Математика задолжително на државната матура

Дискусија во 'Образование' започната од sakee, 22 февруари 2015.

  1. sakee

    sakee Нов член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Шо мислите за математика матура задолжително се согласувате?
     
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    5.005
    Допаѓања:
    24.852
    Пол:
    Женски
    Според мене целата Матура е глупост, треба како порано што било да има Приемен испит на секој факултет кај што ќе се запишуваш.
     
    На LittleChili, daylight, MaryAntoaneta и 3 други им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    16.660
    Допаѓања:
    104.034
    Пол:
    Женски
    Тешко Мила освен ако си гениј.
     
  4. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    4.816
    Пол:
    Женски
    Поголема глупост не можеа да направат значи,добро на иста бранова должина се со овој државен испит за студентиве што го воведоа.
    Што ќе им е на овие на филолошки математика бе? Глупости,глупости...
    Искрено јас не знам од кај да почнам да учам,веќе почнав со курс. Али џабе бре луѓе.... Џабе.
    Кој знае колку ќе биде тешко,па како што кажуваа предходната година ем не им беше нели задолжително дигитрони глупости се им зеле.
    Не знам страв ми е многу.
    Инаку од прилика ако ве интересира задачите ќе биле формирани од прилика вака,цел материјал од прва година и втора,од трета темата за точка,права,рамнина и веројатност,и четврта тие Аритметичка средина и предпоследната тема што е :)
    Работава ни е #ХаосПи*кеЛудило...
    Земај пасошот и бегај си од дражавава.
    Толку.
     
    На daylight и Valerin им се допаѓа ова.
  5. sakee

    sakee Нов член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Oti nisto ne predzemame
     
  6. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.263
    Допаѓања:
    1.509
    Не превземаме пошто сме плашливци и мрзи и уште не знам што друго.
    Пошто чекаме министрине да ја укинат математиката за полагање матура.
    А,математика треба да се исфрли од полагање на матура како задолжителен предмет затоа што прво оние од математичките смерови прашање е дали ќе ја положат математика со 5ка(познавам лица кои биле со сите петки,математички смер,а ја положиле со двојка)па затоа прашање е ако тие имале двојки што ќе имаме ние од другите смерови,второ математика е до некаде специфичен предмет кој според мене,не е логично да го знае секој и трето зошто ми е математика ако одам на факултет каде воопшто не ми треба математиката?Зошто да ми паѓа просек од матура од оцената по математика кога сум можела да полагам некој друг предмет и да извадам повисока?

    Али то е.
    |(
     
    На Someonespecial и citiesinflames им се допаѓа ова.
  7. love.a7x

    love.a7x Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    112
    Зошто толкав проблем ви претставува математиката? :^)
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    53.806
    И да превземете „нешто“ нема да Ви се усвои!!! Овој начин на полагање државна матура е актуелен веќе седум години... Постариот син беше прва генерација што полагаа - два предмета екстерно и три предмета интерно ... Две - три генерации пред оваа прва генерација (1989/1990) што полагаше матура, штрајкуваа, протестираа и неполагаа... Ова незначи дека генерацијата 1989/90 не го правеше истото, но тогаш од министерството за образование рекоа „готово е, од оваа година ке се полага матура“!!! И така бидна... Така да мислам дека истото ќе се случи и со полагањето математика. Но сепак треба да се „борите“ не само генерацијата што треба прва да полага, туку и сите идни генерации...
    Јас сум мајка на средношколец и сум против полагањето математика во склоп на државната матура!!! Не секое дете има „дарба“ за математика!!!
    Душо, математиката не е проблем за мал дел од средношколците - останатите можеби нема да положат од прва, некои ќе си го намалат просекот со некоја послаба отценка... А богами и професорите по математика ќе имаат „полни раце работа“ и ќе заработат „плус“ ( секако на тие пари нема да платат данок)!!!
    @love.a7x очигледно немаш проблем со математика!!! Но, сепак, во знак на другарството, треба да им се придружиш на твоте другарчиња од генерацијата кога ќе протестираат против полагањето математика во склоп на државната матура!!! :)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  9. love.a7x

    love.a7x Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    112
    ^ Зошто баш математиката е најголем проблем, зошто не е македонски, или англиски јазик?
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    1.843
    Допаѓања:
    7.578
    Пол:
    Женски
    Математикта е проблем, тешко е треба да решаваш, па геометрија корења.
    Јазик е сто пати полесно од математика.
    На полугодие само таа ми беше 4 другите петки дите.
     
