Izvinete za lat. od mob sum. Maz mi kupil maslinovo ladno cedeno ama mnogu gorci, taka da stoi veke nekoe vreme celo sise. Za sto moze da go iskoristam dr osven za gotvenje
Maslinovoto maslo e dobro za se potpolno za se.nasabajle na gladno srce koj moze.sekako po edna lazicka malecka da se pie.ako ti.paga kosata stavas malku i ostojuva edno.15.min i.posle ja mies.go pojaknuva vlaknoto.vo salata e ubavo
Често го користам и тоа само и исклучиво ладно цедено, исто и јас сметам дека е едно од најздравите како и бабата на некоја од вас од претходните мислења... најубаво ми е монини, само е многу скапо, но е повкусно од другите... Само што ладно цедено маслиново не се користи за готвење. Ако се загрее над 180 степени според Целзиус се ствараат канцерогени материи во него т.е. гори... може да се готви ако ставите путер 50% и 50% маслиново ладно цедено, така се зголемува температурата на која што согорува. Сето ова не важи за процесираните маслинови зејтини, што секако не може да се споредуваат со ладно цеденото. Инаку друго масло кое е уште поздраво е кокосовото но ладно цедено исто така, но тоа во други теми.
Користам ладно цедено маслиново масло само во салата зашто како што кажа феминката погоре не се користи за готвење.Го купувам од Кам мислам дека таму е најефтино.
Одкако пробав 100% чисто маслиново масло ладно цедено во домашни услови во една дрвена машина сфатив дека овие по маркетиве немаат врска. Значи вистинското има многу јак вкус, дури и е и горко и јадењата приготвени со него имаат многу специфичен вкус. Ова низ продавнициве е најверојатно мешано со соино масло или којзнае со што, самиот човек кој го произведува ми кажа дека кога го продаваат го мешаат со соино масло...
Маслиново масло или како што грците го нарекуваат "течно злато". Го заслужило епитетот, бидејќи е докажано дека неговата конзумација придонесува во намалување на ризик од срцеви удари и конорарни срцеви болести. Истражувањето започнало 1950 година, помеѓу држави меѓу кои Италија, Грција, Холандија, Финска, Јапонија, САД и Југославија, за да повторно биде спроведено во 1988 година во Грција, бидејќи таа била лидер, посебно островот Крит и стапката на смртност била најмала од сите други држави. Жителите на Крит користат ладно цедено маслиново масло за салати, а готват со нормално маслиново масло. Најстарото маслиново дрво се наоѓа на островот Крит. Кога купувате маслиново масло, гледајте потеклото да биде од Крит, да биде колку што може свежо (extra virgin) и ладно цедено (cold extracted), да биде органски произведено и да биде во стаклена темна амбалажа. Пластичната или проѕирната стаклена амбалажа придонесува маслото да фото-оксидира (ја менува хемиската структура на маслото) и добива горчлив вкус и мириса како нешто што се раскапува.
Zitelite na Krit skoro site imaat maslinki znaci od drvoto se nose vo fabrikata I gotovo nema ni mesanje no preceduvanje .masloto e mnogu gusto I ima specificen vkus I miriz inaku za izvezuvanje mislam deka orginalnpto kritsko e vo staklenisisenca I mala gramaza. Ako Ima nekoj zaentrisiran mozes da se Nabavi no samo kanta od 15 kg
Маслиновото масло е многу здраво за сите и за се.Татко ми многу сака се што готвиме со маслиново да е но јас неможам некако тешко ми е. Еднаш му викам да купи и тој веднаш само ти речии отиде и донеса и добро поминаа ден два (тој не праша зашто сигурен беше за јадење дека го барам) и ме прашува добро со маслиново е јадењево и јас аии не какво маслиново знаеш дека неможам, и тој а зш бараше да купам па тато бе се разбира за косата(косата ми е хоби па што ке слушнам ставам) он остана па добро јас се израдував мислев ке го ставаш во јадењет. ХАХА Тоа беше добро смеење
Јас 100% го имам заменето сончогледовото со маслиново масло. Иако и маслиново одбегнувам да користам т.е. го користам во многу мали количини кога е неопходно да се стави масло во некоја подготовка на храна.
Женички, јас како тазе домаќинка од вас совет да побарам. До сега готвев на сончогледово масло, сакам да променам со маслиново. Пред извесен период проструи муабет на фб дека ладно цеденото маслиново масло станува канцерогено кога се загрева. Така да секогаш кога застанувам пред рафт да купам маслиново, незнам кое да го изберам. Дајте совет, може и слика кое го користите, а да не ми опретерети премногу буџетот?
Ели, јас готвам на обично маслиново, некако повкусна е храната и поубаво се готви. Го земам маслиновото од Кам Маркет, тоа што е 148 денари, мислам, а еден литар е. Најефтино е. А ладното цедено само за салати и готови јадења што не се преработуваат термички.
@Eli23 со ладно цедено маслиново не се готви. Купи маслиново, ама не од тоа ладно цеденото. Точно е тоа што кажа. http://migusto.mk/koe-maslo-e-podobro-maslinovoto-ili-soncogledovoto/
Сум го испробала како маска за коса, како пилинг на лице и тело, само за вистинската намена не. Ладното цедено ми дава чуден шмек на салатата, ама ќе пробам да готвам со свежото.
@Eli23 Jas go koristam na Huile d'olive go kupuvam vo zito matket i sum zadovolna no poveke go koristam za salati a za gotvenje koristam obicno no samo na Brilliant drugite mi mirisaat.
Zasto ne e golema razlika vo pari i posle rabotno vreme gledam sto e pobrzo da si odam doma ,obicno oblekata e poevtina i redoven musterija sum za toa.