Мастит

Дискусија во 'Бебе' започната од captivating, 7 февруари 2014.

  1. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    458
    Како да знам дали имам маститис?
    На левата града приметив дека имам грутка кога се осеќа повеќе за време на доење, како се празни градата се повеќе можам да ја осетам.
    А на десната града кога цица осеќам некоја тапа болка, како да има некој канал од кој влече на празно.
    Брадавиците ми се вцрвенети и градите како да ми се потопли од обично.
    Можно е да е мастит?
     
  2. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    73.896
    Пол:
    Женски
    под топол туш застани или стави затоплена крпа на градите, масирај, да се отпуштат каналите и молзи или бебето стави го да цица.после подој лист од зелка да ја земе температурата.повторувај го ова цел ден повеке пати ке ти олесни да не дојдеш во ситуација антибиотик да примаш.
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    395
    Доколку осетите дека имате многу насобано млеко(а бебето не може да го исцица) можете да ја ставите градата над тегла-на пример со многу топла вода.Од самата пареа млекото почнува самото да тече.
    Ова ми е испробано и навистина функционира.
     
    На Antebellum, Saraa и thebabylover им се допаѓа ова.
  4. Yeats

    Yeats Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    66
    Јас добив мастит на почетокот. Ми се појави црвенило на градите, орво на едната а потоа и на другата. Ме болеа многу особено едната што ми беше разранета. Една вечер седнав да се измолзам бидејќи чувствував дека има вишок млеко и забележав жолтеникаво во млекото.Имав и температура 38. Бев на лекар и ми препишаа антибиотик. Инаку, бебето не исцицувало се на почеток и задолжително е одмолзувањето. Во спротивно застоеното млеко може да застане во каналите, може да се запушат и да загнои. Ми кажаа бебето да си цица не било штетно за него. На мене најмногу ми помогна топол туш секој ден по двапати, се одмолзував почесто и навечер ставав облоги од лист од зелка. Одморот е задолжителен, нека го причува бебето некој а ти одмори се, поспиј на грб.
     
  5. mihael4u

    mihael4u Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    22
    женски јас имам многу малку млеко и малата цица како на ирачка, на едната града имам топпче и многу ме боли бев на преглед и матичната ми рече дека е мастит и ми закажа мој термин ама за 2месеци, исто така ја чудеше тоа што немам млеко а имам мастит и рече можи да е циста.. е сега кажетеваше мислење мене 2 месеци не ми се чека ако треба ке си закажам ехо и ренген во Плидност.. вашиискуства со мастит или циста??фала
     
  6. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    73.896
    Пол:
    Женски
    колку што знам кога имаш мастит градите се топли и болни,местото тврдо,температура се јавува.ако ги имаш овие симптоми тогаш тоа е.и не можеш да чекаш толку време.пробај со топли облоги на градата и ли со масиранје под топол туш да ја разбиеш грутката а потоа лист од зелка ставај ја зема топлината.може да е само затнато каналче кое бебето не го испразнило со одмолзуванје и топло на градата ке си помогнеш.
     
  7. mihael4u

    mihael4u Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    22
    ти благодарам на советот WORRIED.BT сепак закажав преглед на приватно во ПЛодност кај др Ристески, па ке пишам како ке поминам дај боже да не е нешто сериозно, инаку ги практикувам овие совети..
     
  8. џунџуле

    џунџуле Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2016
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    1.447
    Пол:
    Женски
    Сакав да прашам дали некој примал антибиотик за мастит додека се уште бебето цица и кој антибиотик
     
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.155
    Допаѓања:
    65.163
    Пол:
    Женски
    Cefaleknsin, si cicase sinko imase 1ipol 2m... :)
     
    На џунџуле му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    25.305
    Devojki da si prasam tuka, ako nekoj ima iskustco neka pise! Znaci jas ne dojam veke 10 meseci a i dodeka doev nemav mnogu mleko poslednite meseci davav i ad, koga prestanav nemav nikakov problem nitu me bolea gradite nitu imav mleko koga ke se stisnam. Seda veke 2,3 meseca kako imam problem so ednata grada non stop me boli ( poveke me pecka kako vospaleno ) mi se sluci na dva pati koga sum bez gradnik da zabelezam kapka mokro na bradavicata. Da napomenam od taa grada davav pomalku da cica zasto nemav bradavica na nadvor i mnogu bolese a mleko imase poveke od dr. Bev kaj maticniot vcera rece deka zlezdata sto ja pipa vnatre e pogolema od dr.grada i mi dade da pravam ehografija za koja mi zakazaa vo dekemvri. Prasanjeto mi e: Dali moze da se dobie mastit posle tolku vreme?? Znaci gradata ja osekam bas kako da ima mleko a dok.proba ne izleze nisto.
     
