Во математиката никако неможам да ги сватам дропките абе се утепувам од учење но дропките не ми идат и не ми идат. Но затоа конструкции и формули абе растур правам
Геометрија не можам да поднесам, иако сфаќам и не ми е тешко. Буквално се ежам кога се започнува тема од геометрија на училиште. Премногу ме нервираат кругови, кружници, триаголници, коцки, волумени, плоштини... Ме вадат од кожа. Затоа пак, алгебра решавам со мерак и ми оди доста добро. Кога имаме таква тема на школо, не се замарам воопшто со вежбање, само домашните ги пишувам. Повеќе логика ми има, а и нема гадни слики од геометриски тела. Нема ништо геометриско, можеби затоа и ми се допаѓа. Математика општо не сакам многу-многу, ама не ни мразам. Да речеме дека сум поделена, зависи како ќе ми ги погодат задачите.
Мене ми се чини дека јас го поминувам основно уште еднаш, од почеток до крај Имам три помали братучеди кои за било какви проблеми во решавање задачи, ми се обраќаат мене. Па сега се потсетувам како се решаваат дропки, децимали, множества, дијаграми... Не дека не ја сакам математиката, ама отсекогаш сум била повеќе ориентирана кон општествените науки, отколку кон природните. Од природните науки најмногу ја сакав физиката и со мерак ја учев
Морам да си се пофалам дека ми иде математика и си растурам Математикава ја засакав во основно, кога стигнавме до последната тема- Геометрија. Од една формула треба да изведам уште сто нови за да дознаам само едно нешто, па потоа пак истата постапка, па по треба да барам малецки триаголничиња па пак формули и триста чуда! Исто така ја сакам и линеарната-алгебра а основната математика ми е маалце тешка
Косата ми се крева кога помислувам на било какви пресметки, а камоли математика... Не ме бива, а и како да ме бива кога нигогаш не сум се ни потрудила да ја разберам.
Одсекогаш сум ја сакала математиката,како во основно,така и во средно,па и на факултет.Можеби во голема мера тоа зависело од наставникот или професорот кој ти го предава тој предмет.Мене и во средно,и во основно,па и на факс ми се погодиле луѓе кои што со сите сили се обидувале да ни помогнат за решавање задачи.Дури проф.на факс по 3 саата ни решаваше задачи без да допре. Многу ја сакав математиката и кога би се вратила во школо,тоа би било поради тој предмет.Дури имам една братучетка средно е и неколку пати е дојдена да и објаснам.Девојчето беше тапа,немаше поима од ништо и беше презадоволна како и објаснувам. Дури играше со мене да им давам часови на другарките нејзини.
Јас пак ја отворам темава со едното оче затворено, а со другото на штрек да не начекам оптегнати задачи заради помош за решавање. Математиката ми е одлична страна. Некогаш си мислам дека можеби и штета е што не продолжив да ја усовршувам, туку си тргнав право по патот. Во принцип сите знаеме или барем ќе научиме да се собереме, одземеме, делиме и множиме.
Тешко математиката, тешкоо. Се погодува некогаш некоја тема која ми е полесна, интересна.. Еднаш на 2 години.
Оххх оваа математика живците ми ги корне Бтв да не знае некој како се запишуваше на пр. Точката A лежи на правата р ...имаше некое знакче или со зборови? хаха знам глупое прашањево , али ми треба , а неможам нигде да најдам
^ штом точката А лежи на правата p, значи дека и` припаѓа и се пишува знакчето за припаѓа . ( се пишува како заоблено Е).
Дали знаете некој професор/ка што одржува часови математика тука во скопје, ако знаете дај помагајте дај те ми број за да закажам!!!
Едноставно нели... обожавам математика. Одлична е за да се справиш со стресот, безобразно многу релаксира, како од Господ да е пратена. :geek:
Ја сакам математиката, а ја сакам затоа што ја разбирам. Никогаш мене не ми претставувало проблем да седнам и да си ги изрешам задачиве. Главен виновник за тоа е мојата професорка од 5-то одделение . Кога требаше да се запишам на факултет јас сакав на математика, ама кога ми текна дека треба да се замарам со дечишта идејата се пренасочи кон технички факултет кој има математика.