За маслиновото масло знаеме дека е многу здраво, дека е составен дел од медитеранската кујна и дека се препорачува од сите нутриционисти. Дали и колку го користите? Дали целосно обичното масло за јадење го заменувате со маслиново, или само за свежи салати? Ваши препорако и искуства?
Кај мене дома се користи само маслиново масло и ништо друго . На почетокот кога почнавме со оваа практика, беше малку чудно и не беше многу вкусно, но сега се е во ред Многу е поздраво од Сончогледовото, кое содржи разни хемикалии и предизвикува многу болести Јас би го препорачала на сите
И сончогледовото масло е здраво ако е ладно цедено. Всушност ако маслиновото не е ладно цедено , не е здраво. Со загревање на маслото се заситуваат мастите. Затоа најдобро е ладноцедено и термички необработено масло.
Зар за пржење и готвење користите маслиново масло?! Колку што знам има пониска точка на која што прегорува,па и не е толку здраво така,ефектот од маслиновото масло се постигнува само со ладно цедено и свежо конзумирано преку салати.Екстра врџн е она што е најздраво,тоа е ладно цедено од здрави плодови,а останатото е преработено и се добива од оштетени и премногу зрели плодови. Мене лично не ми е вкусно и ми се повраќа од вкусот,ама го користиме дома за салати,заедно со масло од семки од тиква и од семки од грозје.А за готвење сончогледово,но претежно не се јадат прженици,па и тоа е ретко.
За пржење само од палма е препорачливо,затоа што поднесува многу високи температури и пак не гори.Во МекДоналдс го користат за помфритот,затоа и го има тој интересен,а убав шмек. Кој може да си го набави,одлична ствар.Пред неколку години татко ми довлечка такво од пат,ама 750 мл,отиде веднаш,а му се смеевме какво ти е ова масло од палма.Не знам дали го има тука во малопродажба,не сум го сретнала до сега.
Мислам дека палмово нема во малопродажба. Инаку се користи во повеќето сендвичари. не се менува, само се додава. Маслиновот на салати обавезно. Им дава посебен шмек.
Палмовото масло го има во Тинекс, дури содржи како грутки во него, баш го гледав и се чудев што масло е . Другар мој држеше сенвичара и користеше такво масло за помфритот, поспоро испарувало, за разлика од обичното масло кое било поретко .
Ех Лилит во срце ме погоди со палмово ама за жал мислам дека го нема тука да се купи. А за маслиново незнам дали јас сум единствеиот човек но мене ме боли стомак од него кога го јадам во салата
Оооо Иренна многу корисна информација Фала Би сакала да го пробам во исхрана.....Лилит го користеше палмовото само за пржење или...????
Маслиновото масло го користам во салати и во домачни лекови( на пример една лажица маслиново, една лажица ракија и една лажица мед проти кашлање е супер). Маслиновото масло исто го користам како маска за косата доста е хранливо за влакото на косата.
Aу Кенди у тоа време не ме занимаше мене баш готвење да ти кажам право,ама затоа се искористи.Колку што се сеќавам,значително погусто е за разлика од останатите,а многу потечно кога ќе се стопли.
маслиновото масло злужи за грлото кога ќе ти се засуши ќе се напиеш 1 полна мала лажичка за мали деца а 1 голема лажица за над 13 години и служи за во лето ако сакате да оцрните ќе се намачкате со маслиново масло и ќе се сончате потоа ќе станете поисончани и ако влезеш во вода маслиновото масло пак ќе ти остане на кожа. нема потреба да се мачкате повторно
Девојки, палмово масло во малечко шишенце мислам дека сум видела во Виталис, кај што има производи на Виталија. Маслиновото масло, знам дека го бараат за здраво, ама освен понекогаш во салата, досега не сме готвеле само со него. Мене додуша ми е така малку засилно, не го обожавам. Ама за сува кожа користи и тоа како.
Маслиново масло си користиме за салати, а инаку за пржење не. А да ви кажам палмово масло има во некои големи дисконти што даваат роба на малопродажни објекти, знам татко ми повеќе пати има носено такво масло дома и тоа пакувано во канта од 10 литри, па претуравме. Ако стои на ладно се згрутчува и станува како маст, а инаку не е лошо, убаво е.
Викаат дека е поздраво маслиновото масло јас сум читала статии дека има диететско и лековито дејство.Го намалува холестеролот во крвта,спречува формирање на камен во жолчка го намалува притисокот,го штити срцето,намалува стареењето и појава на рак.Јас го конзумирам со салати најчесто.И битно е дека на кожата и дава природен сјај,а игра улога во спречување на паѓање на косата.
Ние дома користиме ладно цедено за салати, а за пржење обработено маслиново масло измешано со сончогледово. Рибата, компирчињата и било што друго испржени така примаат многу помалку масло и поубави ми се. Инаку користиме домашно маслиново масло Спојлер дечкото на братучетка ми од Грција ни носи секое лето залиха за цела година и преубаво е.
цел живот маслиново масло и не признавам ниедно друго! Имам пробано јадења приготвени со други видови на масло но и на маст, сепак маслиново си е маслиново! не разбирам како некоии можат наместо масло да користат маст, бљак!