Исто и јас не сум за матичар во ресторан,тогаш веќе се сменва цела традиција и процедура,па мене ми изгледа башш глупо.Е ај ако не и попот да го викниме во ресторанот.пссс
И јас еднаш присуствував на таква свадба и навистина не ми изгледаше интимно. Кај нас венчавањето е во убава сала, па тука можеш да си направиш и посебни слики од тој чин и ќе речеш да тука сме кога се регистриравме , слики со чаши, на убавите кралски столови, со сите ептен блиски луѓе. А за ваму во ресторанот, па бидејќи беше на отворено дури и светлина немаше доволно , може и згрешиле во потпишувањето во книгата, ха, ха. Луѓе , не претерувајте со таквите изрази за малтретирање и не знам што слично, па и кога човек умира, ај сигурно сте биле на погреб не се случило одма се , пак и тука зарем не се малтретираат луѓето?! Вака е барем за убаво, исто како во тага така мислам и дека во радост луѓето сакаат да си бидат со блиските и тој ден да трае подолго, има време кога да се одморат после тоа.
За сите што се заинтересирани да ангажираат матичар на терен (ресторан, дома, на ливада и сл...) еве ви неколку информации. http://www.uvmk.gov.mk/?q=node/71 Ова е веб страницата на Управата за водење на матичните книги. Тука можете да го симнете барањето, правилникот и примерок од уплатницата. Во правилникот е објаснето како се пресметува цената. Ние закажавме свадба во сабота, со почеток од 20:00 часот. Цената што ја плативме е 3300 денари, во Скопје, оддалеченост до 10км. Некои од вас спомнаа дека чини околу 6000 денари, па претпоставувам дека саботава ја рачунаат како работен ден, не знам. Барањето го поднесовме во Управа за водење на матични книги, Министерство за правда. Се наоѓа во зградата на Нова Македонија, не оној главниот влез кај што се другите министерства и агенции, туку по на десно, позади тревникот/паркчето. Не е баш најпрегледно. Таму го земав и ова упатство. Го скенирав и го постирам како слика. Се надевам дека информациивие на некого ќе му бидат од корист. Поздрав
А каде ја правите вашата свадба и на кој датум? Јас поднесов барање за матичар да ми дојде во сала, за 30 јуни во 7Ч15 и ми рекоа дека треба да платам 6600ден.
ххмммммм.... каде и кога ни е закажана свадбата нема да откријам, од разбирливи причини, на форум сме. Еднио ова, местото каде ќе биде свадбата е максимум 2-3км оддалечено од матичното, во истата општина се. Ние лани го закажавме датумот и тогаш ни ја одредија цената. Зошто има разлика во цените, не знам.
Кога ние прашувавме за матичар за во ресторан за петок навечер ни побараа 5000ден а за сабота вечер 6000ден.
ми се чини ко од ракав да ги вадат цениве, никаде нам правилник по кој се водат па да знаеме и ние граѓаните. тоа што е ставено на сајтот за одредување на цена по километар очигледно не функционира
искрено , матичар во ресторан од една страна е добро од друга не ми се допага моментот во ресторан да се изведе тоа ама кога ке помислам дека ке има галама едно друго ...незнам а и не сум прашала колку ке чини , па и не е 100 евра малку пари мислам
Ние без размислување решивме да одиме во матично, а не да дојде матичарот во ресторан (иако нашите викаа подобро во ресторан). Ние и двајцата од сентиментални причини сакавме во онаа старана барака во парк што ако не ја срушат скоро сигурно самата ќе се сруши...во истата просторија кајшто и моите и неговите родители пред години-години се земале ) Па да имаме и сликање на тие скалите и да ја доживееме и музиката на тие уличните музичари... си има се своја убавина
Мојот дечко сака да се регистрираме во ресторанот,но јас не сум за тоа,некако се многу 100 евра да дадам за да дојде матичарот во ресторанот каде што ќе правиме свадба,а и како што напоменаа некои се губи интимноста и магијата од цела галама што ќе се направи.Ако не се регистрираме во матично,тогаш би сакала да дојде дома,односно во градината ако правиме летно време свадба или на пролет,би било убаво и романтично
Мене ми се допаѓаа идејата за матичар во ресторан. Како што не сум љубител на свадби со сите адети, на едно место би сакала да се заврши целата работа. Па кад је бал, нек је маскембал. Пред две години кај тетка ми на свадба дојде матичар во ресторан. Тие си живееа заедно веќе неколку години и немаа церемонии од типот иди ми -дојди ми -земи ме, си се спремија, им дојде друштво дома, оп во ресторан, таму се венчаа и имаа прекрасна свадба. Бабите дедовците и другите (такви) роднини се бунеа, збореа, какво е ова венчавање тука во ресторан, не научени на такви адети, но тоа си е интимна работа. Кој како си милува, така нека си прави.
Feminki, i nas ni bese prvicno idejata za maticar vo restoran, ama ne pred site 250 gosti, tuku pred da pocne priemot na gosti (pr. ako e priemot od 19h, nie maticnoto da go napravime vo 18.30h), za da ima pogolema intima i tisina. Gledav sliki/snimki od svadbi kade sto bile site gosti prisutni i ima galama, razdvizenost, na nekoj mu zvoni tel, kelnerite setaat... Sepak, ima mnogu trcanje i ovde, pa na pola od cekorite se otkazavme i si zakazavme vo maticno Park. Deckoto bese celo vreme za tamu, bas od tie tradicionalni pricini, tamu site se vencale, sakal da se slika na skalite, sakal cigancinja.. )) A cenata e 6600 na smetka na MVR, plus ke baraat da gi zemete i vratite ili pari za taksi okolu 1000 denari.
^како бре? 1000 за такси? тие памет имаат ли ај ај уште малце, кога ќе се отвори новото матично ќе видиме тогаш што ќе прават.
цената 6600 за доагање во ресторан е секаде истата , и парите за превозот се фиксни , значи не е битно дали е Битола Куманово Велес......се работи по правилник
Мене ова некако не ми одговара. АКо викаш матичар во ресторан, не можеш да се венчаш во црква бидејќи во црква ти бараат потврда од матично. Може некој подетално да ми го објасни ова?
Немва врска Теа, нас во црква не ни бараа ништо , прво ни беше закажано во црква па послем во матично зошто немаше термин.. уште кога отидовме во црква да закажеме им кажавме како што е и не венчаа ни го бараа послем тоа само изводот од венчани да го однесеме за да не евидентираат и толку
ние се венчававме охрид во црква и таму не ни побараа ама баш ништо, само си закажавме и отидовме на венчавка
Па тогаш добро . Јас знам дека на братучетка ми и бараа потврда од матично, но чим се прави договор добро е
Ние имаме сериозен проблем со матичното. Сакавме се да биде во ист ден, бидејќи сме се фатиле за таа симболика за 10-годишнината ко пијани за плот, арно ама, после еден месец дознавме дека свадбата ни се паѓа на Велигдеееееен. Е, господата, немале поим дали ќе работат тогаш, ќе знаат ваљда на ден Велигден, па тогаш ако не да си закажеме. Толку многу ми се гледаат оние 6 600, а плус и превозот, нели, а да одиме порано, минимум што можеме да бидеме се 15 луѓе, да ги однесам само на пијачки, да не е ручек, по минимум 10 евра да бидат, исто ми се фаќа. Ќе рече некој на тој трошок за 100 евра, ама мене тие 100 евра ми се фустаноооот! Толку ќе ме чини верувале или не.