Слушнав дека имало некоја мстика за слабење демек ако ја џвакам нема да ми се пријаде.Ако некој знае за ова а мастика или има пробано нека пише што како и од каде може да се купи. [mod-tekstuv5znqi][/mod-tekstuv5znqi]
Мастика за слабенје Другарка ми ги користеше, Мотив се викаат, ги има во аптеки незнам колку пари беа,не беа скапи, ама немаше никаков ефект кај нејзе,може дека малце време ги користеше или пак зависи од организам кај секој различно делува
Мастика за слабенје Е јас ги имам џвакано, сестра ми ми ги даде , врка немав дека биле за слабеење. Изџвакав едно пакетче кога почнав да се топам, грам салце на мене не остана. Освен што се гадни и одма губат вкус, како оние Касандра-мастиките со сликичка, друг ефект немаат.
Мастика за слабенје Mислам дека 150 денари беа другарка ми ги купи ама врска немаат ги џвака и мисли што да јаде абе лажи пара се
Хехе свашта бе, што ли не ќе измислат п.с.Една колешка нешто кажуваше такво пред некое време, ама јас мислев дека има сонувано нешто - ама ете, вистина било
ја да ви се пофалам дека си имаме историја со мастикиве ги видов и викам ај да ги пробам од кај знаеш. А продавачката во аптека уште ми даде едно пакување гратис (уште не знам зошто, може мислела треба повеќе да ослабнам а и она не беше манекенка) во секој случај таму пишува од 3-5 на ден и демек те заситувале и ти помагале да не јадеш бидејќи нели имаш мастика да не грицкаш меѓу оброци е ја си најдов финта ја вадиш мастиката и си јадеш жива глупост е ова женски подобро орбит купете си барем убав вкус имаат а не овие некој безвезен глуп вкус
Aбе ве залажуваат, знаеш џвакаш и викаш хммм нема да ми се јаде. И пак после 5 минути си викаш да да нема да ми се јаде. Или пак ми се јаде??? Абе ми се јаде! Не бе не, не ми се јаде. И на крај цревата крчкаат, а ти се тешиш дека сепак има ефект. Ама нема, ја плукаш мастиката. И го отвараш фрижидерот Подобро обична мастика земи, нема да ја мислиш, ни на психа да ти оди тоа МИ СЕ ЈАДЕ, НЕ МИ СЕ ЈАДЕ...има ли ефект? Џвакајки ја неа 100 пати помислувате на јадење сигурна сум!
И Орбит да речат дека се за слабеење,сите ќе ги џвакаат и веднаш ќе им се одјаде. Знаеле како да работат со психа мамата. Ако си гладен-не јади. Каков слоган.