Колку што разбрав,за време на работна недела може да се венчева таму но и да се земе во ресторан матичарот,а за викенд само во ресторан?
Да, и само првиот викенд ти е 50 евра дека им се смета за работна, а секој нареден викенд ти 100 евра
Helppp dali znate za zakazuvanje vo maticno dali baraat pri zakazuvanje izvodi od rod. Ili se zakazuva samo so licna karta ?
Здраво... ме интересира колку е цената за матичар во ресторант првата сабота од месецот? Дали е променето нешто или останува 50/60е?
Здраво женски Сакам да се регистрирам и венчам со мојот дечко кој веќе претходно имал брак(разведен е). Ме интересира дали во матично и во црква ќе го прашуваат(пр.матичарот и попот)него нешто за претходниот брак пред сите присутни гости? Да знам што да очекувам оти навистина ќе ме фати незгодно ако е така
За во црква прво ќе му треба црковен развод од првиот брак ако биле венчани. За претходен брак не прашуваат, ама можат за ова погоре да ви прават проблем т.е да не ви дозволат.
Аха, а некаде прочитав дека второто пеење за венчање во црква се разликувало од првото. Незнам и ова колку е точно..
Јас пред 2 год правев регистрација во ресторанот бидејќи сакав повеќе луѓе да бидат присутни кои не можеа да стигнат порано бидејќи некои беа од други градови. Ама цениве ме чудат 50-60-100 евра.. Јас платив 8000 денари плус патни трошоци за матичарот и советникот од општина.
Околу плаќањето за регистрација надвор од матичното, значи цената е утврдена од Министерство за правда, односно одделот за водење на матичните книги и се уплаќа на жиро сметка.