1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Матичар во ресторан

Дискусија во 'Свадба' започната од soncenceto.matea, 22 март 2012.

  1. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Ве читам и тек сега сум сосема збунета :rofl:
    Ние закажавме свадба на 20 април 2014 (ден велигден) и сега читам по темава не знамеле од матично дали ќе работат односно дали ќе може да излезе матичар на терен. Ако има некој поупатен да ме просветли :lol:
    Фала!
     
  2. Lexus

    Lexus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Мисила дека нема да има проблем , ама се плаќа двојно. Сепак распрашај се ;)
     
  3. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    паметно,како што кажа една феминка за да нема шетање натаму-наваму,најпаметно во хотелот така и планираме па ке видиме што ке испадне до свадбата има уште многу време :D ,а и мислам дека се плаќа 100 е :)
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^за викенд е 100е.
    преку недела 50е.
     
  5. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Не ми се допаѓа.
    Присуствував на една свадба каде што имаше матичар пред отварање официјално на веселбата,и матичарот одзема прилично многу време.Пример,свадбата почнува од 8(прием на гости од 7-7ипол),а матичаров остана до 9ипол да зборува.
    Мене лично ми е одземање време,зошто ресторанот се знае за што е.
    Матично може да се направи и пред денот на свадбата,за да биде порастеретено.
    Инаку,во ресторан(барем на моја свадба) нема шанси да викнам матичар :D
     
    На Nati.P и fighter им се допаѓа ова.
  6. ivance5

    ivance5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    196
    Мене матичарот ќе ми дојде во црква. Закажав венчавка во црквата СВ.Петар и Павле во Лисиче. Тие си имаат посебна просторија за венчавка од матичар. Во дворот на црквата, во зеленило, ако е убаво времето, ќе ме венча матичар!
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.157
    Допаѓања:
    46.953
    Пол:
    Женски
    Нас матичарот не венчаше во ресторан, половина час порано пред да почне приемот на гости . :) Така направивме за да бидеме само со најблиските и да нема гужви , немаше воопшто реферати од страна на матичарот за некои си 25 минути се беше готово :)
    Инаку не плативме ништо зашто ни следуваше бесплатно бидејќи мајка ми е матичар :)
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BunnyGirl

    BunnyGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    86
    Ние си поднесовме барање во зградата на Нова Македонија. Одма утредента ни се јавија да ни соопштат дека има слободен матичар на тој ден, и не упатија да одиме кај матичарот од надлежниот реон да составиме записник и да ги доставиме потребните документи. По однос на цената, ние ќе платиме 3.300,00 денари бидејќи правиме во првата сабота од месецот, и таа сабота ја сметаат за работна сабота и затоа е поефтино, а и местото на кое ќе правиме свадба не е одалечено повеќе од 10 км.
     
  9. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    На последната свадба кај шо бев имаше матичар во ресторанот од ко дојдоја сите гости.
    Мене воопшто не ми се бендиса со оглед то шо никој не слушаше сите си праеа муабет, стоеа простум и само шушкаја никој ништо не разбра и не слушна.
    Сепак матично си е матично со најблиските и тишина да е и се да се слушни.
    Дефинитвно во ресторан не.
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. jojo9

    jojo9 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    6
    Мене ми е супер матичар во ресторан особено ако е летна свадба. Само да не биде кога ќе дојдат сите гости туку да бидат само најблиските пред да почне приемот. Присуствуваме со дечко ми на повеќе такви свадби и на двајцата многу ни се свиѓаше.
     
  11. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.073
    Допаѓања:
    17.215
    Пол:
    Женски
    Јас некам во ресторан матичар.
     
  12. sweetgeisha

    sweetgeisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Дечки, имам едно прашање (гледам се зборува за матичен секако :) ) следната година се мажам само сакам да знам (за да си почнам процедура ако треба), вака - на пр.
    Моето име е Ена Андонова и кога ќе се мажам сакам да го додадам презимето на маж ми Игнатов, но од почит кон дедо ми сакам и да го земам и неговото име како презиме т.е. да го сменам постоечкото Андонова( дедо ми се вика Вито) па да бидам Ена Вито Игнатов како конечен продукт :D Па сакам да прашам ако некој знае да не почнувам постапка сега за менување презиме дали е можно кога ќе се мажам да го сменам наеднаш, дали тогаш само треба да му кажам на матичарот да ме пишат така, па после ќе си мењам документи секако..или не е така баш :^) Дали знае некој повеќе околу тоа???
     
  13. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    Ена, по логика нема шанси директно да можиш да го смениш. Во венчаницата ти стои и моминското име според извод на родени или лична карта така да најпрво во личните документи треба да го смениш. Најдобро да си идеш во матично да си прашаш.

    Инаку име како презиме + презиме во машки род... за мене е малку too much но твоја одлука си е.
    Со среќа.
     
  14. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    И јас бев загреана многу за да викнам матичар во хотелот каде што ќе правиме, свадбата ќе биде во Охрид и кога се јавивме да прашаме ни кажаа дека е 10000 денари :o Ејјјј во Скопје е 6600 а во Охрид 10000 денари (facepalm) Не ми се верува. Ме фати инает и мене и вереникот и одлучивме да си ја земам еден ден старосватицата, тој ке си земе другар за да ни бидат сведоци и самите ќе одиме да не венчаат а со остатокот од парите ќе си направиме една добра гозба, не им ги даваме :P
    Има ли можеби некој од Охрид што се венчавал во матично да ми каже дали треба најпрво на брачно советувалиште и што документи ќе ни требаат за да закажеме датум?
     
  15. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Девојки да ве замолам да ми кажете во врска со закажувањето матично. Ние сакаме матичното да ни биде посебен ден, но не во ресторан, туку во матичното во Центар. Читав дека документите што се потребни се: лична карта/пасош, извод од матична книга на родени. Е сега тука имам прашање дали сеуште треба изводот да не биде постар од 6 месеци или ова не важи веќе? Потоа барање за издавање извод од матичната книга на венчани, такса 100 ден. и административна такса 50 ден. Следното прашање ми е каде треба да одам за да ги поднесам овие документи? Дали кога ќе ги поднесеме, тогаш и ќе го закажеме терминот и часот? :)
     
  16. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    баш би сакала матичарот да дојде во ресторан,или во црква се во едно да биде,многу ми е попрактично
     
  17. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека е попрактично, ама па и чини пари посебно за викенд. Така да, подобро е да ги искористам тие 6000 ден. за нешто друго. :)
     
  18. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    а различна е тарифата викенд или од пон-пет?
     
  19. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Да различна е. Надоместокот кој се плаќаше 3.000,00 денари сега изнесува 3102,00 денари, за надоместокот кој се наплатуваше 3.300,00 денари сега изнесува 3.402,00 денари, додека за надоместокот кој изнесуваше 6.600.00 денари сега изнесува 6.804.00 денари. Преку неделата три илјадарки, а за викенд скоро седум илјади. Не е воопшто малку. :)
     
  20. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Улалааааа ,цццц ич не е малку,фала за информација :)