Па ајде да речам дека сакам! Ми оди, ја разбирам. Решавам задачи и не станувам дури не дојдам до конечен резултат. Инаку, многу зависи од професорот дали ќе ја засакаш. Во основно ми предаваше една намќорка, која скоро и не предаваше. само препишувавме од табла и толку. без објаснување. Бев убедена дека не разбирам математика и дека никогаш нема да ми оди. Кога се запишав во средно, професорката ми се падна супер. Добра е, фина и убаво предава. Почнав да се интересирам, да решавам задачи и ја засакав математиката. Еве сега, се спремам за натпревар. Посакајте ми среќа девојки. хихих
Математика - НЕ! Математиката е мојата најголема мака, сè можам да научам, ама математика не. Всушност не ни знам дали има на светов некој поголем труп од мене во математика. Очигледно математиката ја мразам и не можам да ја сфатам поради наставникот во основно кој воопшто не ни предаваше, само ќе ја напишеше лекцијата на табла и ќе ни речеше да препишеме и толку, ни да отвори уста додека пишува, ниту да објасни ни ништо. И нормално после на тестовите сите вадеа единици, двојќи и тројќи. А сега во средно, професорката одлично предава и се труди на сите да ни објасни, ама ако немаш интерес и ако тотално си дигнал раце од математиката на часови за џабе и да сум сконцентрирана и да внимателно да слушам - ништо, само бледо ја гледам професорката и не ни разбирам за што збори. Моите имаат фрлено многу пари за професори кои ќе ми објаснуваат, и да ќе сфатам нешто од нешто, ама само што ќе седнам на тест се заборавам (дали од страв или од нешто друго ич не знам). Искрено не ни знам дали сум добила повеќе од три петки по математика (не рачунајќи ги оние од прво до четврто).
ЈА ОБОЖАВАМ!! Па затоа и тоа учам.. имам се на се 20 часа неделно МАТЕМАТИКА, и плус 5 физика и 6 информатика, и плус дополнително време дома со задачи.......! Не можам да замислам да учам теорија! Дајте ми и ламди, и иксови, и векторски простори, и функци, и синуси, и интеграли, само лекциии за учење НЕ! Абе ја обожавам.... (
Јас ја сакам математиката ама таа мене не ме сака Срцка професори си имав, убаво објаснуваа амаааааа кога не оди не оди. За некои теми бев махер ама за некои труп. Ко теле во шарена врата... Најмногу криво ми беше кога на писмена ќе ја решавам задачава пола сат, се трудиш, се потиш и пак не ти е точна
Леле добро е имало и други што ја сакале математиката и таа ги опуштала. Искрајно и јас обожавам математика , посебно геометрија. И попрво би земала математика да вежбам отколку теорија нешто да учам.
Не дека ја сакам кој-знае колку, но не ја ни мразам. Онака, имам петка, тетсови и писмени вадам петки и четворки, добро ми оди, ама некогаш се случува некоја задача ама ептен да ме изнервира ! Не се оптеретувам многу, не ме влече математиката и ја учам како обичен предмет, бидејќи сигурно нема да се определам да бидам некој физичар или математичар . Спојлер Сакав да кажам нешто за (нереалните) оцени, приватните часови и такви некои работи, ама не е тука местото .
Јас дури сега ова го гледа.. па не доцнам многу, една цела година . Инаку имам јас некоја си основа и голема воља да научам ама ако некој тоа не знае да ти го објасни џабе е. Па и тест да ти даде со работи што едвај се разбираш а сакаш да ти напишеш, гледаш ти дала задача што не е учена. Е ајде де, ќе сакаш ти да учиш?
Математика ми беше еден од омилените предмети и во основно и во средно, мислам дека и професорите имаа огромно влијание за тоа, сите до еден беа супер. Одлични резултати постигнував, секој ден вежбав и не ми претставуваше проблем затоа што не сакам бубање, учење на памет и на некој начин математиката ме релаксира.
Maтематика- проблематика. Не дека не ја сфаќав- туку ми е антипатичен предмет. Бројки, бројки и само бројки. А јас кутрата- уметничка душа хахаха Имав 5ки со сила....се надевам дека нема да се среќаваме повеќе со овој бирократски предмет!
Ја обожавам математиката. На тест неам добиено во живот помалце од петка. И геометрија и алгебра ми иде. Највеќе ги сакам оние логички задачи. Попрво би решила 1000 задачи отколку да учам теорија.
Не не можам со математикава. Знае буквално цел просек да ми го расипе таа оценка! Ќе видиме има уште малце време -.- многу го мрзам предметов! Ја сум ЗА укинување математика до 4та средно гимназиско, барем до 3 нека биде уффф и после 3 и 4 нека имаат само математичково или барем нека биде поопшта па не сум математичко средно јас!
дали ќе може некој да ми остави бројче на добар професор за математика за средно, само побрзо ми треба...