Ко што сфаќам, прашањето ти е како членката знаеше дека се бараат броеви што се делители на 6 и како да ги најдеш нив. Кога нешто е запишано вака: а|6 (или било кој друг број), значи се бараат природни броеви со кои 6 може да се дели, што значи броевите мора да се помали или еднакви на 6. Единствени такви броеви се 1 (6:1=6), 2 (6:2=3), 3 (6:3=2) и 6 (6:6=1). 6 не може да се дели со 4 и 5, а исто не може и со броеви поголеми од 6. Затоа, во тоа множество ги има само 1, 2, 3 и 6.
Се работи за крстоброј наречен какуро. Ова е упатството како се решава: Ова е решението на твоето какуро: 5 и 4 се заокружени затоа што оттаму почнав (немаш друг избор), а останатите ги дополнуваш согласно упатството (постигнување на збир), секогаш имајќи предвид дека не смее да се повторува бројка во ист/а ред/колона. Слободно прашај ако имаш уште прашања .
Ве молам за помош . Еден аквариум е долг 50 см,а широк 30см, а содржи 3600см2.Пресметај на длабочината на водата во аквариумот?
Имаш некоја грешка во текстот нс задачата. Би требало да е 3600 cm3. Решение: 50*30*c=3600 1500*c=3600 c=3600/1500 c=2.4 cm
Ве молам за помош! Да се најде тринаесетиот член во развојот на биномот (9x- 1/√ 3x)^x, ако биномниот коефициент на неговиот трет член е еднаков на 105.
Да, треба да се најде НЗД. 48, 72, 120 | 2 24, 36, 60 | 2 12, 18, 30 | 2 6, 9, 15 | 3 2, 3, 5 2•2•2•3 = 24 Значи, ќе има 24 пакетчиња со по 2 чоколади, 3 бајадери и 5 бонбони во пакетче.
Дали некој знае како треба да се реши оваа задача, алгебарска. Би требало нешто со Лангранж? Ве молам за одговор.
Ај ќе ве молам да ми кажете дали ми се точни задачиве. Последната знам дека не ми е. И ако може објаснете ми како се сметаат овие операции со цели броеви пошто не ми е јасно.
Буквално сите ти се грешни. Оваа математика се учи во 6-7мо одделение.Прво не знаеш основни работи извини вака, кога делиш минус со минус или кога множиш минус со минус тоа прави ПЛУС (пр: -2*-4 е 8 не е - Минус и плус праат минус у множење и делење (пр: -4* = - е сеа друга работа. Пред собирање и одезмање предност има множење и делење, ама кога има и загради прво решаваш ВО заградата и после се друго. Ја ти ги решив под б,в и г под А сама да си ја решиш.И ова мора да го научиш многу е просто.Ти овде си собирала и множела како ти дојде.Не може така. https://mk.eferrit.com/што-е-редот-за-операции-во-математика/ земи прогуглај малце пошто е срамота ова да не го знаеш сериозно.Ова е најосновно од математика, поосновно нема