не сум многу по маслинки,онака понекогаш...али да мми се сојаде баш маслинки не.. мојата сестра она многу ги сака и сеогаш кога ке посакавме нешто да си купиме за јадејне таа маслинки си земаше
единствениот зеленчук што не го јадам се токму маслинките. воопшто не ми се допаѓаат по мирис а најмалку по вкус. а другарка ми јаде по една кантичка дневно, зависна е од маслинки
Јас сум во клубот на обожавачи на маслинки. А кога велам обожавачи, мислам на страсно обожавање, дури на блага зависност. Од мала ми се неизбежен дел во доручекот, па така со еден утрински сендвич можам да мавнам и пола тегла маслинки. Омилени ми се црните, тие така покрупните, а за мезе се таман и зелените со пиперче. Јас сакам да се сочни, тие сувите не ми прават мерак.
Обожавам маслинки. Најмногу тие бугарските крупни, црни, несолени превкусни.. Инаку убави ми се и оние зелените полнети со пиперка внатре..
Малку се презаситив периодов, ама претходно обожавав да ги мезам оние црните видови - дојранските и мамут.
Најмногу ги сакам оние црни и тврди. Но, еднаш дедо ми од Германија имаше донесени зелени и меки како овие горе на сликава но наместо внатре со пиперки тие беа со бадеми. Тие беа прекрасни.
ммм..Обожавам маслинки...Незнам зашто дома ги јадам само кога ќе се купат и тоа 20-30 маслинчиња..После можат да стојат со денови и да не ги приметам...Незнам зашо така А инаку сите ги сакам..Црните благи без семка,кафените соленки со семка ,зеленките со пиперка и ткн и ткн
Сите по дома ги јадеме и обавезно има во фрижидер.Дури и мачката ги јаде од пред некое време.И не бираме од кои сите ни се убави
Како мала ич не ги јадев,неможев. Ама еве сега добродојдени ми се секогаш,најмногу ги сакам оние со пиперка