Не сум 100% сигурна во ова што го пишувам, затоа ако грешам слободно поправете ме. Според сеќавање како ми изгледа логично решавам. Прво нацартај си ги функциите во geogebra за да добиеш слика какви фигури се добиваат. Фактички ги собираш плоштините на двете фигури. Имаш два интеграли. (Мислам дека имаат и различни граници, така ми е пологично решението.) Првиот ќе ти биде со граници -пи/2 до пи/4, а одземаш cox-sinx. Вториот ќе ти биде со граници пи/4 до пи/2, а одземаш обратно sinx-cosx. Повторно ќе кажам мислам дека е вака, оставам голем простор за грешка.
@Hellobeautiful Леле, @Glowy добро што ме поправи - на првиот интеграл наместо границите да му се од - пи/2 до 0, би биле од - пи/2 до пи/4.
@Hellobeautiful, сега ми текна да ти го споменам и ова: поради симетричност, 2 и 3 се исти, па можеш да го пресметаш едното од нив и да го помножиш по 2. За проверка, можеш да ги пресметаш одделно и потоа едното помножено по 2 и треба да добиеш ист резултат (иста површина) на тој дел.
@Glowy @pdb123 Фала ви многу, извинете што доцна ви враќам, полагав . Ама изгледа ќе послужи сето ова пак за следна сесија. Пуста математика . Фала ви многу уште еднаш!
здраво дали може да ми кажете како да најдам Дефинициона област на овие две фукнции ? знам дека за arcsin i asrccos доменот на x за реален резултат е −1 ≤ x ≤ 1. f(x)=arccos((x+1)/(x-1)) f(x)=arcsin(2x/(1+x))
Дали некој може да ми препорача интернет страна за самостојно учење математика, од почетно па до напредно ниво? Благодарам
https://www.math24.net/ https://mathinsight.org/thread/vector_algebra#sitenav https://analyzemath.com/ be more precise...
Прво операциите во заградите, па множење и делење, па собирање и одземање. При множење на позитивен и негативен број и обратно се добива негативен број, а при множење на позитивен и позитивен и негативен и негативен се добива позитивен број. Делењето го следи истиот принцип со знаците, само што ги делиш броевите. При собирање на позитивен и негативен број, поголемиот број се одзема од помалиот и добиениот број го добива знакот од поголемиот. Ако одземање, минусот го менува знакот на бројот. Пр. -9-(-3)=-9+3=-6 ( -(-3) станува +3, на крај 9 е поголемо од 3 па се одзема и бројот го добива знакот од 9).
Ако под описно се подразбира со зборови, тогаш би било вака: Множеството се состои од сите природни броеви кои се деливи со 6 и кои се делители на 54. Ако мислиш на „знаци" кои фалат, тогаш би било: М = {x|x € N, 6|x /\ x|54}.
Како е задачава - Докажи дека за секој прост број поголем од 3 производот од неговите соседни броеви (претходник и следбеник) е делив со 12.