Ги обожавам црните крупни маслинки, незнам зошто ги викаат несолени, мене баш ми се соленки и премногу вкусни, купувам 300 грама и ги мафтосувам у еден ден
Ги сакам да се тврди и црни, ама ретко јадам, често со татко ми водам војни по дома да јадам како биле здрави за се посебно за срцето ама ете не ги преферирам баш јас
Обожавам маслинки! Највеќе ги сакам кафеавите малку повеќе собрани и солени маслинк,тие ми се омилени,сум ги пробала и црните и зелените со пиперка внатре,но кафеавите малку повеќе собрани и солени маслинки ми се омилени и способна сум да изедам дури 15 такви на едно јадење,многу ми се вкусни! Сепак,јас мислам дека во се треба умереност,па и во јадење маслинки затоа што сум чула дека го качуваат притисокот ако се многу солени и со тоа автоматски тераат на многу пиење вода! Како и да е,јас многу ги сакам и ќе продолжам умерено да ги јадам и во иднина!
Ги обожавааааам! Ама највеке солена каламата. Дома ретко ги има затоа што пола кило ги јадеме на едно јадење. не сме многу, четворица