Маслото од чајно дрво потекнува од Австралија и е познато како ефективен лек за третирање рани, акни, брадавици и израстоци и сл. Исто така се употребува и за нега на коса. Купив пред некое време по препорака со цел да отстранам една брадавица, а имам и проблем со акни на лицето во последно време, но сеуште не сум почнала да го користам. Може ли да споделите искуства, дали го имате користено, за што, и колку ви помогнало?
Користам масло од чајно дрво со години. Го користам за многу работи. Капнувам по неколку капки во маска од зелена глина. Ставам во масло од рицинус или чичково масло за масажа на коренот на косата. Го ставам во масло од кантарион за побрзо зараснување на рани или лузни. Понекогаш го мешам со кремата или маслото за лице. Неразредено со памук го ставам директно врз акни. Маслото од чајно дрво има силно антибактериско, антисептичко и антиинфламаторно дејство. Јас го сметам за едно од најдобрите средства за третирање на било какви кожни проблеми.
Денес го пробав, ставив на една акна на лицето па ке видам дали ке има некаков ефект. Инаку, има многу силен, тежок мирис, цела куќа мислам замириса од една капка.
ЈАс во еден шампон ставав кокосово масло и АД капки за да има поубав ефект. Пак сега сакам да направам па да прашам дали е ок затоа
Маслата подобар ефект ќе имаат ако ги употребуваш како маска пред миење на коса да стојат неколку часа Баш за масло од чајно дрво не сум прочитала никаде дека се употребува за коса,имам користено кокосово и маслиново за коса
kala21 затоа и јас прашувам пошто не знам Ке си земам ако не ке го измешам со крема за лице, така со АД капки правам ги ставам у кремата и ете ми.
Покрај ова од еси, Имате масло од чајно дрво од галафарм. Многу е убаво и мене лично многу ми помогна околу акните. Цената му беше до 100 ден што е доста помалку од тоа од еси.
Јас веќе две години некаде го користам маслото од чајно дрво на Боди Шоп. Ептен ми помага во контролирање на акните, веднаш ги суши. Топло го препорачувам, вреди за секој денар.
Не е како другите масла, не се нанесува на цело лице. Многу убаво е објаснето неговото влијание и предноста во првите неколку постови. Не се користи за хидратација, туку (најчесто) за третирање на кожни проблеми. Јас на пример со него третирам акни и скалп. На цело лице никогаш не го нанесувам самостојно. Нанесуваш директно на засегнатото место (значи не по целото лице) и оставаш да делува преку ноќ.