Што и да правиме сега и протести и да се буниме џабе,нема да ја укинат и на крај сите ке полагаме МАТЕМАТИКА што многу ќе ни треба' за понатаму во животот
http://a1on.mk/wordpress/archives/456154 Започна во Куманово веќе два дена, ајде нека се шири и во другите градови. Сметам дека не е доцна да се чуе гласот на средношколците!
На нас стручните не ни е задолжително математика можеме да бираме помеѓу математика и англиски, јас избрав англиски
Па мислам дека од следната година сите стручни училишта ќе полагаат мат. и оние што немале трета и четврта година предмет математика.
Математика после прва година средна треба да прејде во изборен предмет а не па да се става како задолжителен предмет во амтура која ионака треба да се укине. Како би било сите средношколци масовно и солидарно да го бојкотираат делот со прашањата по математика? Едноставно да се исчкрта тој дел како бесмислен и неважечки!
Па би можеле да појдиме на денот кога се полага математика за матура и никој ама баш никој да не го реши тестот,само да го пречкрта. Немам верба во ова што го пишав...
http://kumanovskimuabeti.mk/ne-za-m...e-gi-ignoriraat-kumanovskite-maturanti-video/ Во Куманово веќе три дена, утре пак ќе има. Ајде другите градови наместо да седите на форум одете организирајте протести, вака не оди веќе, будете се и не молчете. Нека се чуе гласот на средношколците!
http://forum.femina.mk/threads/Средношколски-пленум.23496/ Постирајте ги информациите за средношколски пленум.
Еве колку не имаше на протест денес во Скопје, се добија и преговори со Спиро Ристовски колку што разбрав.Малку им беше екстерното за факултет, видеа дека и од тоа нема фајде па удри по средношколците, а и професорите се изборија да не им влијае тоа нив на плата, така да и тоа е само на наш грб.Срамота само за тие што по своја вина не излегоа денес, и за директорите на Борис што им се закануваа на децата дека нема да одат на ескурзија и дека ќе имаат 7 неоправдани и Панче што им заклучија врата.
Бев денес на протест. Стварно веќе не знам која им е целта на луѓево, дека ние со полагањево математика ќе имаме повеќе знаење во другите предмети и демек полесно ќе ни биде да се запишеме на факултет или полесно ќе најдеме работа? Па јас прво за да полагам тоест да решавам задачи од материјал шо сум го учела цели 4 години шо ќе ми го тупнат за еден ден да го праам, треба да бидам гениј. Зашто да полагам ако идам на факултет каде математика не ми треба за упис. ЗОШТО? Дали целта им е само маста да ни ја вадат со овие нивни реформи мислејќи дека го носат образованието на подобро. Тие не знаат како да ја раководат државата и парите на што да ги трошат, нашите знаење ќе го оценуваат. Абе ајде бегај таму. Сепак мислам дека ова го направија дека кога имаше избор меѓу англиски и математика, можеби 70 - 80 % од матурантите избираа англиски, и демек имаше загриженост како ја маразат математикава, значи као за инат ај сеа да ве видам као ќе се снајдете со двата предмета. Што ми е гајле бе дека сите избирале англиски. Тоа им треба и? Они ќе ни кажуваат на што факултет треба да се запишуваме? И постојано слушам дека за новиве реформи велат дека така било во другите земји. Стварно? Зарем со вакви министри ние ќе се "дигаме" на ниво на развиени држави каде што многу поубаво се живее. Не е само образованието, се ни е катастрофа, здравството се истакнува секако. Не е дека сум којзнае колкав труп за математика. На час разбирам и вадам добри тестови, ама нема шанси да положам со 5 па ни со 4 на матура. Планирам да студирам медицина или нешо со биолоигја/хемија. Ќе имам математика како предмет можеби, ама дека ќеИ морам да полагам на матура за таму да треба да се снајдам, е до толку и не ми се верува. И за екстерново збор - два. Значи нема никакв логика да полагаме екстерно и со и без прашања 1. Ако немаме прашања, сигурно некој не очекува дека јас ќе научам книга од 200 страни за 3- 4 дена. (на пример историја) Кога јас преку цела година сум учела тема по тема, сум правела проекти и активност на час, е сето тоа не може на еден саат и 30 прашања да се сведе. 2. Ако имаме прашања пак е глупо. Некој што цела година ич не му било гајле за школо и имал 1 или 2 сега ќе седне ќе ги набуба прашањата и може 5 да извади што автоматски ен е никаква проверка на заењето Инаку з англиски мислам дека не е проблем со оглед на тоа што полагаш мајчин јазик и странски што треба секој да знае
Па англиски нормално дека сите ќе бираат, на било кое работно место се бара англиски, на скоро секој факултет го има дури и срамота е во 21 век да не го знаеш.А ако има и математика едно 70-80 посто ќе паднат или со 2ка ќе положат (вклучувајќи ме и мене тука) со што значително ќе се намали просек и скоро сите ќе се запишат во приватна квота.Исто и екстерното, видоа не видоа ги тргнаа казните за професорите и тоа остана само за да ни намали просек.Само за пари перење е државава, какви црни реформи сите оние споменици мора некој да ги плати.
