1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Математички задачи

Дискусија во 'Образование' започната од anamariia.x3, 14 јуни 2011.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.911
    Допаѓања:
    81.185
    Пол:
    Женски
    Ајде, јас ќе пробам, па ако некаде имам грешка, ве молам да ме поправите.
    Тука конкретно во дадениот пример треба да ги употребиш основните правила за диференцирање (во случајов, правилото за количник) и табличните изводи.

    y' = (x/sqrt(2-x)'

    y' = [(x)'* sqrt(2-x) - x*(sqrt(2-x))']/ [sqrt(2-x)]^2
    изразот во првите средни загради врз целиот коренов израз на квадрат
    y' = [sqrt(2-x) - x/2sqrt(2-x)]/ (2-x)
    сега го средуваш изразот над дробната црта, наоѓаш НЗС

    y' = [2(2-x)-x]/ 2-x

    y' = [4-3x]/ 2-x
    * изразот го ставам во средни загради, за да биде попрегледно што се' треба да стои над дробната црта.
    Мислам дека би требало да ми биде точна. :)
     
  2. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    760
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    како се пресметува модална средина?
     
  3. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    117
    ako мислис на мод или мода уште се вика тоа е примерокот кој најцесто се јавува во податоците (не мора ништо да пресметуваш само преброј)
     
  4. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Mатематичари на Форумов , ПОМОШ!

    На пример да земеме дека sin 30=0.5, што треба да притиснам првин на дигитрон за да најдам arc sin 0.5=30
    Ми излегува нешто како 0.52.....
     
  5. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Зависи од дигитронот, кај мојот прво стискам shift(некаде е како 2nd function), па после го стискам синусот, па 0.5 и = ;)
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    117
    провери првоо дали е наместен степени да показува има опции РАД ГРАД и ДЕГ треба да е на дег за да ти даде степен како ресение
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.911
    Допаѓања:
    81.185
    Пол:
    Женски
    Дечки, а како да разликувам сложен од оној обичниот извод во задача каде нема да биде наведено каков е изводот, или пак, обично секаде потенцираат кога се работи за сложен ? :?:
     
  8. 20062006

    20062006 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    8
    На почеток пишува од кои променливи е зависна функцијата.Ако има само y=f(x) тогаш диференцираш само по х.Ако и x е функција од некоја/некои променливи тогаш има сложен извод и треба да диференцираш и по тие променливи.
    На пр. ако y=f(x) и x=f(u,v) тогаш dy/du=(dy/dx)*(dx/du) , dy/dv=(dy/dx)*(dx/dv). :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  9. erinxh123

    erinxh123 Активен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ve molam do utre ako moze nekoj da ja resi zadacava.Fala Odnapred.

    Милан и Никола заедно можст да завршат една работа за 10 дена.За колку дена работата ја завршува сам Милан, ако Никола ја завршува за 15 дена ?

    I na ovaa istotaka.Благодарам.

    Во равенката x-5a vrz 5 - 2a-3 vrz 3 = 2x=4a одреди го a така што решение на равенката да биде бројот 10.
     
  10. 20062006

    20062006 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    8
    ((x-5a)/5) - ((2a-3)/3) = 2x

    Дали овака изгледаат дропките?
    ЕДИТ :
    ((x-5a)/5) - ((2a-3)/3) = 2x = 20
    (ако х=10 е решение)
    ((x-5a)/5) - ((2a-3)/3) = 2x //*15
    3x-15a-(10a-15)=20*15
    3x-15a-10a+15=300
    3x-25a=285
    30-25a=285
    -25а=255
    а=-10.2
    ==
    Милан и Никола заедно можст да завршат една работа за 10 дена.За колку дена работата ја завршува сам Милан, ако Никола ја завршува за 15 дена ?
    никола-15 дена
    Милан-х дена, Никола - у дена.
    за 1 ден : 1/х+1/у=1/10
    Никола : 15 дена
    1/х+1/15=1/10
    1/х=1/10-1/15=(15-10)/150=5/150=1/30
    х=30
    Пиши ми дали е ок. :)
     
