MissDaisy се регистриравме во четвртокот и додека ми е свежо ќе пишам што се треба за матично. Од документи убаво си напишала што треба. Е сега во врска со изводот не треба да ти е постар од 2008 година (изгледа има некој закон кој има извод од 2008 му важи, веќе не постои тоа правило за 6 месеци постар да не е). Ако во случај ти е постар од 2008 тогаш ќе си појдеш во Мтв, од страната на Вардар и ке си поднесеш барање за извор. Од документи ти требаат барање(го земаш на шалтер), 2 уплатници, такса 100 ден. и административна такса 50 ден. Ти треба и лична карта. Откако ќе завршиш со ова одиш на шалтер број 5 и ти даваат ливче, за 5-6 дена да си го подигнеш изводот на шалтер број 7. Е сега изформации за матичното не можам да ти дадам бидејќи ние се регистриравме во Охрид, таму во истиот ден ни направија записник а покасно не регистрираа, во Ск е поинаку мислам.
Ти благодарам. Баш си го најдов изводот од 20.05 2008 е. Сега само не знам дали ќе ми го прифатат пошто податоците ми се на латиница пишувани. Го вадев за во странство кога идев. Има некој родител што му е матичар да каже?
Ако може некој да ми каже дали сеуште важи тоа дека ако се паѓа прва сабота во месецот дека цената на матичар во ресторан ќе биде пониска од онаа 6 ипол илјади?
Јас да споделам свежа информација за процедура за матичар на терен. Прво, пополнувате барање за покренување на постапката, ќе го најдете на овој линк http://www.uvmk.gov.mk/?q=node/71 кое се поднесува до Управата за водење на матичните книги во архивата. За ова барање не мора двајцата да одите, може едниот партнер само. Тие го заверуваат и ви прават 2 копии од истото. После ден-два, ви се јавуваат од Управата на телефон за да ви кажат кај кој матичар треба да појдете и контакт број од него. Кај матичарот задолжително одите двајцата, се даваат изводите (да не се постари од 6 месеци), копии од лични карти и уплатници за административна такса од 100 ден. и 50 ден. за извод од МКВ. Во некои матични служби овие административни такси можете да ги платите на лице место со картичка и со тоа да си заштедите на банкарска провизија. Матичарот составува записник врз основа на податоците од изводите. Невестата треба на записникот да запише како ќе се презива (дали ќе го земе неговото, ќе го додаде неговото на своето или ќе го задржи само своето презиме). Двајцата ќе се потпишете на записникот. Се потпишува согласност за обработка на лични податоци бидејќи давате копии од лични карти. Потоа, се пополнува барањето за издавање на извод од матична книга на венчани и тоа е тоа. Износот за матичар на терен си се плаќа на посебна уплатница некаде 10 дена пред датумот на свадбата и се доставува до Управата за водење на матични книги. Ако некој прави свадба на датум што е прва сабота во месецот, да знаете дека надоместокот е 3402 ден. наместо 6802 ден. бидејќи таа прва сабота ја сметаат за работна.
Ме интересира дали има некој информација за тоа дека по закон сеа по ново пред да се закаже матичар мора да се иде на брачно советувалиште ....се повеќе глупости измислуваат али ме интересира дали некој има искуство со оваа работа
Нема никакво брачно советувалиште. Ние се регистриравме во септември. Матичарот ни дојде.Прво, пополнувате барање за покренување на постапката, ќе го најдете на овој линк http://www.uvmk.gov.mk/?q=node/71 кое се поднесува до Управата за водење на матичните книги во архивата. За ова барање не мора двајцата да одите, може едниот партнер само. Тие го заверуваат и ви прават 2 копии од истото. После ден-два, ви се јавуваат од Управата на телефон за да ви кажат кај кој матичар треба да појдете и контакт број од него. Кај матичарот задолжително одите двајцата, се даваат изводите (да не се постари од 6 месеци), копии од лични карти и уплатници за административна такса од 100 ден. и 50 ден. за извод од МКВ. Во некои матични служби овие административни такси можете да ги платите на лице место со картичка и со тоа да си заштедите на банкарска провизија. Матичарот составува записник врз основа на податоците од изводите. Невестата треба на записникот да запише како ќе се презива (дали ќе го земе неговото, ќе го додаде неговото на своето или ќе го задржи само своето презиме). Двајцата ќе се потпишете на записникот. Се потпишува согласност за обработка на лични податоци бидејќи давате копии од лични карти. Потоа, се пополнува барањето за издавање на извод од матична книга на венчани и тоа е тоа. Износот за матичар на терен си се плаќа на посебна уплатница некаде 10 дена пред датумот на свадбата и се доставува до Управата за водење на матични книги Пред да уплаќate, јави се за да ти ја кажат точната сума бидејќи е различна ако регистрацијата е пред 15 или после 15 часот. И тоа е тоа, после си го чекате матичарот на договорената локација.
Ти благодарам за информациите ние закажавме за 3 септември тоа е прва сабота во месецот глеам овде различни цифри кажуваат па ќе видиме.
Штом ви е прва сабота во месецот, ќе платите околу 3000 и кусур денари зависно од часот на закажаната регистрација.
Nie plativme 6800 denari za da dojde matichar vo restoranot I plus moravme i prevozot da im go platime dodatno.. Jas se nervirav koga mi kazhaa kolku pari ke ne chini i probuvav da go razubedam mm ama toj epten sakashe da dojdat vo restoran i si gi lupnavme parite bez vrska
Ние немавме никакво советување, а како што ти кажав праевме свадба сега во септември. Да не смениле нешто во меѓувреме.
Не е малку многу да платиш 6800+превоз за матично за да се потпишеш само и да ти дадат едно ливче? Ако отидеш во матичното тогаш само на уплатница 150 денари се плаќа ако не се лажам. Епа има разлика. Подобро ќе дадам 150денари а со останатите ќе се почастиме.
Зависи кој како гледа, за некој е многу па да даде 500 евра за венчаница. А и да правиш посебен ден матично пак без 500 евра не си, па кога ќе видиш тие 3000 или 6000 денари, вака-така ќе ги дадеш.
Секако има многу трошоци за и околу свадбата ама па и цената на венчаниците зависи од квалитетот на материјалите и изработката. Ако некој несака да купува венчаница за 500 евра може да купи за 1000 или повеќе илјади евра. А за матичното кај и да го правиш исто е нема никаква разлика истата работа се случува и во нивните простории и во ресторан.
@MissDaisy како поупатена, или некој друг ако знае, каде да ја земам таа уплатница (ако ја има онлајн уште подобро) за да го платиме матичарот?
Копија од уплатницата може да земеш од канцеларијата на УВМК кај Нова Македонија. Мислам дека можеш сега и директно таму да платиш со картица.
dali nekoj moze da mi kaze sto tocno prasuva maticarot za vreme na potpisuvanjeto ako pametite mnogu me interesira?I koga ke odis da zakazes za potpisuvanje ke ti kazat odma dali moze ili pokasno te izvestuvaat,dodeka gi proverat site dokumenti?
Треба да закажете и двајцата. Документи кои ви се потребни се лични карти од двајцата (оригинал) и извод од матичната книга на родените (да не биде постар од 6 месеци). Ќе ви дадат и уплатница. Не прават проверка. Запишуваат податоци во една книга и ќќе ве прашаат за презимињата, за да може изводот од венчани да биде готов на свадбата.
a na samoto potpisuvanje neli treba svedoci da bidat prisutni i tie isto se potisuvaat ,togas sto prasuva maticarot neli nesto dali samovolno stapucate vo brak ,zavptezimeto ,dr ??