@tel-ef Не се сеќавам како беше објаснато во старите учебници, но јас знам еден начин за пресметување корени. Пиши ми во порака и ќе ти објаснам, доколку ти помогне некако.
Ви благодарам многу од срце Најдов една формула на интернет и со таа вадам корења сега Еве цел саат се обидувам кубниот корен да го извадам на -500, но никако да излезе Ај кажете ми дали сум го извадила коренот или му останало уште за вадење Точно ми е?
Може некој да ми наведе примери за множење на вектор со број, и како оваа другата што сме правеле 1/2 од векторот, треба и 1/3 да најдеме пошто ми е за домашно. А не знам како се прават баш..
Не ја знам таа формула. Кое одделение си? За што ти треба пресметување на корени? Според методата што јас ја практикувам, ³/ -500 = -5 ³/4 (минус 5 по трети корен од 4). Дали ти требаат и децималките или може вака да го оставиш? Претежно во математички задачи се остава така, кога се работи за ирационален број. Затоа те прашувам за која возраст и за каде ти е прашањето. Дали ти е точен резултатот можеш да провериш и на калкулатор.
Не ти е јасна постапката или како се работи со шестар? Еве видео како да ја поделиш отсечката на три еднакви делови. 1/3 од векторот ќе ти е едно делче, а насоката ќе ти е иста како векторот ā (со стрелкичка горе). Ако векторот го множиш со два, тогаш на истата права ја додаваш истата должина во продолжение, ако множиш со 3 уште два пати истата должина... Ако бараш 1/2 тогаш ја бараш симетралата на отсечката, т.е. средната точка. Перцепирај го векторот како обична отсечка и на крај ќе ја додадеш стрелката.
Два вектори се ортогонални ако нивниот скаларен производ е 0. Во случајов важи дека збирот од производот на соодветните компоненти на двата вектори треба да е 0, односно имаме: 1*(-2)+m*3+(-2)*(-4)=0 -2+3*m+8=0 3*m=-6 m=-2
итно ми треба помош, не знам една задача од алгебра како да ја решам, навистина ми е итно, ако има некој што го бива за алгебра нека ми пише ве молам итно ми е.
Може ли некој да ми каже кога во квадратната равенка ќе се добие y€\R (y да не е реален број). Како ќе добијам x? Еве пример y€\R а x e X+ X/1 =Y како да добијам?
Не, не. Точно имам напишано x + x врз 1 = у Треба само да знам како да го внесам у а не знам како да напишам ако у не е реален број. Ако знаеш отприлика да ти пишам посебно порака?
Работата е што за да имаш квадратна равенка како што си напишал, треба во равенката да имаш или со преуредување на равенката да добиеш х², затоа и се вика квадратна равенка. Во твојот случај, х/1=х, што значи равенката би ти била х+х=у, односно 2х=у. Ова е линеарна, не квадратна равенка, и кај неа сите решенија се реални. Слободно пиши лп.
Убав предмет ми беше математика, дури некогаш се релаксирав решавајќи задачи зошто повеќето предмети беа теорија, а математика ако сфатиш што бара задачата и научиш финтите на решавање, лесно е после. Сум се нервирала само ако заглавам на некој тип задача.
Дечки помош ако може. Ве молам предложете ми добар професор по математика што држи приватни часови за ученици од средно (гимназија) во Скопје. Имам многу нејасни работи, сакам да одам на неколку часови, зошто сум одличен ученик, неќам 1 да добијам, а ќе го добијам ако не најдам некој да ми објасни . На Теорема ѕвонев али не ми кренаа, исто така и Билјана Начевска- Настовска ја контактирав, ама држела само на студенти... Ако знаете ве молам пишете. И да се надополнам и да не бидам сфатена погрешно. Барам да одам на часови да ми објасни, не да ми решава за време на тест. Така да не ми давајте контакт од такви знам дека ги има.
математиката е корисен предмет, ја развива логиката што помага во понатамошно лесно решавање на секојдневните проблеми.