Здраво феминки, би сакала да прашам бидејќи не сум најдобро информирана. Дали за закажување венчавка во црква прво е потребно да бидеме венчани во матично? Бидејќи најчесто колку што гледам прво ги прават венчавките во црква а потоа во ресторан викаат матичен. Сум добила информации дека во црква не те примаат за венчавка без изод за венчани претходно од матичар. Ве молам доколку знаете да ме насочите. Благодарам ♥️
Може прво во црква па после во матично. Кога прашував во црква ми рекоа црквата и матичното не се поврзани.
Moze da e crkvata prvo,pa maticnoto vo restoranot...jas taka zakazav... Za vo crkva baraat: -izvod od maticna sluzba na vencani ILI potvrda za zakazan termin
Девојки, ве молам ако некој знае да ми помогне со следново: дали е возможно матичар од една општина да дојде да те венча во ресторан во друга општина кај што ќе правите свадба?
Нема врска. Ти само поднесуваш барање да дојде матичар во ресторан, мислам кај Нова Македонија се поднесуваше, па они сами ќе си пратат зависно од која општина има слободен. Јас правев свадба во ресторан во Центар, матичарот од Ѓорче беше, а по лични карти и јас и сопругот од сосема други општини бевме.
Ние сме од различни градови (не од Скопје) а свадбата ќе биде во мојот град. Дали и за надвор од Скопје важи истото? @Mandela @Пале 345