    На daylight и sakee им се допаѓа ова.
  11. sakee

    sakee Нов член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Македонски а англиски барем тројка се вади сигурно има еден куп деца со математика нисто не знат
     
    На daylight и angelche16 им се допаѓа ова.
  12. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.994
    Епa некoј кaкo штo не гo бивa зa мaтемaтикa, друг не гo бивa зa јaзици. Oти јaзиците дa му гo уништувaaт прoсекoт зa нa фaкултет штo не му се пoтребни? :)
    Мaкедoнски се вaдaт трoјки леснo oти се нештo штo мoжеш дa седнеш, дa нaбубaш и дa зaбoрaвиш зa еден месец.
    Зa мaтемaтикa требa дa рaзмислувaш лoгички. И aкo те мрзелo дa ги учиш oснoвните рaбoти вo oснoвнo, кoлку и дa си јa трескaш глaвaтa немa дa нaучиш вo среднo.
    Зa дa бидеш дoбaр вo јaзик или мaтемaтикa ти се пoтребни рaзлични интелигенции, ретки се тие штo ги бивa и зa јaзик и зa мaтемaтикa и збoрувaм вистински дa ги бивa, дa рaзмислувaaт тaкa, a не сaмo дa нaбубaaт зa нa тест.
    И зaтoa не гледaм причинa, aкo имa мaтурa(зa кoјa сум прoтив) дa гo имa едниoт предмет, a другиoт не.
    Не требa дa гледaте нa oвие предмети кaкo мaтеријaл штo требa дa се нaучи oнaкa, туку кaкo предмети штo ве учaт дa рaзмислувaте, a и двaтa предмети гo прaвaт тoкму тoa.
    Зaтoa сум прoтив мaтурa, еднoстaвнo рaзлични луѓе ги бивa зa рaзлични рaбoти, пoaрнo дa имa приемни зa нa фaкултет oткoлку дa ни влијaaт вo пресекoт предмети штo не не интересирaaт.
     
    На MaryAntoaneta, cresa-jagoda и crimson им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.048
    Допаѓања:
    160.510
    Пол:
    Женски
    Како прво, не се согласувам воопшто со државнава матура, подобро би било полагање приемен испит конкретно во оној факултет кајшто ќе се запишуваш... али нема врска, не е тема на муабет и одамна е беспредметно да се зборува за тоа.
    Настрана тоа, ај некако да го сфатиш досегашниот концепт, мајчин јазик што секаде ќе ни треба, плус еден странски или математика според способности и идеја што ќе ти треба за понатамошната ориентација.
    Ама од задолжителнава математика мислам дека поголема глупост нема (уствари, да чукнам од дрво оти којзнае за какви уште закони може да бидеме експериментални глувчиња додека да завршиме факултет... |( ).

    Секој го бива (ама онака вистински, да го влече и не само за оценка да учи) за различна сфера на науки, а државната матура штом веќе постои како таква, треба да содржи нешто општо кое ќе може да го научат сите и ќе биде потребно за било каков факултет. А математиката таков предмет, барем според мене, сигурно не е.
    Еве јас сум од оние што успеваат да ја разберат математиката (нагласувам, успеваат - значи со стриктно интензивно набубување пред тест :lol:) и никогаш не ме привлекувала иако константно сум со високи оценки, ама за материјал од 4 години, еве не знам... најголем дел од стресот и стравот за матура ми е токму за овој предмет.

    А за протести, читав на фејсбук дека веќе имало во Валандово и денеска во Кратово... јас лично поддржувам секаква иницијатива, ама не знам колку ќе вреди со оглед на тоа дека веќе во листови за пополнување матура, математикатата и официјално стои како задолжителен предмет...
    Тоа е, уште еден закон кој првпат се спроведува на нашава генерација - checked! :tmi:

    [​IMG]

    Mислам... на секој чекор ќе ми притребаат лимеси, стереометрија, графици и остали триста чуда, несомнено! |-)
     
    На kjukli, sakee, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. MaryAntoaneta

    MaryAntoaneta Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2014
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Одлична сум во матиматика и сепак ми смета, ми претставува еден вид на проблем, бидејќи има мноогу материјал за една учебна година, а не па за сите четири. Математика не му оди на секого, можеби на мене ми оди но на некој друг не, јас ќе поминам со 4/5 а тој друг можеби и ќе падне. Друга работа што не ми се допаѓа е англискиот јазик, исто и тоа, можеби јас го разбирам јазикот, но некој друг не. Македонски има премногу за учење и како што знам прашањата се двосмислени посебно за стилските фигури. Исто така и за есеј пишување, за двата јазика, ти си под еден вид на "стрес" па уште и есеј ти недостига да го смислуваш на лице место. Не е тоа дека јас не сакам да учам или сум мрза, туку проблемот е сето тоа непотребно малтретирање. Ти не се чувствуваш како матурант, бидејќи не можеш глава да дигнеш од екстерно, матурските испити (најмалку 4 предмета) и матурската задача - проектот. Порано матурантите ни пенкало не носеле од второто полугодие, а ние не можеме да дигнеме глава до јуни.

    Јас лично сум против целата државна матура. Ако толку мора да има, тогаш сметам дека подобра опција би било да се исфрли математика или уште многу подобро, според мене, е да се бира помеѓу англиски и математика.

    Сметам дека ако СИТЕ се дигнеме против тоа, односно се придружиме на Средношколскиот пленум, можеби и ќе успееме.
    Браво за оние средношколци што протестираат и многу им благодарам на студентите бидејќи тие се борат за мене и за сите наредни генерации, а не за нив, нив не ги фаќа законот.
     
