Де бе мацуш, до толку ли? Мене ми е интересно сега, додека не сме на училиште, па затоа...инаку уште ме држи желбата да решам некоја дропка, една до две задачи, ама нема шанси да седнам и да решавам..Па уште навечер. Вајлд, а за кое поточно мислеше или се‘ заедно, во комплет?
За двете мислев. Ајде бре, добро знаеме дека никој не решава задачи на распуст. (бар не од нашава генерација)
хах..сеа си мислите дека сум марсовец таква сум,што да правам,сите ми велат дека сум чудна сеа не мислев на решавање со саати туку онака кога ќе ме "прифатат" знам да решам по некоја задача иначе од друго во врска со школото одма си го заморувам мозокот а со математика го одмарам
Od taa matematika bel den ne sum videla Nikogas ne sum ja sakala matematikata .. Ednostavno ja mrazam !!
Отсекогаш ми беше омилен предмет,а псоебно во средно заради професорот.Така да и на факултет немав никакви проблеми со математика.И иако сега немам потреба од решавање задачи,сеуште можам одлично да се снајдам кога се работи за бројки.Единствено делот геометрија никогаш не го сакав
Сакав математика, и во основно и во средно... во основно одев на натпревари дури. Во средно бев општа гимназија, па немавме толку математика, ама сепак, имавме 3-4 часа неделно - и ја обожавав! Сакав и геометрија и алгебра, и никогаш не ми било проблем да ги сфатам и поврзам работите. Во принцип, ретко памтев формули, сама ги изведував... ќеф ми беше кога професорката во средно ненајавено ќе ни бапнеше контролна, само по една задача, онака, за да види дали сме ги научиле работите или не. Никогаш не вежбав пред писмени, само си пишував домашни задачи, редовно. И немав проблем со писмените. А сега, веќе 10тина години немам задача решено ама таков факултет одбрав, кој баш и нема врска со математика. Но не ми е криво
hmss... moj omilen predmet matematika.... poranoo vooopsto ne ja sakav vo osnovo profesorkataa sekogass mi stvase poniska ocenkaa.. i mn se razocarav.. no vo sredno svativ zasto toa biloo... mi davala potik se poveke i poveke da se trudammm... i mn sum i blagodarna za toaa...)) i sega vo sredno nemam problemi 1 sum vo celo skolo po matematikaa... blagodareni e n aprofesorkata vo osnovnoo
Tocno e deka bez vezbanje nema nisto. Ja obozavam matematikata i sigurna sum deka so vezbanje moze mnogu da se postigne ...
Математиката одсекогаш ми влевала доза на досада... Повеќе сакам предмети поврзани тесно со математиката него ли проста, чиста математика. На пр. обожавам физика. Инаку, не сум воопшто лош математичар, сама си се научив пресметување плоштини и триста сл. ствари, квадратен корен знам и на памет да кажам, само ете -не ми е воопшто забавно.
За време на распустов мноогу ми се решаваше задачи...хахаха...незнам ни ја зошто. А сеа па ич не ми се решава...
ја сакам математиката само кога задачите ми се јасни и можам да ги решам. е тогаш не ми е проблем баш е интересно.. ноо кога не внимавам на час и не вежбам дома - 1,максимум 2 и мислам дека нема ништо поглупаво од тој предмет ајде еве оваа година имам нова професорка по мат. па си велам ќе биде подобро
Исто и јас...кога ги знам задачите тогаш сакам да ги решавам...ама кога не ги знам, тогаш не го поднесувам предметов...
Абе УПМ. Математика и јас - Магаре и козметика. Живи глупости учиме,не ми е јасно за што мене тоа ќе ми служи во животот ?
Математичарки, ај да ве видам да ми кажете некои теореми, освен Питарогева и Талесова ) Евклидова ако знаете како гласи мн ќе ми помогнете
И јас одсекогаш сум ја сакала математиката. Најрадо тоа би учела и секојпат најмногу време посветував на математичките предмети. Едноставно ја обожавам затоа што е егзактна а математичкиот јазик не познава граници и секаде во светот е ист.