Јас па многу мразам математика...неможам да ја поднесам..и сеуште не ми е јасно за што ќе ми требаат во животот некои глупости по математика што ги учиме...само да си ја замараме главата со нешто што скоро никогаш нема да ни притреба
Се имам изјаснето на темава очигледно пред тест сум го пишала мислењето Не, шала на страна брзо научувам, ама учам кампањски. Ден, два пред тест и вадам 4, некогаш 5. На крај секогаш имам 5, зошто научувам, колку за крајна оценка. Сум спомнала дека ми квари просек, епа ми квари зошто за 5 треба континуирано учење, а јас сите типови на задачи да ги учам кампањски ме мрзи, не па континуирано. Последниов тест учев саат време и извадив 4, не учев еден тип на задачи, зошто си пресметав од дома кои ми требаат за 4, а да го научев и решев ќе имав 5. Не, не можам да се замарам со предметов, стварно. Не се интересни задачите во обичнава математика. Ги сакам задачите од физика. Да, иако сите обратно, потешко им е физика од математика, мене не. Физика сакам стварно, поинтересни задачи и поинтересен текст на задачата и сама те привлекува, те тера да ја замислуваш ситуацијата од било која област на физиката да е . А не дај пиши букви, бројки и само реши ги. А инаку, луѓе се утепуваат од решавање и вежбање и резултираат послабо од мене, што за кратко научувам. Математикава ја сместувам во предметите кои за многу малку вложен труд, вадам висока оцена. Тоа е добро, инаку ќе морав и јас да учам така континуирано. На факултет мислам да учам редовно, и тоа што сакам и тоа што не сакам од Математика, убаво и континуирано, не само пред тестови. Како и да е, воопшто не е тешко и несфатливо, само не ми е привлечно. Сум пишала во афект да се укине во гимназија математиката до 4та година каква смешка, кај е можно тоа, а и да би се укинала не би имале основни знаења. Стварно сфаќам дека е потребна математикава, и да, нека си остане вака како што е, се демантирам
Dear math, I am sick and tired of finding your "x". Just accept the fact that she is gone! MOVE ON, DUDE! Ех, математико. Сфати веќе еднаш!
^^изгледа на иста тема сме заглавени Ах Математика..до 3та година ја сакав, во 3та избрав математички смер комбинација- б и од тогаш па наваму немам осетено 5ка математика и сеа во 4та да се надевам дека барем уште еден пат на тест или писмена ке добијам..да се надевам
Аааа Несакам ни да помислам на неа денска довив 2 матемтика на писмена,а професоркатаа е Има овдека некој кој сака математика ?
Математико да не беше ти на овој свет јас досега ќе бев на факултет Несакам математика, не ја сфаќам а и воопшто не ми е интересна, едноставно не ме влече. Секогаш сум била тапа по математика и така и ќе остане,ама што да се прави тоа е чаре ЈОК !
Знам дека на темава речиси сите се жалат, но доколку има некој кој е добар во математика, нека одговори на ова-што се релативни и апсолутни бројки?
Математиката ми го загрозува животот. My math book has committed suicide, he had too many problems. Dear Math, All those years you made me find your X. Just face it, she's not coming back! I think it's better for all of us if you just move on. Sincerely, a very bored student.
Математико туго моја Не дека не ми оди ама мрза огромна сум за да застанам и да решавам по ред,и во основно кога не одев на спремање кампањски учев , сите типови на задачи пред писмена и добивав 4-5 а некогаш и 3 и секогаш ама секогаш ми го расипваше просекот иако на крајот имав 5ка И зато кога почнав средно почнав и на спремање вака барем ако не дома на спремање по ред ги вежбам задачите и не ми е тешко пред писмена Иначе ја сакам математика +,- делено,множено,бинарен систем,математичк проблеми абе се сакам само не пуста геометрија
Математика ? Оооо НЕ! Јас незнам што ќе беше ова. Од време на време добивам желба за учење. Седнувам и се трудам. Пред тест решавам 100тина задачи и гледам позади во книгата решението - Точно Леее колку сум радосна тогаш. Гордо станувам од столот како којзнае што да сум открила Одам на тест, сите во паника, јас кулирам. Во фазон - СЕ СИ ЗНАМ БЕ ! И почнува тестот јас ништо незнам Вака ќе го замразам предметов сигурно. На час и дома знам, на тест не Девојки, чаре ?
Математикава некако не ја сакам! Омилени задачи ми се само тие што знам да си ги решавам Питагорова теорема ја знам напамет И ми е омилена ама др. синус,косинус,тангенс,котангенс уфф И да се пофалам едвај научив да собирам во бинарен броен систем 111111 + 101011 ______________________ 1101010 Оhh yeah
Во основно најомилен предмет. Во средно благодарение на професорката најомразениот. Дури ретко и на час седев. А на факултет без проблем го положив. Заклучок:многу зависи од професорот како предава.
математика- никој не сака убедена сум.. сите ги преферираат оние поедноставните предмети инаку ако сакаш математика тоа е само заради професорот