Јас со години си користам масло од чајно дрво за вакви тврдоглави акни. Ги извлекува побрзо и го смирува местото. Ако ти се јавуваат по 1-2 некогаш, ќе ти заврши работа. Ако проблемот со акни е посериозен, тогаш барај друга алтернатива. И не го нанесувај на цело лице затоа што навистина нема потреба. Капни малку на чепкалка и помини преку акната само. Јас го имам маслото од ESI, во Зегин е околу 200ден и мислам дека е далеку подобар избор од тоа на Фармаси.
Здраво, дали користите чајно дрво неколку капки во дифузерот на пареа? И дали смеј будејќи едното дететнце ми е скоро една година а другото 4. Ви благодарам
Сега е добро. Ноктите не ми се кршат. А ми ги снемува и жолтите линии. Треба редовно да се користи. Јас користам секоја вечер, по 3 капки. И го тријам на ноктот.
На цел нокт? Јас ставам околу и на кутикулите пошто имам гел лак, па ми е страв да не ми изгубат сјај. Или нема врска? И морам да признаам дека мириса прелошо, ама ако делува ќе прежалам.
Јас го користам за ноктите на нозете. Лошо мириса, ама има ефект. За ноктите на раце не знам како е. Не ставан гелни нокти.
И јас го користам за нозе пошто ми пукаат и ми се кршат. На нозе имам гел лак. Вака не гледам дека ми изгубиле сјај, исти се, ама да си прашам.
Маж ми не го поднесува мирисот. Јас во купатило нанесувам од маслото. Не само чорапи..... И пешкирите ми мирисаат