Аууу,лелее математика . Не го сакам толку предметот и најтешко ми е кога доага писмена и испрашување.
Поздрав до 5ката по математика со песната "Благо оном ко те има" , а за оној што ја измислил со песната "Их леле што се не уби испод оне крушке" . :roll:
Книга неам отворено математика ... уствари не ни имам тетратка ни па пишувам нешто.. и не ја ни слушам шо збори професорката пошто или праам муабет, слушам музика или сум у кома или ја заебаваме проф..... На табла да ме убие па не и искачам ...а за тестови тука е другарката преку слушалки што ми решава цели тестови веќе 2 години.. јухуууу и Пази иам 4 или 5 , а сама да решавам- има во минус да влезам Снајди се па живеј, братче- шо друго да ти кажам ?!
Обожавам математика...не викам дека се ми е лесно,има теми со кои можи да се помачам али во главно ако се потруди човек,можи да сфати! И земам вака за распустов си решавам некои логички,некои потешки...едноставно ќеф имам откако ќе ја решам точно задачата Криво ми е што не почнав да одам на натпревари од мала.... ме одбра наставничката две години по ред се откажував,тешки ми изгледаа задачите иако знам дека можев да се потрудам и да успеам али тоа е...пусти страв од неуспех и разочарување...многу работи имам пропуштено заради тоа.
Секогаш сум имала 5 математика ама не ја сакам, тешка ми е некако, напорна И секогаш се нервирам кога вежбам задачи
Матетиката за мене е како кинески филм безпревод.Најсериозно.Толку многу е мразам,и воопшто кликеров мој не ми фаќа за матетика.Турни ме да кинисам и пак џабе,не оди.Кога ќе правам писмена џабе се обидувам вежбам кога не оди,само џабе изгубеното време учи не учи пак кец.
Дечки и мене последно време не ми оди математика незнам зошто .. Иии помоош со една задача се тупам од преѓе.. Пирамида со V=108cm2 е пресечена со основата на растојание (ОО1) 6cm од неа. Пресметај го V на отсечената пирамида и разликата на V1 и V2??? Фала однапред
девојки имам проблем никако не можам да се сетам како се претвараа децимални броеви во дропки?? ако ме потсети многу ќе ми помогни
Јас во последно време забележувам дека колку повеќе решавам задачи по математика толку повеќе се опуштам. Математикава ми е лек против се,кога решавам задачи не мислам на ништо друго освен на задачата.