Верувај во неверојатното (Believe in Unbelieveble) е пораката во овој филм. Што се крие позади нашата реалност, дали постои друга реалност? Матрикс е научно-фантастичен, акционен филм, во кој што се зборува за тоа како самите може да си искреираме свој свет и да бидеме господари на нашиот свет. Овој филм има своја филозофија и во филмот е прикажана малку фантастично, но доколку се задлабочиме во филмот ќе ја видиме нашата друга реалност и пораката во филмот. Филмов мене ми е еден од омилените и тие што ќе кажат дека не е убав филмов, уствари суштински не го разбрале. На IMDb има многу висока оценка 8.7 / 10 и оценката е заслужена Еве и трејлерче (кој ќе го свати трејлеров браво,а кој нема да го свати нека го изгледа уште еднаш) http://www.youtube.com/watch?v=GtqU57sR0B8
И мене Матрикс ми е еден од омилените. Ептен ми е закон. Би го гледала до 101 и назад. ако го разбереш никогаш нема да ти здосади. И трилерчево ти е супер одбрано.
^ дефинитивно се сложувам со тебе, доколку го разбереме Mатрикс никогаш нема да ни здосади (ама за жал многу малку луѓе го разбираат филмот) исто и јас го имам многу пати гледано филмов и никогаш нема да ми здосади. BDW во недела (утре) ќе го даваат Mатрикс на A1 во 21.30 часот. Jас утре обавезно ќе го гледам и им препорачувам на оние што не го гледале да го погледнат на A1 бидејќи филмов е навистина одличен.
И како по обичај, темите за вистински добри и квалитетни филмови остануваат....празни. Штета Одличен филм! Ремек дело и поента која е експлодирачка. Да, тежок е да се разбере, но кој еднаш го разбере, не може да остане рамнодушен. Сум го гледала едно сто пати, и не знам зошто но и јас се вбројувам во групата на „can't get enough" феминки. А саундтракот?! Колку само се имам „труено“ со музиката!
Го изгледав неодамна, го немав гледано воопшто, ниту трејлер, ниту секунда од филмот. Си имам обичај да си оставам важни филмчиња и да ги гледам едно 11 години подоцна. Матрикс е одличен. Поради пораката што ја носи, (идејата е малку постара додуша, имам гледано претходно кратко јапонско аниме со многу слична приказна). Кастингот и глумата. Режијата на The Wachowskis. Ефектите кои за тоа време, 1999 се повеќе од одлични. И како што спомена Пирамид - ултрамоќниот, заразен саундтрак на филмот. Песните се masterpiece. Филмот е целосен пакет. Wake up Neo. Два света. Две вистини. Една која се создава со помош на нашата сопствена перцепција и си ја присвојуваме како таква и вистинската вистина каде нештата се навистина онакви какви што се, објективни. Секој од нас треба да биде Нео, секој ден, барем помалку. http://www.youtube.com/watch?v=pFS4zYWxzNA Во план ми се и другите два дела, наскоро. Оваа песна ја открив сосем случајно, и се запрашав - зошто би ставиле девојче со плетенки на постерот? Упс, Нео си ставал наочари. Секое мало делче од филмот си има значење. И добра поента.
Прекрасен, доволно комплициран за мозокот филм, а сепак едноставен и само такви и филмови сакам и можам да ги гледам повторно и повторно. Филмот бог знае колку пати го имам гледано, што на двд, што по телевизииве, дури скоро беше можеби кога гледав на една од странските канали, пак по стоти пат, како се снимал филмот, појаснување на приказната, пак имаше и една емисија паметам за сите најдобри филмови ever, за кои познатите актери одбиле да ја играат главната улога, мислејќи ги очигледно за неуспешни и празни приказни, што потоа се покажало погрешно, така мислам дека Вил Смит требало да ја игра оваа улога, и искрено, не дека го потценувам него, ми се допаѓа како актер, но Нео, дефинитивно не би бил Нео да не беше Кијано Ривс, страшна глума, страшно доловена цела приказна, за што и самиот Вил Смит имаше некакво си признание хаха демек тој не ја сфатил приказната и поради тоа сметал дека нема да ја одигра улогата достоинствено, како што впрочем треба да се одигра. Ма...
Треба да седнеш и да го гледаш во тишина и ќе го сфатиш . Според мене ова е светот каде некои не водат и се надарени ( пророчницата ) , секој е свој човек има своја моќ ( Нео ) , во овој свет постојано се бориме со злото ( машините ) , реинкарнацијата постои ( коа Нео умре , ќе се врати на овој свет но со друг надворешен изглед - зборовите на пророчницата ) Мислам дека тоа е тајната на Матрикс , и дека режисерот сакал тоа да го каже , не сфаќајте сериозно , тоа е само мое мислење
Хахах ми текна кога го гледав филмов, помала бев не го свакав многу: Мамооо што биде сега, епа нели тој је е Избраниот.... Мамо што викааа? Де објасни јас ништо не сваќамммм... , Филмов предобар, немам коментар, чиста 10ка.
И јас како трендафилка си оставам "поважни" филмови да гледам после сто години, па ете конечно и јас го изгледав.. Лелеее нешто неверојатно. Дефинитивно ОБОЖАВАМ сајнс фикшн филмови.. Во почетокот на филмов па дури негде и до половина бев као dafaq? , ништо не ми беше јасно, ама ништо..и тек после почнаа да ми се разјаснуваат стварите за да на крај останам без зборови.. Одличен филм, и глума и се се се... стварно те тера да размислуваш..али пак за мене е само сајнс фикшн..дека постојат така луѓе некаде во универзумов што се приклучени на машини и дека ова е всушност матрикс односно некаков виртуелен свет мало морген ама пак, тоа си е мое мислење.. според мене, овој живот што го живееме на земјата е реалниот живот а не некој имагинарен.. но сепак темава е многу длабока и има за зборење и размислување многу.. 10/10 сеа ми се у план и другите два дела со надеж дека ќе се разјаснат уште повеќе работите..
Филмов според мене е еден од најдобрите акциони филмови кои некогаш биле снимени. Нео е одличен, приказната исто така. Заслужува чиста 10-ка. Баш некој ден ќе седнам и ќе ја изгледат цела колекција . Инаку режисеров на филмов пред некое време станал ''режисерка''.
Прв филм што сум го имала на ДВД, башка оригинал од УСА! Љубител сум на таков жанр, така да за мене е чиста 10-ка! Но само првиот, другите два не ми се допаѓаат!
Од последниот филм испаѓа дека Матриксот е фантазија на Андерсон кога не ги пие лековите. Не го ставив ова во спојлер затоа што е само едно толкување.