Дома најчесто го користиме за салати а јас во последно го ставам на косата да одстои 1 час и ја мијам и косата ми е поздрава и посјајна
^За вадење шминка е многу добро. Малку ќе светнеш, ама.. Ние користиме дома исклучиво маслиново масло. За салати одамна, а за готвење од пред неколку месеци. Имаме посебно масло за салати, поскапо, и поевтино за готвење.
Се трудам што повеќе да користам од ова масло, ама има мн. јака арома, и не можеш во секое јадење да го ствиш! :/
Го мразам... Одвратно ми е.... а дома кај мене сите го обожаваат - тотално не е фер. Па мајка ми уште го купува од некој човек што го снабдува од Грција - као поефтино... Денес ни донесе човекот 5 канти ПОЛНИ! нема спас...
Најчесто го користам за да го плескам на газ Не сериозно најчесто правам пилинг од него заедно со кафе и понекогаш го ставам на косата.За јадење го користиме претежно кога правиме риба, или некое медитеранско јадење, со тоа најмногу ми иде, у салата не го сакам многу оти не ми има добар вкус.За пржење никако пошто откако ќе се загрее ги губи сите хранливи состојки, така да исто е како обичното. А и прилично е скапо за нашите домашни финансии, така да ретко го купуваме за во кујна, само јас си земам она што е од 100 ден на фитофарм. Мене за во салата подобро ми иде лененото, едно лажиче и ми дава некој специфичен вкус, на оревчиња, а пошто него го користам за сликање имам 2во1 корист од купување.
Баба ми користи маслиново масло, и тоа само маслиново масло. Сигурно затоа што останатите „не се здрави“ (според неа).
гледам колку повеке да користам во храна,иако мм не го сака јас пак од самата помисла дека е добро за здравје сакам што повеке да го има во храната
Го користев до пред некое време,откога се префрлив на ладно цеденото сончогледово од Виталиа. Го сакам во салатки,а кога готвам јас,готвам со него. Баш ми е убаво,го сакам.