Нема врска.. Јас уште од прво одделение се заљубив во математиката.. Редовно ми се менувале професорите, а и уствари сега кога имаме математика едвај чекаме да ни мине времето, онака се знае да издолжи нешто неверојатно.. работа што можеш да ја пренесеш со една равенка ја должи цел час. Но, без разлика на професорот некогаш во слободно време знаам да си отворам збирка онака од чиста досада и да си решавам задачи
Колку само ја "сакам" и самата не е свесна. ...кој те измисли кој те запусти да ми правиш цел живот проблеми Ја мразам премногу математикава.
Некој добар математичар да ми помогне,за тригонометрија станува збор,косинусна теорема. Ако има некој таков од бога дарен нека ми пише по лп.Благодарам.
Да е жив и здрав татко ми , што знае математика, и што ми покажуваше секогаш кога се спремав за тест во средно, и за на факултет прва година. Ја засакав математиката , но онаа економската, без проблем можам да ја решавам. Ја засакав и веројатноста, и комбинациите! За другото покомплицирано живо дрво сум, ама затоа е тука тато да ми покаже!
Како си толку сигурна дека никој не ја сака? Еве јас отсекогаш сум ја сакала. За успех е потребно само редовно вежбање, да си имаш работна навика. Резултатите сами ќе си дојдат. Инаку се согласувам дека професорите имаат големо влијание...
Колку ја сакав математиката пред да дојдам средно... ко ќе не чини професорот, ни предметот не чини. Сега ми е само досадна...
Математиката сум ја мразела од 1во одд. и уште ја мразам, никако не ми оди таа пуста математика. Им се чудам на другарките како им е лесна. Девојчето шо седе до мене ми кажува дека по математика само еден тест го извадила 4 а сите други тестови 5 (по математика) а мојата фаца ваква беше
Малку оф-топик ама... ќе може ли некој да ми каже отприлика за што се учи по предметите Алгебра и Линеарна алгебра и аналитичка геометрија во 3та година?? и колку е тешко (или лесно) ?
незнам мене за сваќање никогаш не ми преставувала проблем,ама ако кажам дека сакам математика би излажала ја учам зашто морам.
Алгебра-прво корени , неравенства , полиноми , равенки системи, равенки ,неравенки ,системи неравенки, комплексни броеви , Линеарна-детерминанти ,систем линеарни равенки , вектори , точка права и рамнина во простор , векторски простори , матрици и линеарни пресликувања
Фалааа Ова ми изгледа како се да е повторување од тоа што сме го учеле до сега....освен-векторски простори , матрици и линеарни пресликувања-
Пак јас учам само викенд пред тест, и пак 5ка имам утре правам, да не урочувам паника невидена имам пред тестови математика. Ах, тие изводи. Не тие, туку испитувањето графици со сите својства е зезнато.
Го љубам предметов, само криво ми е што од 2ра средно немам фатено задача да решавам и зарѓана сум до даска. Пред некој ден се фатив самата како незнам попуст од 15% да си пресметам на цена (попустот во Матица). Срамота! Ама жалосно ми е па кога ќе видам некој 20и кусур години основна таблица за множење незнае а не па нешто друго...
Nekoi luge imaat telent za matematika a nekoi kako mene treba so mnogu resavanje da znaat sepak dobro mi odi!!
Често кога сум нервозна, почнувам да решавам нешто. Ме смирува така што не мислам повеќе на проблемот