Ги сакам црните, како очиња што се, малечки. Зелените со пиперче ми се омилени во пица. Речиси во секој сос што го правам со печурки и доматен сос, додавам и маслинки. Исто така, си користам и маслиново масло за салати, а имам и сапун за тело од чисто маслиново масло, купен од селска работилница за маслинови производи на Тасос, го користам зимскиов период, навистина е мрсен и ја омекнува кожата. Маслинка за сите поводи и погоди
Ги сакам зелените маслинки со пиперче и тврдите црни маслинки. Ги јадам најчесто онака на голо, или со сиренце. Сакам и похувани маслинки.
Ги обожавам, како и сирењето со се можам да ги јадам...најмногу ги сакам црните без семка и зелените со пиперка
хммм и јас обожавам маслинки , поготово во пица или салата со домати краставици и сирење. повеќе ги сакам зелените него црните
Oбожавам маслинки,можам во еден ден цело пакување да изедам,ги сакам црните каламата,ги сакам со чили флејкс,со лукче,со пиперче внатре,пармезан,а зелените ми се омилени Hе можам да функционирам без нив,па и дип од маслнки да ги мачаш со препечено лепче намачкано со маслиново масло,уф уф мераци....
Ги јадам,ги сакам и ги обожавам.Со се можам да ги јадам а поготово тврди црни или зелени со пиперка или лешник. Ми се пријаде маслинки
Секакви јадам, а омилени ми се крупните, тврди, зелени со парченце пиперче внатре. Инаку и црните ги сакам ама понекогаш знаат да имаат помалку горчлив вкус.
За мене постои едно златно правило, а тоа е : Маслинки=Живот Големи, мали, дебели, зелени, црни, секакви јадам и не дискриминирам !
Секако дека сакам маслинки, па има ли нешто што јас не јадам Маслинките најчесто ми се мезе, јадеш и пиеш коњак, јадеш и лижеш прсти, па ќе ми текне ако на повидок е топло лепче да се наручам со маслинки, и после цел ден на вода Зелените нешто не ми се омилени, ми придобиваат вкус на пиперка, и ги сакам тврди, а не насобрани и полни вода. Најубави ми се оние крупни црни што нагорчуваат малце и по моност да се апла солени Со гравче, таман, повеќе маслинки и помалце грав М, и да, најомилени ми се во комбинација со леб со маргарин и црвена буковска, малце лута. А бе деликатес
Многу сакам маслинки и најмногу ги сакам оние несолени што се. Ги јадам и другите но не ги сакам оние што се мнооогу солени (не сакам ништо солено) и не ги сакам меките, сакам тврди.
Не ги сакам, затоа може да се каже дека и ретко ги јадам. А, сега дома имам многу маслинки кој е за бујрум
Не ги сакам, ги обожавам!!! Омилени овие Зелените не ги сакам многу, освен со мартини А црнине поголемки што се моиве дома ги обожаваат, а мене ми се некако без вкус. Иако и тие ги јадам. Па и похована маслинка, СОН! Или кога ќе послужат салата јас со вилувчето или и со прсте одма прво маслинчето го земам И маслиново масло сакам, обавезно секојдневно во салата го употребуваме. Неколку пати кога сум имала проблеми со столицата и сум го јадела со супена лажица. И со него си правам и маски за лице, пилинг, купки, маска за коса и летно време со кантарион и масло за сончање. Маслинките се едни од најздравите плодови. Користете ги секако и вашето меше ги сака и вашето лице и вашето тело и вашата коса.
Не сум некој голем љубител на маслинки,ама убаво ми е особено зимно време да си намачкам маргаринче,сиренце,маслинки и чајче.Ова ми е идеална комбинација за овие денови.Највкусни ми се каламата