Масло од чајно дрво

Дискусија во 'Лице' започната од SofiMar_, 27 април 2017.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.169
    Пол:
    Женски
    Ова ли е?
    [​IMG]
    Ќе го пробам, ми се потроши ESI, ептен сум за ново шишенце зашто многу го користам и јас маслово.
     
    На Moon2255 и MissChievous им се допаѓа ова.
  2. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Го купив маслото на еси, со која крема би ми препорачале да го измешам за секојдневна употреба? Почнав да го користам самостојно директно на акните. Инаку имам сува кожа, со многу црнки на носот и брадата и ситни поткожни на челото како и бубулици кои се појавуваат пред циклус
     
  3. CinnamonBambi

    CinnamonBambi Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    465
    Пол:
    Женски
    Ако имаш сува кожа не знам дали би ти препорачала на цело лице да го користиш. И јас го ставам директно на акните по една капка и приметувам после 2-3 дена дека тој дел од кожата се исушува (можам да го излупам), така да го избегавам за поголеми површини.
     
  4. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.879
    Допаѓања:
    18.001
    @WhiteAngell Јас користев пред 2 години мешавина на аргановото масло на Fleurance Nature и маслото од чајно дрво на Еси.
    По совет со @Biodevojka на цела амбалажа (50 мл) ставив 6-7 капки.
    За во крема која што ти е погодена претпоставувам би можела неколку (4-5) капки да ставиш.

    Ја означив погоре Биодевојка, па се надевам кога ќе прочита ќе ти помогне. :)
     
    На WhiteAngell му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BelieberYeahh

    BelieberYeahh Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    2.208
    Пол:
    Женски
    Кое според вас е најдобро масло од лајно дрво и како поточно се користи за нега на коса? На мајка ми и препорачаа за отстранување на брадавица, па сакав да го пробам и за коса, но читав дека сушело акни па ми беше страв да не ми се појави перут ако го ставам на коренот. И исто така доколку треба да се меша со друго масло, кое е најдобро?
     
  6. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Има некој што го користи маслото на ESI? Ме интересира дали местото на апликација треба да се измива? И колку е ефикасно?
     
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.052
    Пол:
    Женски
    Јас го користев за ноктите. Не се одмива. А за ефикасност не можам да ти кажам. Само месец го користев. Ама слушнав муабети дека е доста ефикасно. На другарка моја и помогна.
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  8. babydust

    babydust Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2017
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    1.700
    Пол:
    Женски
    Сум го користела маслото од чајно дрво на ESI конкретно за акни на лицето.Го нанесував со чепкалка за уши директно на акната неколку пати на ден.Беше доста ефикасно.Не се измива.Мислам дека кај Биодевојка го прочитав и таа многу го пофали.Не се нанесува на големи површини затоа што е јако и концентрирано.
     
  9. temily

    temily Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2015
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Да ви го кажам моето искуство со масло од чајно дрво на Фармаси.
    Мачкам директно на акните и масирам додека да упие и за неколку дена акните ги снемува. Исто така имав израсток на прстот, да го наречам тртка и за една недела се повлече скроз. А го имав можда една година. Истото се случуба и со израстоци мевца по цело тело. Го препорачувам на сите што имаат слични проблеми. Поздрав
     
  10. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    А го миеш после местото? Моево мириса, корне, особено на лице кога го ставам.
     
  11. temily

    temily Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2015
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Не го мијам, убаво освежува и лади, не е многу јак мирис. А може и после 2-3 минутки да се нанесе ноќна крема на лицето и колку толку ќе мириса поубаво.
     
  12. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Да,го користев во Мк.Не се измива,мене ми помагаше многу за акни.
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Macito007

    Macito007 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    543
    Допаѓања:
    2.491
    Пол:
    Женски
    Да прашам дали може да се користи за брадавици кај деца?
     
  14. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Мислам нема да помогне, зависи колкаво е детето и дали може да издржи печење за да пробаш.
     
  15. BelieberYeahh

    BelieberYeahh Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    2.208
    Пол:
    Женски
    Мене многу ми помогна конкретно тоа на ESI. Имав hypertrophic scar (се извинувам, не знам како се вика на македонски) на увото кај што имам ушник на 'рскавицата, го користев околу 3 недели и целосно ми се повлече, само морам да напоменам дека ако се користи подолг период треба да се прават паузи поради тоа што е многу јако и мене пред да престанам да го користам, тој дел од кожата ми беше многу сув и ми се лупеше. Исто така на нозете имав лузни од поткожни влакна, тука го нанесував во комбинација со кокосово масло и лузните скоро и да ми ги снема, но уште го користам. Сега зависи за што ти треба конкретно, но од мене имаш голема препорака.
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Macito007

    Macito007 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    543
    Допаѓања:
    2.491
    Пол:
    Женски
    Денеска пробав ставив малку.
    Не имаше ништо реакција ( не ја печеше)
    Ќе ставам по малку некој ден па ќе пишам дали има ефект некој.
     
  17. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.741
    Допаѓања:
    3.556
    Пол:
    Женски
    Дали е во ред ставање на масло од чајно дрво на поткожни акни?
    Сакам да го купам од фармаси маслото од чајно дрво ама не се разбирам многу во овие работи, имам дилема. Пишуваше дека тоа масло е антибактериско меѓутоа малце ми е чудно на масно лице со акни да се става додатно масло? Некој да ме просветли?:rofl:
     
  18. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.435
    Допаѓања:
    96.478
    Не знам колку е правилно да го користиш за поткожни акни и колку помага за истите , ама маслото од чајно дрво за масно, не е масно. Некомедогено е и не затвара пори.
     
    На x-MajaEsposito-x му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.852
    Допаѓања:
    5.192
    Пол:
    Женски
    Маслото од чајно дрво всушност е етерично, ароматично масло и е доста јако за кожа и поради тоа се избегнува од дерматолозите. Јас би ти препорачала медицински препарати наместо од Фармаси, Тоанде, Авон и сл. За поткожни акни миење со Акнефуг и Ла рош ефеклар дуо+
     
    На x-MajaEsposito-x и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  20. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Дерамтолози не го препорачуваат. Акнефуг како погоре што кажаа. Ако ретко ти излегува по некоја доста ќе е ова како spot treatment. Ако е поголем проблем, ќе треба дополнително третирање, најдобро преку дерматолог.
     
    На x-MajaEsposito-x му/ѝ се допаѓа ова.