Јас сум хемиско технолоска струка и учам математика и многу ја засакав и се га за 3 и 4 година на изборен предмет ке изберам математика
Математика Мене да си решавам задачи многу ме опушта, и поубаво ми е отколку да учам теории. Не дека нешто којзнае колку ме бива, но си решавам, музиче пуштено, ако не ми излегува си пререшавам, а додека кога учам теории ко темпирана бомба сум.
Оф леле таа математика Не, не ја мразам. Само НЕ ЈА САКАМ. Сум ја тупела главата со 50 дефиниции и формули сум учела се' свашта. Непотребни ствари, за на крај пак писмена 4творка. Ма ми се иде да се убијам кога ке излезам од училницата и ке ми текне некоја ситница што ми одзима поени. Секад, и кога сум најсигурна обавезно добивам 4 или 5 до 95 поени. Никад 100 (максимум). Ме нервира самиот факт што толку време сум поминала решавајки, и го следам наставникот на часот, за на крај да ми рече Неможеш да поправаш. Учам во јак клас каде што сите се борат за колку што може повисоко. Е математиката ми е слаба точка каде што МОРА да имам грешка. Но, тоа ретко се случува кога одговарам усно. Обично тогаш сум толку сигурна што ке го бомбардирам наставникот., Најлошо е што тој не ги смета усните одговори за валидни , се сведува на писмената за во случај ако дојде инспекција да има оправдание. ( демек толку извадила писмено, толку и усно) Ке речете тоа не е педагошки, не треба така.. Ама што да се прави Математико туго моја, овде икс, овде корен, ја за тебе нисам створен
Многу ја сакав математиката, дури планирав да одам на факултет каде што преовладува математиката. Но сега ни ја сменија професорката, ни дојде една намќорка што гледа само да и помине часот, не сака ништо да објасни и поради тоа почнав да се нервирам и да не се замарам со математика..
Не ја гледај ти ич професорката. Штом толку ја сакаш математиката, вежбај сама дома и не се замарај дали она знае или не знае да предава. Материјалот ти треба да го научиш. Се друго се учи, али во математиката се е поврзано и ако немаш добра основа ќе се изгубиш понатаму, а богами и на факултет нема да ти биде лесно, бидејќи скоро на секој факс ја има математиката. Затоа учи си и не се откажувај од неа
Не ја сакам математиката! Баш сега решавав задачи.. Маки живии Не е секој надарен за се, како што не сум надарена ни јас
Пример за множење: 2/3 * 6/4 = 1, бидејќи 2 со 4 ќе се скрати, а исто и 3 со 6, значи ќе биде 2 врз 2 т.е 1 или пак 4/5 * 3/8 = 3/10 Пример за делење: 4/7 : 3/2 = 4/7 * 2/3 = 8/21 Значи кај делењето првиот член се препишува, и се множи со реципрочната вредност на вториот член, или ја обрнуваш дропката.
Математиката никогаш не сум ја мразела како предмет,можев прилично се‘ да совладам и се трудев ептен.Ама затоа па не се сеќавам да сум сакала ниеден професор по математика,освен професорката на факултет.
Леле, подобро не ми спомнувајте. Наставничката многу ни е добра, ама јас и математика - никад! Полесно ми е кога има формули, и теории така-така зависи ако не се многу и не се многу долги. Зашто според формула само заменуваш а и лесно се учат, бар според мене. Јас ама буквално не фаќам книга математика, во седмо ми доаѓаше супер професор и вадев 3-4 на тестовите ама се вработи и веќе не доаѓа. Бев кај друг, ама тој наплатуваше многу скапо и катастрофа објаснуваше. Јас никогаш не сум ни учела математика, ко теле глеам у табла и само препишувам, домашни една дали имам во цела година , пред тестови учам, еве претходниот тест само пред тест учев и извадив 3ка, нешто темата ни беше за пропорција и делење на отсечки и некои равенки. А сега учиме за некојси линеарни равенки, со една, со две непознати.. Ни знам што е, ни сакам да знам! Ако некој од вас знае некој добар професор што наплатува нормално, ако сакате да ми препорачате. Фала ви феминки.
тешко е во средно математика ама некако ќе биде .. кога бев 1во одд си цртавме правоаголници триаголници , квадари а сега....
Отсекогаш ме интересирала математиката. Ама неможам да се справам со неа, има многу непознати! Бидејќи сега имам добра оцена по математика, пред некој ден им кажав на моите дека размислувам да одам на ПМФ. А ова се се должи на мојот професор,т.е. тогаш наставник во основно,што многу добро ни објаснуваше,преку смеа, и јас од тогаш сваќам математика, и вадам добри оцени. А да, и кога објаснувам некого математика, кога блее како дудук, и коа не сваќа една проста задачка.. Се нервирам
Баш денес вежбав математика, во понеделник имам писмена Уште изводи ми останаа да ги повежбам..И не е така тешко, ама треба да се загрее добро столчето, и потребно е континуирано вежбање
Се согласувам со Карина. За математиката треба добро да се загрее столчето, математиката бара многу вежбање, и тоа да биде континуирано, за да може да се надоврзуваш со новите лекции, бидејќи сите се поврзани една со друга, на некој начин.
Уф, глупава математика. Знам дека за нејзе треба континуирано вежбање за да ги сватиш задачите, ама за жал во школо брзо ги објаснуваат задачите, а мене, за да ја сватам задачата треба подолго и подробно да ми објасни, вака не сваќам. А и мрзлива сум, па не фаќам книга математика, еднаш отворив, видов не сваќам и си затворив. Имав прекрасен професор, ама за жал се вработи и сега веќе не предава. :/ Сега имам писмена во четврток за некои си линеарни равенки, со една непозната, со две непознати а јас си немам поима, барам професор ама никако да најдам.
Најнајнај многу ја сакам! Дедо ми кој почина,а јас многу го сакав беше професор по математика.... и така мислам дека како во аманет ми е оставено да продолжам,а и плус многу ја сакам! Сега во средно имам една глупа професорка која ништо незнај да објасни ама си одам на спремање и супер ми е!! Планирам да продолжам на ПМФ после и така....
Математика .Предметот што најмногу го мразам и по толку вежбање пак да добијам една ебе*на 2 ми се чини ке пукнам од нервоза .Не е да не знам до толку, учам од што морам али какви утки правам на тестовите тоа е невероватно.После кога го разгледувам тестот лута сум на себе заради глупостите кои сум ги напишала .Еве у понеделник правам писмена и врска немам. Планирам да се запишам на Економски факултет али што ке правам со математикава појма немам..
Мразам математика !! Најглуп,најдосаден и најмизерен предмет...Посебно алгебра...Геометрија е многу полесно...Учам само за тест и мора да викнам професор зашто ништо нема да разберам.Оние мономи се најтешкии и ништо не разбирам.За нив добив 2 на тест што беше и првата 2ка што сум ја добила а башка и математика ми е класна !
Додека одев на училиште највеке ја сакав математиката и секогаш добивав одлични оценки.Можам да кажам дека од сите предмети намногу ми одеше овој предмет.Дали беше до професорите или пак до дарба не знам,важно јас си ја разбирав.
Само што помислам дека ја сфаќам лекцијата една ужасна и глупа задача се уништува Уф,јас си одам кај една комшика ( си има завршено факултет жената ) и кај неа на часови пред секој тест Инаку четворки и петки вадам математика - ама да не беше комшиката двојки ќе вадев