Здраво на сите! Колку сте запознаени со постдипломските студии во областа на Францускиот јазик? Дипломирав Бизнис Логистика пред неколку години па ме интересира дали на основа на тоа можам да запишам Мастер Француски и Англиски на пример и на кој Универзитет, што како? Фала однапред!!❤️
Можеш кај Францускиот институт во Скопје да полагаш делф/далф и тоа директно за степенот што ти треба. Се плаќа минимална сума (ѕирни онаму во ценовникот) и ти важи доживотно степенот за кој си полагала, што не е случај кај тестовите за англиски. Не би ти препорачала доколку немаш претходно познавање од францускиот јазик, бидејќи и не е баш така едноставен. Има стипендии за мастер студии во Франција преку Францускиот институт (доколку положиш делф/далф т.е не е задолжително, но приоритет имаат студентите со положен B2 француски јазик). Разгледај, распрашај се по студенти што студирале или студираат. Можеш да продолжиш во областа на економијата, но студиите ќе ти бидат на француски јазик (ова конкретно за Франција). Ова е она што го знам ама не знам дали ќе ти помогне оти не е за во Македонија. Доколку ти се потребни некои насоки за јазикот обрати ми се во лична порака. Доколку евентуално ти треба само положен француски јазик, доволно ти е делф/далф. https://www.ifs.mk/les-avantages-du-delf-dalf/
Делф и даф е еден испит или различни се? Се полагаат по степени А1, А2, В1.. или тоа е еден универзален испит? Дали во француски институт има подготвителни часови?
@Seli20 1. Делф ти се од А1 до Б2. Далф ти се Ц1 и Ц2. 2. Можеш директно да полагаш за тоа ниво за кое мислиш дека си спремна (и ти важи постојано т.е цел живот). 3. Има подготвителни часови (1 час: 1 100 ден; 5 часа : 5 100 ден; 10 часа : 9 500 ден. еве пример за индивидуалните часови, овие цени ги имаат истакнато), но не значи дека ти се задолжителни туку можеш и сама да си се спремаш.