Здраво на сите Некој да не има купувано или барано мастило за наливперо по Скопје? Патрони со мастило се наоѓаат од време на време ама мене ми треба мастило во шишенце. Пенкалото ми е од типот што се полни со мастило, не со патрони а ми се смачи да купувам патрони и да ги цедам во пенкалото. Секој одговор го ценам
Мастила има во Графотекс. Пеликан мастила имаат, одлични се. Разгледај на сајтот, а можеш и на телефон да им се јавиш, па директно да се договориш за подигање. Исто и во Офис Плус имаа Паркер мастила, само имаше некој дефицит па тешко се начекуваат во последно време.