1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Матичар во ресторан

Дискусија во 'Свадба' започната од soncenceto.matea, 22 март 2012.

  1. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Феминки дали некој знае каква е процедурата за да дојде матичар во ресторан да венчава?слушнав дека требало да се добие одобрение и дека без тоа не може да се закаже,а плус и скапо било.
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Па тоа се средува во матично, а чини мислам око 6000 и нешто. Лускуз ми е мене ова, ако не сакаш да се маткаш натаму наваму, ќе си платиш фино лепо. :)
     
    На soncenceto.matea му/ѝ се допаѓа ова.
  3. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Во мојот град беше се плаќаше регуларно 1000 ден,а ако сакаш во ресторанот плус 1500,значи доаѓа 2500,е сега Ск.сигурно е поскапо.Мене пак не ми играше улога тоа.
    Инаку најубаво појди си во матично таму прашај си :)
     
    На soncenceto.matea му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Другарка ми се регистрираше во ресторан и можам да кажам дека беше преубаво исто како на филм. :) Мислам дека немаше некои предходни процедури само си закажаа регистрација во ресторант. А за плаќање како што се сеќавам 3000 денари платија, а изгледа во секој град си е различно :)
     
    На VayaConDios и soncenceto.matea им се допаѓа ова.
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Напорно е, веднаш да ви кажам а и скапо е. Во Ку-во се плаќа 7500ден и + да ги земеш од дома и да ги вратиш. И кога прашавме зошто бре толку скапо нели као тие пари одат кај матичарите. Епа не одат, одат на сметка и се под МВР.
    Почнувајќи од сабајле со сите тракатанци, прво црква па потоа кафана каде што ќе дојдат матичарите нели, навидум се гледа дека се скратува времето за постапката ама не е така. Пред одење во кафана имаш некоја мала пауза и потоа окапуваш (нели сите сакаат да честитаат и да се сликаат) додека да се приберат сите гости. А сите гости се прибираат за саат време значи некаде до 20-20,30 а тешко дека ќе натераш матичар да дојде тогаш или да чека додека сите не се приберат или да ја почнеш церемонијата без сите гости.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    А кај нас пак мора прво да си регистриран за да можеш да се венчаш во цркава и затоа прво е регистрација па венчавка
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Кај нас не важи тоа правило, баш го прашуваа попот дали може и тој рече дека во матично склучуваш брак пред државата а во црква пред Бога па демек правило е прво црква па матично а обично е обратно.
    Слободни термини ти го диктираат темпото
     
    На Sudika му/ѝ се допаѓа ова.
  8. I.vana

    I.vana Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    40
    Во Скопје цената за матично во ресторан е 6000, тоа сигурно. А процедура нема никаква, одиш во матично и си бараш датум и каде сакаш. Може и нотар да ве венчава, тоа е најново. А процедура е голема и со одобрение, ако датумот на регистрација е празник. Поздрав
     
    На soncenceto.matea му/ѝ се допаѓа ова.
  9. majaaaaaaa88

    majaaaaaaa88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    27
    и јас размислував за oва и искренo при сите тие трoшoци уште 3000ден нема мнoгу да ми сменат,јас имам присуствуванo на такoв чин и навистина беше прекраснo..ама сепак не знам дали јас да се oдлучам за таквo нештo
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Мене оваа идеја ми изгледа добра, најмногу заради тоа што изгледот на самото матичното во Скопје е одвратен, беден и никаков, плус со тајфата циганчиња надвор, тој застарен ентериер |( , целата атмосфера таму е мовлива и не ми се верува дека уште никој од градот Скопје не се реши да го реновира тоа важно место или да изгради ново.
    Таму се удира официјалниот потпис, нема да штети ако изгледа фино и пристојно, а не како во штала, нели?
    Не знаев дека и нотари имаат дозвола да венчаваат, уште подобро.
    Не гледам зошто некој нема да одвои еден час од своето време, макар и во сабота навечер, за 6000 ден.
    Плус, за свеченост како свадба, кај биле, кај не биле плус 50 евра.
    Тоа е дури премала цена за лишување од хоророт наречен Матично во Скопје.
    |(
     
    На mssuniquee, Sudika и VayaConDios им се допаѓа ова.
  11. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    и ние (всушност јас ) решивме да не одиме во матично туку матичарката да дојде кај мене дома.

