов негде 200-300 денари. Незнам за другите, ама кај мене не се забележват никакви ефекти
Како до чисто лице? ЕВЕ ЕДНА МАСКА ЗА ЛИЦЕ Дали ви се верува дека ако во маската за лице учествува и пиво, тоа ќе даде неверојатно добри резултати за убавиот изглед на вашата кожа? Потребни намирници: Две лажици пиво, Една лажица овесни јатки, Една жолча од јајце, Неколку капки масло од гроздови семки. Начин на приготвување и употреба: Исипете го пивото во овесните јатки и оставете половина час да набабрат. Во друг сад добро измешајте ги жолчката и маслото и додадете ги во овесните јатки. Нанесете ја готовата маска на лицето, вратот и деколтето. Оставете да делува 30 минути и на крај измијте го лицето со млака вода. Се препорачува маската да се прави 2-3 пати седмично во текот на еден месец.
Ја имам од Планет Спа од Авон , маската со маслинки. Просечна е. Во секој случај обичното маслиново е далеку покорисно и поубава ја прави кожата отколку маскава.
е девојки мајка ми имаше една книга со домашни рецепти ќе ја побарам и тука ќе ви ставам за се што ви треба, ветувам.
Сестра ми во Тинекс пронајде едни маски за лице што идат во две за 50 денари паковање, се викаат Мontagne Јeunesse - Face Food, направени во Британија. Касиерката и кажала дека доста се трошат, и иако се евтини биле доста ефикасни. Прашањето ми е.. Дали некој ги има пробано? И какво искуство има? Спојлер Јас ја купив оваа маска: http://www.montagnejeunesse.com/face-ma ... ace-masque
Користам од афродита маски, црвените acne stop, доаѓаат по две во пакување ПРЕзадоволна сум искрено, топло ја препорачувам Ефтини а предобри :up: :up: инаку домашна маска што ја правам секој ден или секој втор ден е следнава : Рендам парче краставица, додавам од прилика 2-3 лажици лимонов сок, некогаш и малку зелен чај потоа со памукче го премачкувам лицето, и држам колку што можам подолго, додека сум по дома, ја оставам на лице морам да кажам дека има дооообри резултати на 24ти се вратив од одмор, лицево ко ренде ми беше, таму не ставав никаква маска и лом ми се направи лицето. Кога дојдов одма почнав со домашнава маска и супер ми е лицето дури и флеките од акни ми избледеа, уште се тука, ги имам уште ама помалку се гледаат, и полесно се покриваат