1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Математика!

Дискусија во 'Образование' започната од meredith, 11 јануари 2010.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.890
    Пол:
    Женски
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. IvanaJenner

    IvanaJenner Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2017
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Луѓе утре имам тест математика. Решаваме полесни адициони теореми. Кој може да ми помогне, ве молам.
     
  3. d3likvent

    d3likvent Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2020
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Машки
    Дали ако знае некој ќе може нешто да ми помогне околу степенски редови поточно за радиус на конвергенција?
     
  4. ElenaBUTTERFLY

    ElenaBUTTERFLY Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2021
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Дечки,кои се фази на множества ,и содржини на множества?
     
  5. WildNightGirl

    WildNightGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Ми треба мала помош од некој кој знае математика за факс. Лп плиииз
     
  6. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    12.337
    Пол:
    Женски
    Од трета година за средно општо образование (од двата учебника) жолтиот и другиот не ми текнува како изгледаше, кој е подобар?
     
    На d3likvent му/ѝ се допаѓа ова.
  7. d3likvent

    d3likvent Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2020
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Машки
    Тој на просветно дело што е( не жолтиот)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tamarkaa

    Tamarkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    141
    Здраво дечки,ми треба некок што се разбира од математика и што би можел да ми направи семинарска работа (секако би ја платила),за тек и график на функција.Треба да ја предадам до крај на сесијава а фул сум со испити
     
  9. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    909
    Пол:
    Женски
    Доволно е да чујам математика и готово, цела сум разбркана...
    Ама добро е, помина ;)
     
  10. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.365
    Допаѓања:
    20.606
    Пол:
    Женски
    Ќе може некој да ми ја објасни табелава на конјункција и дисјункција?
    20210919_202216.jpg
     
  11. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.868
    Што конкретно не ти е јасно?
     
  12. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.365
    Допаѓања:
    20.606
    Пол:
    Женски
    Третата колона ми е јасна. Е сега од неа па натаму, на пример во четвртата колона се бара негација на p и q. И сега како се добива тоа? Исто и за другите колони натаму, не знам како се добиваат.
     
  13. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.868
    Веројатно знаеш, но ајде да напишам за секој случај:
    Конјункција („/\", „и") е логички оператор при кој тврдењето е точно само кога двата искази се точни.
    Дисјункција („\/", „или") е логички оператор при кој тврдењето е точно кога макар еден од двата искази е точен.

    За добивање на следните колони, мора да ги гледаш претходните. На пример, за да ја добиеш четвртата колона, ги гледаш третата и втората колона имајќи ја дефиницијата за конјункција на ум. Тука само во третата редица се добило точно. Зошто? Затоа што само во таа редица и негацијата од p и q се точни, во останатите три редици или негација од р или q или двете се неточни.

    Од друга страна, во петтата колона, треба на ум да ја имаш дефиницијата за дисјункција. Само во втората редица се добило неточно. Зошто? Затоа што само во таа редица и негација од p и q се неточни, во сите останати барем едното е точно или двете се точни.

    Истото важи и за останатите три колони.
     
    На Mrs.Precious и f.girl им се допаѓа ова.
  14. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.365
    Допаѓања:
    20.606
    Пол:
    Женски
    Ќе може да ми каже некој што значат знациве, сум ги заборавила. :?:
    20211003_185718.jpg
     
  15. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.868
    Е елемент на (припаѓа на)/не е елемент на (не припаѓа на)

    Еднакво/не е еднакво

    Помало/поголемо или еднакво

    Поголемо/помало или еднакво


    Останатите се повторуваат.
     
    На Mrs.Precious му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Vildiz

    Vildiz Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2021
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    195
    Тоа 'е' е знак за припаѓа. Елемент кој припаѓа во некое множество пример. Шкртнато е - значи дека не припаѓа.
    Еднакво е кога елементите се исти, шкртнато еднакво кажува дека не се исти.
    Надолу знаците се помало и поголемо, пример 7 е поголемо од 2 (7>2). Обратно е дека 2 е помало од 7 (2<7). Со линијата под знакот кажува дека може да е и еднакво. Се чита помало или еднакво или поголемо или еднакво.
     
    На Mrs.Precious му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.365
    Допаѓања:
    20.606
    Пол:
    Женски
    Множеството А значи природни броеви од 1 до 6? А множеството C значи броеви поголеми од 0 , а помали од 8, значи броевите 1,2,3,4,5,6,7 ?
    20211011_130903.jpg 20211011_130907.jpg
     
  18. Sleepy

    Sleepy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2014
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    Множеството а се сите природни броеви кои се делители на 6, што значи 1,2,3 и 6.
    Множеството С е точно запишано.
     
    На Mrs.Precious му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.365
    Допаѓања:
    20.606
    Пол:
    Женски
    А како се одредува тоа ако може да ми објасниш, пошто имам многу такви множества и ми се грешни само поради тоа што не можам да определувам точно кои броеви ги содржи множеството.
     
  20. Vildiz

    Vildiz Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2021
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    195
    Прво ги земаш сите три множества, природните броеви, поголеми од нула и третото помали од 8. Ги вадиш броевите од даденото множество и проверуваш дали бројот е природен, дали е поголем од нула и истовремено и помал од 8. Доколку припаѓа во сите три множества што се одделени со знакот и ^ го пишуваш тој број во множеството. Фактички пресек на сите три множества.
     
    На Mrs.Precious му/ѝ се допаѓа ова.