  11. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.385
    Допаѓања:
    6.441
    Ако сакаш да стимулираш лактација се стават топли облоги и топол туш.Маститот е воспалене, па според тоа ладни облоги.
    Јас досега три пати фатив од кои еден тешко го решив оти ми беше прв пат и мислев дека е грип,коски ме болеа,температура,главата и немав силна болка во градите освен грутка.Откако кажаа што е со ладни облози и измолзување за ден се повлече.Не ѓи почнав антибиотиците кои ми ѓи препишаа.
    Наредните два пати поучена од претходно на време интервенирав и не залегнав многу, освен не многу висока тт.
     
  12. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    25.305
    Dodeka doese ti se slucuvase toa ili i potoa? Sakav da znam dali moze da dobies i ako ne does?
     
  13. џунџуле

    џунџуле Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2016
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    1.447
    Пол:
    Женски
    @Monella ne sum imala vakvo iskustvo, se nadevam ke nemam, no mozno e da se sluci.zlezdata povtorno da laci poradi hormonalen disbalans. izmasieaj se nezno pod topol tus so kruzni dvizenja, nema steta od toa, cisto da ne ostanala nekoja grutka mleko. Napravi go toa nekolku pati pri tusiranje.
    Poskoro da se sredi probkemceto pa pisi sto si napravila.
     
  14. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    13.444
    Пол:
    Женски
    До едната брдавица, т.е. до.ареолата ми е црвено и птеченко и имам како.грутка на допир се чувствува. На истата града ми беа запушени каналите.првата недела.откако се.породив, (сега сме веќе седум) имав и тт, ама.со.одмолзување листови од.зелка и топол туш помина. Сега се појави ова. Немам тт, немам симптоми како претходно, ама се прашувам дали е мастит. Му дадов на мали од таа да шмука повеќе а во меѓувреме и одмолзувам. Да се масирам ептен е незгодно местото немам како. Што мислите, дали е мастит, т.е. дали кај мастит се вцрвенува местото и набабрува како отеченко?
     
  15. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    4.492
    Допаѓања:
    21.088
    Пол:
    Женски
    @kikin мислам дека при мастит местото е мазно и тврдо, дури и кожата како сјајна се прави. Ова од слики и што имам читано, и јас имав еднаш искуство ко твоето. Јас масирав под жешка вода, млаз од туш, и се пушти каналот почна да тече млеко, ама и болка имав на местото.
     
  16. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    13.444
    Пол:
    Женски
    Даа, ме боли дури и при допир. Ок значи жешка вода ќе пробам. Tnx
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.155
    Допаѓања:
    65.163
    Пол:
    Женски
    Мене баш таму ми беше, до ареолата одма и тоа јас не приметив матичната ми рече соблечи се да видам да не е мастит (зашто јас мислев болна сум дека со тт), беше тврдо и розево местото околу, потопло од другото место на градите. Како што вика Кики така, исто можеш и затоплена тетра пелена со пегла или на радијатор и стави на града и по некое време молзи, да не се тушираш на секое и зелка ставај си.
     
    На Antebellum и kikin им се допаѓа ова.
  18. Kom.pot

    Kom.pot Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    1.377
    Морам еден совет да ви дадам на сите за жал од лично искуство.
    Многу внимавајте со градите кога ќе забележите грутка и надворешно црвенило. Доколку не се повлече за 24 часа со масажи, зелки и сл. ЗАДОЛЖИТЕЛНО одете на доктор да ви препише антибиотик кој може да се пие со доење.
    Јас имав грутка и почна веќе да ми се прави од надвор како црвенило, кренав и тт, и цело време правев масажи под топол туш, зелка , се молзев и грутката не се намали. Кога појдов на болница ми кажаа дека запушениот канал загноил, се направил апцес и мора да се собере гнојот на едно место за да се направи инцизија. Не морам да потенцирам колку беше болно.
    Бидејќи беше многу напреднато, морав да примам антибиотик со инфузија за побргу да делува. Скоро 2 недели секој ден одев на инфузии и вечерта пред да одам на инцизија, гнојот истече самиот, па не мораше да се сече, туку одев само на преврски. Секој ден ми
    Го чистеа со хидроген и бетадине, исто ужасно болно. По некое време ранаа се затвори и заздрави но сега имам лузна голема.
    Не сакам да ве плашам , ни да кревам паника, напротив постов го напишав бидејќи не сакам никоја друга да ги помине истите маки како мене.
    Мојов случај многу ретко се дешавал, ама добро е да се знае дека маститот може да развие и апцес.
     
  19. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    13.444
    Пол:
    Женски
    Искрено, мене ми е повеќе од 24 часа и не се повлекува. А да одам на гинеколог, на его гледаат дали е загноен?
     
    На Pepa B.. и Antebellum им се допаѓа ова.
  20. Kom.pot

    Kom.pot Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    1.377
    А црвено ти е надворешно?
    Јас бев на гинекологија, таму само со рака ми го проверија и ми дадоа упут за ехо на гради, кај мамографија што се прави и таму со ехо ме гледаа.