    кога идат мочето со фамилијата по невестата, пред да одиме во ресторан, ќе се венчаме тука. убава мала градина со најблиските ... мислам дека е совршено за еден таков битен момент и нема да ми пречи да доплатам колку треба, бидејќи многу други давачки ги скратив.
     
    На monik-87, drugarka, Hopeful и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.641
    Допаѓања:
    251.409
    Пол:
    Женски
    Малку надвор од претходните коментари но и ова е дел од нашата реалност, на свадбата кај братучетка ми матичарот дојде во ресторанот труп пијан. Ептен младите и пријателите нивни го земаа на мајтап целиот настан па некако ја направија ситуацијата од трагична смешна инаку матичарот не беше во состојба да им ги прочита ни имињата.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    :x :x Божеее свашта
    [​IMG]
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Последната свадба на која бев, кај братучетка ми, беше на тој принцип.
    Правеа во Воденица, матичарите дојдоа во големата сала, и таму ги венчаа. И баш беше убаво.
    Мене никогаш не ми се допаѓала таа тура од кај младоженецот - кај невестата - па во црква - па во матично - па дури на крај во ресторан.
    И ајде влечкај ги гостите од едно до друго место, па тарабуки, па сликање... и додека да дојдеш во ресторан, веќе ќе бидеш преморен.

    Се сеќавам на статијата што ја имаше во весник, ама не можам сега да ја најдам...
    Пишуваше за тоа кога ја асфалтираа улицата - времето беше топло, па гостите со штиклите и кондурите средени, почнале да пропаѓаат во асфалтот |(
    А за ентериерот на матичното, ич да не зборувам...
    Така што, дефинитивно сум за оваа идеја.
     
    На tinkerbelll и Trendafilka им се допаѓа ова.
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Интересна уникатна идеа,направи го тоа што на вас двајцата највеќе ви се допаѓа.
    П.С. ние со дечко ми баш денеска се шалевме дека ќе го чекаме новото матично и тогаш ќе се земеме во него :lol:
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  16. I.Radman

    I.Radman Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    29
    Ова со матичар во ресторан е убава работа само што брат ми го женевме скоро и матичарот беше во ресторанот.

    Работата е што подоцна дознавме дека сега за секое вадење на извод за венчани се оди во градот каде што те веначеле т.е каде што се прославувало.....затоа што ние сме од друг град,а свадбата беше во друг град.

    Матичарот го викнавме од нашиот град,а сега извод за венчани зема брат ми од друг град.....

    Зошто така незнам :?:
     
  17. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Јас сум за оваа опција,повеќе ми се допаѓа одколку идеше во матично.Вака барем работата ќе биде побрзо завршена и сите гости ќе може да присуствуваат на чинот.
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Затоа што припаѓа на таа општина. Ние летоска бевме на свадба во Етно село. Тоа е во с.Мл. Нагоричани и припаѓа под општина с.Старо Нагоричани и на венчаницата си стои с. Ст.Нагоричани.
    Не е ни битно толку затоа што венчаница се вади ретко за администрација
     
  19. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Сакав само да надополнам дека 6000 денари е за викенд - во Скопје.
    За делник е 3000 денари... :)
     
  20. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.353
    Јас бев на една свадба каде што матичарот дојде во ресторанот и воопшто не ме се допадна. Некако се изгуби онаа интимност што ја има во матично. Во ресторанот доагаа луѓе, трчаа деца, имаше доста галама и не се слушаше ништо. Според мене матичар во ресторан не.
     
    На orinoco му/ѝ се допаѓа ова.