Јас не сум против за математика на матура. Многу нема да се сложат ама јас не го гледам проблемот тука. И што ако има математика, на некого му одело на некому не, некој ќе паднел, немало да се запишат на факултет и што уште не слушнав. Епа ако се во животот така лесно се добиваше тогаш воопшто и темава немаше да постои. Сакаме се да ни дадат на готово. Кој вика дека неможам да положам, ќе седнам ќе стиснам заби и ќе научам. Во животот не постои на некому што му оди математика повеќе од некој друг, не постојат надарени луѓе за математика. Како велат 1 % е талент а 99% е работа. Зар ќе дозволам некој да ми каже дека не можам. Е можам бе и точка. А овие од министерството сигурно не го ставиле тоа затоа што сакаат сите ние да паднеме на матура, го ставиле затоа што си имаат свои причини, затоа што мислат дека така е најдобро за нас. Секоја влада си го сака најдоброто за својата држава, сигурно не прават нешто што нема да биде од корист. Некој дури и велат за што ќе ми го треба ова во животот за што ќе ми го треба она, според мене никој не знае што ќе биде утре не можеш да кажеш нема да ми го треба, можеби некој ден во животот навистина ке искрсне нешто од некаде и ќе ми го притреба, неможам да кажам со сигурност. Учиме цел живот, и секое искушение на кое не става животот е само лекција повеќе , па така верувам дека и ова "математика на матура" е уште една лекција плус. А додека го губиме времето седнати во ходници и правиме селфи, или седиме по цел ден на фб , или акаме по улици, време е да се запрашаме што сакаме од животот и дали на овој начин ќе го добиеме тоа.
И тоа како постојат надарени луѓе за математика т.е. не конкретно за математика, туку за логичко размислување. Проста анатомија - на некои луѓе им е поразвиена левата хемисфера од мозокот, на некои десната. Некои се склони кон логичко решавање проблеми, некои кон уметничко изразување. Токму затоа не ретко луѓето се поделени на такви на кои им одат јазици и на такви на кои им оди математика. И затоа сум против математика или пак англиски јазик да бидат задолжителни предмети за полагање матура. Учениците треба да имаат право да изберат. Off-topic: постов ти личи на евтин обид за политичка пропаганда. Дури и да не е така, чисто да ти кажам како звучиш.
Звучиш како да си пуштена од партија па ова да го зборуваш. Како прво и прво, математиката е сложен предмет, не му оди на секој.Еве пример јас се убивам од решавање и од 3ка не мрдам.То е то.Исто така, сосем спротивно во класот имам деца кои не седнуваат воопшто да решат математика задачи за тестот и си добиваат 4ки 5ки.Правда? Нема што тука, толку размислувам логички.И сеа по која логика јас да полагам математика на матура, да извадам слаба која ите како ќе ми расипе многу нешта, а сум избрала сосем некој факултет кој нема блага врска со математика? А за она, секоја влада си го сака најдоброто за државата, ме изнасмеа.Можеби другите влади да, нашава сигуурно не.
Јас мислам да не одат децава воопшто на училиште најубаво ќе биде. Уживанција, зошто да се замараат? Им сметала математика, им сметало македонски, им сметала информатика, јазик и тн. Може некоја музичка желба имаат? И после кога ќе пораснат нели и ќе се запишат на среќа на некој факултет па ќе протестираат како оној манекенот со долги коси пред Филозофски факултет и нема да знае два-три збора да сврзе во една реченица, слично на таа другарката што се тепаше за микрофонот, мислиш којзнае што има да каже, а таа понеписмена од колегата педер со нејзе. Или нема да знаат осум помножено со седум колку е, нема да знаат во продавница колку кусур треба да им вратат и сл.работи. Па после владата ќе им биде крива, па партиски пропаганди како изговор бла бла.... Луѓе, бидете сериозни, животот е математика. За другите предмети не коментирам, не се наслов на темава, ама ако и предметот македонски јазик не го сфатите сериозно, ќе се понижувате себеси со некои текстови како на Лајлица, ќе ви се смеат луѓето. Мене двете хемисфери ми се развиле доволно за да сакам и математика и уметност . Со другарка ми заедно учевме математика со толку голема желба како некои сега кога се собираат за на кафе после школо, поважна е кафица, нели?
Абе не е проблемот во тоа,проблемот е што овие од ДИК се Ѓубриња и тестовите што ги подготвуваат односно задачите се како за на Феит....
Мислам дека многу грешиш. Познавам деца од мој клас кои од прва можат да сфатат и да решат задача, додека јас дома решавам какви се не задачи, и испробувам разни принципи и не оди. Дури и да сфатам една, ќе заглавам на друга задача. Математиката не е само да решаваш задачи и можеш да сфатиш. Нема секој талент за тоа. Зошто во неа од едно, треба да ззвадиш друго, од еден принцип, вадиш друг. Што е до мене, ми оди на пример геометрија, ама не ми оди алгебра. и на што се должи ова? Едното повеќе решавам? Не, послесно го сфаќам и тоа. И велиш секоја влада го прави најдоброто за државата. Ајде надор од обрзование малце. Овие споменици, порти, мостови што добро ни прават бе? Кога некој ќе се разболи и му требаат пари за лекување, ич гајле не им е. Трошат пари на глупости, а се фалат со секакви проекти. И сега нашле да го проверуваат нашето знаење, а самите немаат појма како да водат држава? Абе ајде ти се молам. Очигледно ги подржуваш во сите дела со кои упропастиле туѓи животи, ама ти си знаеш
Околу протестот денеска... http://libertas.mk/видео-улиците-претесни-за-илјадницит/ Три недели бојкот во најпознатите скопски гимназии, по трет пат преполни улици... Игнорантен однос е мал збор за ова, еве не знам што држава ќе беше во која министерот не мрднува со прст на настаниве. Срамота! Длабок наклон за пленумци - директните организатори на сето ова, и студентите кои не` поттикнаа на кревање глас за поквалитетно образование!