Неможам сега да решам, ама можам да ти објаснам. Кога се множат два броја пред кои има минус резултатот ќе биде со минус Пр. - 2* - 3=-6 Ако се со плус резултатот ќе биде со плус Пр. 2*3=6 Ако има еден број со минус еден со плус резултатот е со минус Пр. - 3*5=15, 4*(-2)=-8 Исто и кај делење ( - * - = -, + * + =+, - *+=-, - /-=-, +/+=+, - /+=-, +/-=-) Ако имаш минус пред заграда сите броеви во заградата менуваат знак Пр. - (2-3+4)=-2+3-4=-6+3=-3 Ако броевите се со ист знак (+ и + или - и -) Се собираат и се пишува истиот знак, ако се со различен (+ и -) се одземаат и се пишува знакот на бројот кој што е поголем (поголем во смисла кој има поголема апсолутна вредност) Пр. - 3-2=-5 6+2=8 -8+2=-6 -2+10=8 Прво се решава во заграда ако имаш, после оди множење и делење и на крај собирање и одземање (исто и во заградата прво множење и делење после собирање и одземање).
Е како? Еве ја задачата: 5-12: (3)+15*(-3)-24= 5+4-45-24=-60 море у право си била знаеш Само знаците не ти се точни, не е 5-(-4) него е 5 ПЛУС 4 Пошо -12 делено со -3 праи ПЛУС четири. Како кај 15* (-3) си знаела дека е -45 а горе ваму не ти текнува. И првава ти е топ, другиве си ги усрала. Значи седни научи основни работи, со знациве, со тоа кој има предност
Прво ги решаваш тие броеви што се со исти знаци не 5-(-4) да напишеш 9. Тука не се множи. Туку прво гледаш дека - 4 е со знак минус и гледаш со кој број да го собереш што има исто знак минус и откако ќе го собереш го препишуваш знакот минус пред па потоа ги решаваш тие со плус и кога ќе се спојат идат само два броја со различни знаци или исти што треба да се одземат и знакот се препишува на поголемиот број или ако се исти знакот останува тој меѓутоа броевите се собираат.
А зошто не може да биде 5- (-4) ? Јас мислев дека и знакот што е после 5ката се препишува со неа. Пошто вака како што велиш испаѓа само 5ката да ја препишуваме а минусот да остане на 12ката. Фала ви. Колку е само просто, а сеуште се трудам да разберам. Ќе мора мноогу вакви задачи да решавам.
Кога се множат два броја пред кои има минус, резултатот ќе биде + Пр. -2 * -3 = 6 -3 * 5 = -15 - * - = +
Па мораш, математика се учи со вежбање и тоа многу, не со читање, а не може да е пошо -12 делено со -3 е ПЛУС ЧЕТИРИ, а ти си пишала -4 сфаќаш ли?и другиве кога ти решаваа види како пишале Да беше -12:3 ќе беше минус 4, ама кога минус и минус се делат/множат добиваш плус затоа ти кажав научи основни работи, ова у 5то го учевме
Добро де, што има врска кога сте го учеле еве мене можеби не ми оди математика како што ви оди на вас затоа и не ги разбирам работите толку бргу ама се трудам. И не пишав тука за да ми кажувате кога се учи тоа, туку побарав помош само.
Абе не се љути одма, ама да те покарам малце за сериозно да си ја сфатиш работава.А ја ако ти ја решам не ти помагам со тоа, пошо пак нема да научиш.Сфаќаш? А битно е кога се учело, ако ги ставиле математичките операции во 5то значи тогаш треба да се научат за после да се учат потешките работи.И мене не ми иде математика, не знам интеграли изводи лимеси тешки работи, ама ова основава е срамота да не знаеш, или таблици, ова ти е потпора за се` понатака.Јас на факс имав лани матрици за решавање и се` беше со множење собирање, не можеш да им избегаш Ти прашувај си слободно, ко пита не скита, али и да научиш нешо
Технички 5-(-4) e исто со 5+4 и да, исто ќе ти испадне ама не можеш така да се учиш да пишуваш бидејќи во случајов не е точно. -12:-3 си е (+4). Од каде си го измислила минусот?Не можеш да си додаваш, ќе утнуваш во други задачи.Нема логика знакот што е после бројот да си оди со него.Знакот што е пред бројот иде со соодветниот број не тој после него. Не може -5 да е исто со 5-, второво не постои. Ај пиши уште нешто ако не ти е јасно, вака имам впечаток дека не ти е совладано од почеток па не знаеш ни од каде да почнеш.
Да да, не ми е јасно пошто кога сум го учела на почеток, не сум го сфатила добро па затоа сега кога се сретнувам повторно со вакви задачи, не ги знам.
Исто така и во задачата под г. имаш грешка, во последниот ред. Делење и множење, СЕКОГАШ одат први, а потоа собирање и одземање.
Точно. Не приметив што сум пишала Множење на два броја со исти знаци резултатот е +, со различни е - Има грешка кај мене, сум згрешила сигурно од брзање се извинувам. Благодарам за поправкара
@Mrs.Precious не знам кое одделение/година си, но математика слабо ти оди. Математика единствено со решавање се учи, значи земи вежбај, решавај се што решавате на училиште, сите задачи од книга, ако си во можност најди и збирка за да имаш од каде да вежбаш.
@Mrs.Precious еве со објаснување =[15-(-16)+(-12)]-(-5)*(-4)= =[15+16-12]-(20) = кај 20 не требаат заградите, но ги ставив за да ти е појасно дека -*-=+ =19-20=-1 Кога имаш загради, прво го решаваш тоа во заградите во случајов (6-11)=-5 и изразот во средните загради. Тој израз е со мешани операции на собирање, одземање и множење, па затоа предност има множењето 8*(-2) и 4*(-3). Бидејќи знаците на двата броја кои се множат се различни, производот има знак -, т.е. -16 и -12. Ги запишуваш во заграда заедно со знакот за да не се буниш додека се навикнеш. Потоа гледаш дека има - пред (-16) и во овој случај се менува знакот во заградата и се добива +16, пред (-12) знакот е + па затоа тој останува -12. Слично е и за (-5)*(-4)=20, но бидејќи има - пред заградата се добива -20. Значи ако е - пред заграда се менува знакот, а со + останува ист.
Ај види го моето објаснување горе Значи пак истото… 6-11 е -5 А -5*-4 е 20 и минусот пред 6-11 е минус 20