Од сите предмети најмногу ја сакав математиката. На второ место ми беше физиката, а после сите останати природни науки Ги сакам затоа што се егзактни, неменливи. Не зависат од општествени и државни уредувања и промени... Не се менуваат. Она што важело пред 2000 години за Аристотел, важи и за нас денес. Од друга страна со математички апарат може да се претстави секоја појава во природата, а и во општеството. Таа е начин да се прикаже една појава, нејзините текови и законитости... Се е во математиката... Се околу нас е математика...
Oваа тема е за мене ја обожавам математиката иако е на 2 ро место во мојот живот на 1 во дефинтивно Информатиката односно Програмирање
ја сакав ама сега моментално ја мразам хаха тестот што го правев го добив мн слаб 4на 3 и сега си ја уништив оценката по математика наместо 5ка ќе имам 4ка само ми останува да се надам на совет да ми ја поправат ама ништо не се знае...
Незнам математика еден период ми еден кочи Кога ќе ги сфатам баш убаво лекциите е тогаш веќе јасно е но замина возот Поздрав до сите математичари
Ич не ми иде , и ич не ја сакам . Ја разбирам кога учам дома со професорка , ама отиде возот Баш сега зборев со татко ми , и вика само математика слабо а .. и зашто сум плавуша , ми вика а во трета ќе имаш така ? Викам да , и ми вика ај кје те офарбаме , можда професорот ќе си каже оваа се опаметила и ќе ти стаи повисока оцена Ќе бидам бе одлична ама математикава ми квари просек
Математика ми оди ама многу повеќе ме влечеа јазиците.Особено Шпанскиот и Италијанскиот. Некогаш на сестра ми и давам час бидејки неа слаба страна и е матемаиката .
Математико туго моја овде иск овде корен јас за тебе нисам створен! Хахахахах Ова беше чисто онака да се насмееме Иначе сакам математика само не дропки
Хахаха, и ти ко попот од еден виц!!! Ај сеа озбилно.Сакам математика и ми оди. Мене решавањето задачи ми е релаксација (онака пасење на мозокот), никогаш не сум негодувала кога професорот ќе ни даде многу за домашно!!!
обожавам математика. Си решевам во слободно време. Лани летото секој ден си решав во 3-4 задачи, само криво ми е шо професорката никој не ја слуша освен ние неколку девојчиња во класот,а колку убаво објаснува жената
преку лето? алал да ти е јас кога завршувам со учење ги ставам книгите во фиоки и тие фиоки не ги отворам до септември ни една книга до тогаш да не ми е на видик
Ја сакам математиката , но сепак се одлучив за правото , требаше да бирам помеѓу правото и математиката . Жал ми што ќе учам само 2 г.
Математиката отсекогаш сум ја сакала! Во 4 одд бев и на натпревар и од 20-тина души го освоив 9 место. Не решавам многу задчи зш то што ќе го сватам нашкола сватено др. малку потешко да го разберам. Доста голем логичар сум па знам да поврзувам некои работи и затоа мислам дека ми оди од рака. Инаку имав еден другар до 8 кој беше МАХЕР за математика! Не постоеше задача што не можеше да ја реши!
Математика научив во средно ...многу ми се погоди професорката....а пред тоа...врска немав од математиката...а сега имам и 5ка...многу добро објанува професорката....
Пред некој ден изјавив желба да решавам дропки и сите ме гледаа како да сум паднала од Марс. Ќе мислите дека сум луда, ама ми недостига математиката.
Далеку од тоа да мислам дека си луда и мене искрено ми недостига па навечер кога не ми се спие си земам учебникот и тетратките и се опуштам со геометрија и дропки си ја сакам математиката