За љубителите на маслинки интересна наградна игра https://www.facebook.com/aleksandro...343386520911/2190111867777395/?type=3&theater
Последниве година дена почнав се повеќе да ги јадам.. И порано јадев ама никако да ми текнеше да ги извадам од фрижидер Омилени уште ми се каламата..а богами и алфонсо.. Зелени не сакам баш ама манзаниља можам да ги кркнам без пардон И тие "сушените" не ги сакам баш ама Тасос маслинките ги јадам кога ќе начекам да купам
Ги обожавам. Сите видови ги сакам, а најмногу црните. Ама тоа не значи дека и другите видови се нешто помалку вкусни. Исто така не разбирам како некој може да изеде 1-2 и да престане. Јас без десетина на едно јадење не можам да престанам.
Ги сакам, скоро секојдневно конзумирам. Но, ќе додадам дека не сите видови ми се допаѓаат. Некои имаат лош мирис и шмек. Исто, генерално црните ми се повкусни од зелените.
Еднаш пред 5 6 години купив Дојрански од Кам, викам ај патриот да ја дигнам и економијата плус. Многу беа лоши не се лажете, само не знам која фирма беа мислам ги нема веќе. И така продолжив да си купувам грчки