Decki jas mislam deka treba da barate ukinuvanje na maturata I voveduvanje na priemni ispiti. Taka ke dobiete pogolema podrska I od Studentski plenum I od Profesorski plenum. Matematika na Matura e dobra idea za utre da mozete na vasite deca da im pomagate okolu domasnoto,sto ke stane neophodna rabota so ogled na toa kakvi tikvari studiraat za nastavnici po oddelenska nastava. Koga ke vidam koi tikvari od moja generacija utre ke treba da mi gi opismenuvaat decata mi doagja pak da polagam matematika na matura. Inace realno matematika na matura nisto nema da smeni. Samo prvite na rang listite na opstestvenite faks ke se so 90poeni. Lugje so 5ki po matematika na matura matematikite na faks pak so godini gi vlecat. Lugje od strucni sredni ucilista uste na kolokviumi gi cistat. Se e relativno i validnosta na maturata e odamna vo prasanje. Taka da dzabe samo se pravi tenzija. Baranje na priemni ispiti I ukinivanje na maturata e najpameten cekor od moja gledna tocka kako student.
Џабе протести џабе се.Тие кога ќе наумат нешто готово е нема назад.Како што рече членката погоре спомениците мора некој да ги плати.
Што не беше фер дека ја укинаа математиката само за тие што сме општествено хуманистичко подрачје и не поделија, не беше. Аман бе, зарем јас се запишав општествено подрачје за во новите пријави да треба да избирам меѓу физика, биологија,хемија, математика и историја? Па јас и затоа сум си општа дека не ги сакам хемиите, физиките и биологиите, а сега ме условуваат да бирам меѓу нив и една пуста историја која што исто така не ја сакам, но сум приморана да ја изберам бидејќи е најблизу до барањата на факултетот на кој планирам да се запишам. Општа сме ние министре не планираме да се запишуваме на природни науки, ако ги сакавме толку ќе си се запишавме природно математичка. Изреволтирана сум до бесвест.
Јас сум револтирана од игнорантниот став што го има почитуваниот г-дин министер адеми.Пола гимназии во Скопје бојкотираат, два протеста во Скопје, протести и во другите градови а тој само апелира да се вратиме на настава, и се договорил со Средношколска Унија која не е активна неколку години математиката да биде задолжителна само за математичките подрачја, што сепак не е фер бидејќи секој има право на избор(додуше и што има ПМБ со биологија и хемија да се мафтаат со математика, ама тоа е друга тема).И што е со другите барања да се укине екстерното и да се врати стариот концепт на матура?Уште почитуваниот г-дин изјавува дека исполнил 90% од барањата и да се прекине бојкотот, дури и денес свикаа вонредна родителска да сме се враќале на настава... Е додека живееме во држава каде се е монтирано, се замачкува очи со таблети и нови вработувања, се носат на митинг секој од селана планински ќе имаме и ваква демократија.
Ми кажаа дека минатата недела давале на вести дека е вратен претходниот концепт за сите да полагаат математика матура а не само ПМБ и ПМА,вистина ли е ова,или останува само за природно математичките подрачја?
кажаа дека само за математчките подрачја дека останува математиката. Ама меѓу ПМА и ПМБ има голема разлика. Во ПМА има осван општа уште намајлку 3 математики, додека ПМБ има само општа а во 4та останува биологија и хемија. Овие два ми одат. Ама што имааат овие два предмета врска со математикава. И онака сите други смерови учат математика. Само затоа што смерот се вика природно математички, не значи дека целосно е застапена математикава. Едното е повеќе математика а другото биологија хемија. Тие од ПМА многу повеќе можат да знааат отколку овие од ПМБ, без разлика што двата се природно математички, а луѓево од министерство ги ставаат во ист кош. Демек математикава ќе ни помогнела пологички да мислиме, не знам што. Па ние не викаме да ја укинат како предмет бе. Ама некој што сака биологија да студира, ќе си намали поени само заради што не му иде баш математика. ПМБ се учи само општа, како и сите други смерови, нека сфатат веќе. Ама тоа е, џабе да се збори