    На sakee, AnA909, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.534
    Пол:
    Женски
    Според мене не треба да има ни екстерно тестирање ни државна матура, туку само приемен испит кој ќе го изработуваат професорите на факултетите кои најдобро знаат какво предзнаење му е потребно на идниот студент. Екстерното беше смислено само за контрола на работата на професорите, а сепак испадна дека е само на штета на средношколците и е тешка глупост бубање пршања и одговори на памет.
     
    На sakee, LittleChili, kim.k и 3 други им се допаѓа ова.
  16. ton4ica

    ton4ica Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Женски
    Се разбира дека не треба да има. Но, бидејќи нема да се укине во никој случај можат да проверат какви задачи даваат ако не повеќе. Никој да не се лаже со тоа дека ако имал 5 и на матура ќе помине со 5 освен ако нема некоја недозволена помош. Задачите се и потешки од напредно ниво. А кога тука ќе се стави и стресот ограниченоста на времето резултатот е никаков. Зборувам од искуство јас ни за обичен тест математика не се спремав и секогаш имав 5 за матура се отепав од учење и завршив со 2 не само јас што бев изненадена и професорите неможеа да разберат како може тоа да се случува.
     
    На sakee и AnA909 им се допаѓа ова.
  17. sweet-cherry

    sweet-cherry Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    2.217
    Допаѓања:
    16.988
    Пол:
    Женски
    Идеално решение секако би бил приемен испит на факултетите, но за жал, нашата влада тоа нема да го воведе.Нема никаква логика да се полага предмет/и кои што нема да имаат допирна точка со факултетот кој ќе го одберете.Од една страна јасно ми е зошто ја воведуваат математиката како задолжителен предмет, но да бидеме реални мал процент на ученици се оние на кои навистина им оди математика и ќе бидат способни да ги решат задачите на државна матура.Имам неколку познаници кои беа деца капацитети, навистина знаат математика, им оди како од ракав, ама на државнава матураа киксна, и што повеќе да кажам.Како ќе им биде на деца на кои што воопшто не им оди математика?

    И уште нешто, гледам горе беа замешани јазиците.Познавањето на англиски јазик е нешто кое што јас лично сметам дека во денешницава мора да го има секој.Англискиот јазик во ниеден случај не може да се стави на исто ниво со математика.И тестот на државна матура по англиски, може да го положаат и оние што не им оди толку јазикот, затоа што не е на толку високо ниво.
     
    На Sunshine.Sunshine, AnA909, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  18. AnA909

    AnA909 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2015
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    За математика задолжително на државна матура за мене е чиста глупост.Значи многу основци, на тие што не им оди од рака математиката се запишуваат средно онаму каде што нема да има толку математика т.е ќе ја учат само две години.За пример си се зимам јас самата..ученик во средно стручно медицинско училиште.Кога се заишував викав:ЕЕ супер само 2 години математика, ама за жал не испадна како што планирав.Математика одбрав изборен поради државнава матура.Мислам дека тоа е непотребно.Не сме сите математички надарени, па супер беше кога како опција беше понудено да се бира странски јазик или пак математика. За да превземиме нешто, па може и ние средношколците да се сплотиме како студентите, ама да имаме подршка и од професорите.
     
  19. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    Од аспект на студент кој одамна заврши матура,се согласувам со сите вас.
    Државната матура си имаше одличен пристап,мајчин јазик и странски или математика.Оние за природните науки ќе одберат математика,а оние од општествени науки јазикот.
    Е сега,факт е дека повеќето факултети дозволуваат странски јазик како втор екстерен предмет,без разлика дали се учи кај нив математика.
    Јас мислам дека нашиве пробуваат да направат нешто во форма на американските SAT,каде што има и математички дел,ама во Америка SAT се полагаат само за оние што сакаат да одат на колеџ,башка не им бараат сите универзитети таков тест.
    Како и секогаш,министерот со намера да поправи нешто без да размисли во целокупната слика,само иницира револт и незадоволство.
    Да не навлегувам во друга тема,ама овој принцип на тестирање во глобала не е добро разработен,еве посебно македонски деца што беа ептен начитани и ептен спремни се изгубија на матура.
     
  20. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    658
    Пол:
    Женски
    Државната матура е глупост. Јас пред 4 години полагав математика кога не беше задолжителен предмет. Го одбрав бидејќи повеќе знам математика одколку англиски. Е сега задачите беа лудило и се разочарав кога видов дека имам 2ка, ама си реков положено е можам да се запишам на факс. При полагање на општа математика на факултет имав 10 а вишата 8ца. КАко да ја поврзам 2ката од матурата кога прво нивото на тежината на задачите не е иста со онаа која професорите во средно предаваат и бараат. Друго зошто некој кој ќе се запишува на правен или филолошки да полага МАТЕМАТИКА ?! Стресови само се тие тестови и полагања, никакво левел на поголемо знаење не достигнуваат оние кои ќе положат...
     
    На AnA909 му/ѝ се допаѓа ова.