Леле у Грција најдов едни маслинки,зелени, абе незнам поубави немам пробано.едно тегло сама го јадев за 2 дена. И сеа веќе немам па си јадам зелени внатре со пиперче. Многу сакам маслинки
Не јадам многу, ама кога дома нема сирење тие се идеални за да го заменат, најмногу ги сакам оние со пиперка што се внатре, ама и другите не се лоши.
Сакам маслинки, ама од оние покрупните, црни што се и што не се солени. Знам дека маслинка во суштина треба да е солена, ама овие ми се прекрасни, многу сакам да ги јадам. А некогаш сакам и средно/многу солени, зависи кога-како. Само има едни грчки маслинки, поскапички се а ситни, е тие ми се премногу солени, ич неможам да ги поднесам.
многу се солени неможам да ги јадам, дури понекогаш мајка ми ги мие за да не бидат солени ама пак истото. Не ми е јасно зошто толку ми пречи бидејќи се солени (иако јас ставам на било каков виде чорба или каво и да е солено јадење многу сол )?
маслинките ми се совршен грев во исхраната!ми одат апсолутно со се што е солено,бидејки до пред некое време не јадев сирење па ми беа замена за него..иначе ги јадам сите видови,не прибирам! кога сум била мала и моите ме носеле на некаква веселба, прво сум гледала и прашувала дали има маслинки на масата па потоа сум влегувала...талент
Многу ги сакам, баш затоа што се прилично солени. Скоро сите видови ги обожавам, оние црните, кафеавите што горчат по малку, исто така и оние со пиперче внатре. Омилен додаток ми се, во скоро секое јадење, а како што знам се и многу корисни да се јадат, добри се за здравјето.
Маслинкии...ОБОЖАВАМ!!! Посебно оние со црвена пиперка внатре. И сите други само да се цврсти. Мњамии...
Гледам некои од вас не сакаат маслинки бидејќи им се многу солени. Феминки имате алтернатива бидејќи има и несолени маслинки само треба да побарате и да сакате да купите . Јас ги сакам и едните и другите. Порано многу сакав зелени ама ги одјадов, сега сакам големи, црни, средно меки и солени. Има дури и маслинки со извадени семки и тие ми се идеални кога во нешто сакам да исецкам набрзина маслинчиња. Скептик сум била само за вкусот на зелените со пиперка внатре и не сум ги ни пробала иако ги имало на трпеза ама бидејќи многу ги фалат ќе ги пробам некогаш.
Лелелееле каде ја најдов темева ми се пријаде Ги обожаваммммммммммммммммммммммммм Јадам секакви не прибирам сите видови ги јадам многу се вкусни многууууууу
Јас да не го пишував мислењево? Само што јас не обожавам толку многу , туку вкусни се, а се друго како јас да сум го пишувала