Обожавам маслинки, отсекогаш сум ги сакала и ги јадам буквално со се', со секое јадење ми одат. И ги ставам скоро во се' што правам за јадење Го натерав и овој мојов да пројаде пред извесно време, просто не ми се веруваше кога ми кажа дека не јаде маслинки и дека никогаш нема пробано Сега се чуди како живеел без нив толку време, ги обожава
Сите ги сакам. Порано не ги јадев, мајка ми дека не сакала да ги јаде па и мене и на сестра ми не ни купуваше и ни го всади во глава тоа дека не се убави. И така јас околу 16 години си мислев стварно дека е така и одбивав да ги пробам, но кога пробав ми се допаднаа и почнав да јадам.
Ги обожавам, посебно вакумираните грчки, убави ми се и зелените тврди, каламата и др. Најубави ми се во грчка салата и во марула.
Ги обожавам.Најубави ми се зелените со пиперки, дебелите кафени и црните несолени.Ги јадам со што стигнам.
Не ги сакам зелените.. Каламата обожавам ама не ги јадам и нив често. Секогаш како да заборавам од фрижидер да ги извадам.. а кога ќе им седнам...