  11. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Со погодни трансформации да се решат задачиве :)

    sin2x-tgx=0

    sinx+sin3x=0

    Формула која треба да се искористи за sinx+sin3x=0 е ( барем така ми изгледа на прв поглед)

    sinx+siny= 2sin(x+y)/2 cos(x-y)/2

    а за sin2x-tgx=0 е sin2x = 2sinx cosx

    Ама резултатите не ми доаѓаат како што се во учебникот. Помош Феминки !
    Можеби некаде грешам, ама незнам каде :(
     
  12. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    117
    за првата
    sin2x-tgx=0 => 2sinxcosx-sinx/cosx=0 =>(mnozi so cos)=> 2sinxcosxcosx-sinx=o => sin:@2cosxcosx-1)=0 => deka sinx =o t.e x=0+k*180 i vo vtor slucaj 2cosxcosx=1 =>cosx=sqr(1/2) tr x=45+k*90 (ili prefrli vo radijani-zavisi vo sto resavate)
    vtorata sinx+sin3x=0 => (2sin(4x/2))/cos(2x/2) =>(2sin2x)/cosx=o => 2 sinxcosx/cosx=o => 2 sinx=0 t.e sin x =o )resenie isto kako gore)
    се надевам дека помогнав
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Како да пресметам должина на висина на тетраедар АBCD спуштена од темето А, ако А (0,6,4), B( 3,5, 3) C (2, 11, -5) и D ( 1, -1, 4). Не мора цела да ја решавате, само инструкции да ми дадете ако знаете...

    Ова линеарна алгебра е, ама и таа е математика :)
     
  14. programerka-2nd

    programerka-2nd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Значи имаш тетраедар ABCD, и висина од точката A. Задачава е многу едноставна:

    Избери едно теме од тие на основата (B на пример). Формирај вектори BA, BC, BD. Од општа култура :D знаеме дека висината се добива како однос помеѓу волуменот и плоштината на базисот на телото. Она што треба да го направиш е да најдеш волумен на телото и плоштина на основата и да ги поделиш. Со оглед на тоа дека ти се дадени координатите на точките, многу лесно ќе ги пресметаш мешаниот и векторскиот производ. Плоштината на базисот е 2 пати помала од онаа на паралелограмот над BC i BD, а волуменот на тетраедарот е 6 пати помал од волуменот на паралелопипедот над векторите.

    Всушност, не ни мора да бараш тетраедар, зашто истата висина би ја имал и паралелопипедот, па така би ти било поедноставно за пресметка. ;)

    Ако грешам слободно корегирајте ме, одамна го полагав ова. :)
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Ова има логика ми се чини. Само не знам како да нaјдам волумен на тетраедарот. Волуменот е
    1/12 √2 a^3 . Kaко да го најдам а не знам.

    Фала што се потруди програмерка :)

    П.С. Нека објасни и професорката на крај и краиштата :D
     
  16. programerka-2nd

    programerka-2nd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Изгледа некој не слушал на час :rofl:

    Волуменот на паралелопипедот формиран над три вектори кои не лежат на иста рамнина е бројно еднаков со мешаниот производ на истите тие вектори. Овој паралелопипед содржи во себе шест тетраедри со еднаков волумен и плоштина, така што волуменот на еден тетраедар е 1/6 од вкупниот волумен на паралелопипедот. Не сфатив тоа формулата што ја напиша последно за што ќе ти е, ваквите задачи се решаваат со примена на векторска алгебра. Мислам дека би требало сега да ти е јасно, ако не прашај, отворени сме за соработка. :)
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ickovska

    Ickovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    94
    Конструирај триаголник ако се дадени тежишните линии ta,tb,tc. може да ми објасни некој постапка на решавање?
     
  18. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Програмерке низ сите теми ме изврте од учебников :D . Еј , конечно сега знам што е задачава.

    Ма да ме убиеше ова немаше да ми текне. Срце си и многу ти благодарам :*
     
  19. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.423
    Допаѓања:
    91.481
    Пол:
    Женски
    Дали ќе сака некоја да ми пише лп за ирационален број. Ми требаат формули за да објаснам што е ирационален број.
    Фала :$
     
  20. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    117
    не знам на какви формули мислиш
    ирационални се сите бесконечни непериодични децимални броеви како пи, корен 2, корен 3.....