Мајка почни антибиотик со време. Јас така прво црвенило и болка додека отидов на лекар после 1 ден ми се направи грутка. Абцеси исто немав ама грутка ми се направи во еден ден. Е сега бебе тогаш беше две недели. Температура имаш? Има безбедни антибиотици за време доење, јас панцеф пиев. Прашај и доктор уште еднаш најдобро, мое мислење е дека треба да не си направиш полошо.
Немам температура па затоа си реков да не може самото од себе да помине без антибиотици.. сега брзо пиев поради друга причина и затоа сакав да ги одбегнам
Дали после мастит ви се намали значително млекото од таа града? Читам дека може да се случи такво нешто па ме интересира после колку време ви се среди пак лактацијата? И дали е нормално? Се нервирам многу едвај 10 мл вадам, а вадев многу повеќе. Исто ме загрижува дали се средил или штом не тече млеко уште има некој проблем.
По трет пат со иста мака, мислам дека го замразив доењето од вакви работи. Вчера почна да ме наболува едната града, научена пд претходно - одма почнав со зелка, топли облоги и масажа на градата под туш. Цел дем бев со треска и ужасна главоболка, без температура, пиев парацетомоли и кетонал, но еве ден два а ситуација иста. Претходните пати се извлеков без антибиотик и сега се мислам што да правам, дали антибиотик да си олеснам или да истрпам. Како се разликува мастит од затнат млечен канал, знае ли некој? И после колку време треба да осетам подобрување доколку не земам антибиотик. Фала ви многу друштво
Ко што знам затнатиот канал претходи на мастит. Ако немаш тт и не ти е црвена градата немаш, ко печат црвен се прави.наведни се во половина и масирај ја така градата, исто протреси ја. Пред подој топли облоги, после подој ладни и бебе со брада да е свртено накај местото што го осеќаш. Со лесно мајка.
Мајки јас во ниедно време од ноќта нешто ме мачи. Имам мало бело топче (како бубулка со гнојче што личи за стискање да е) на едната брадавица..мислења дали знаете што е?
Мајки, имам како грутка на градата, веројатно затнато каналче, што да правам како да си помогнам? Млеко малку излегува од таа страна..
Топол туш и масажа на грутката, додека да се разбие. Може да е болно ама ќе стиснеш заби мора да разбиеш да не ти се комплицира. Пробај и со пумпа и рачно да измолзиш. И бебе почесто на таа града.
zdravo, jaa dobiv mastit i piev antibiotici, zinat edna nedela, i doetinex za da prekine mlekoto. bidejki terapijata mi ja dadoa na urgenten, bev so temp, malaksanost povrakanje se komplet... ne mi kazaa sto ponatamu, dalictreba kontrola i slicno.. mene mi ostana grutka vo gradata i nema sansi da s eizvadi, deka dostineksot mi go prekinaa mlekoto. Ama i onaka mi rekoa deka ne treba da se izmolzuvam zosto ke se stvaralo.celo vreme mleko. Sto da pravam sega so grutkata.. sama li ke iscezne?
Прочитав неколку мислења, но како мојот случај не најдов. Бебе е 15м., а јас фатив мастит. Не ми е јасно како може да се направи мастит после толку време. Градите ми се меки цело време, бебе цица само навечер, за викенд многу ретко, ама и тоа веќе неколку викенди вешто го избегнувам. Не паметам од кога сум немала големи полни гради, можно е кога бебе имаше 3м. да е последно. Ми даде терапија, ама ми спомна после 5-от ден да правам мамографија, а можно и биопсија. Некоја имала ли вакво искуство, толку доцна во доенечки стаж да фатила мастит? Ми спомна за одбивање, а тоа не ми е во план наскоро.
Не знаев каде да пишам. Почнаа да ме маваат некои црни мисли. Ќере има 2 год сеуште цица. Пред околу 1 месец имав мастит на едната града. Матичната само ми ја виде градата и не ми потврди. Ама според симптомите тоа беше. Имав температура, треска, болки во телото и болка при допир на градата. Антибиотик не добив со зелка и масажи се среди. Еве ме сега деновиве другата града, мислев почнува пак мастит и реков ајде да спречам. Почнав со масажи и одмолзување. Еден ден и зелка ставив. Ама после баталив. Зошто јас луѓе немам температура, немам треска ни црвенило никаков симптом од мастит. Ама ме болеше градата во близина на ареолата, реков ајде може тука имам грутка. Масирав да разбијам. Млеко си течеше. Арно ама брадавицата ме боли, и ќере кога цица ме боли. Ова трае неколку денови не поминува ,на кој доктор да се обратам? Се зачитав за некаков апцес и ме фати страв. Кои се симптоми за апцес? Треба да имаш температура? И ќере од таа града како да не цица баш, повеќе седи па малку ќе повлече некогаш голта некогаш делува како напразно да влече, и после сака од другата страна да цица, таму цица убаво.
Zdravo, Znaci imam bolka vo desnata grada,nemam grutka ni crvenilo samo ostra jaka bolka, me fati panika staviv list od zelka i se masirav, se plasam da ne mastit dali ste imale vakvo iskustvo do sega.
Кој доктор треба да ме прегледа и да ми даде антибиотик за маститис општ матичен или матичен гинеколог? Ништо не ми помага веќе три саати мм ме масира, жешки облоги тушеви, молзење одвај неколку капки излегуваат цела града ми е со грутки