Девојки ми текна идеја косата за матура да ја носам на една страна, во локни целата, ама да ми пага напред, позади да немам коса...зашто фустанчето ми е со гол грб и да дојде до израз нели.. ама не можам да најдам некој добри такви фризури на интернет, ако имате некој постнете ги да видам ако бендисам нешто, зашто до сега никоја нема постирано таква фризура колку што успеав да видам... позз
ахх... лесно на вас слабичките, а што ли мене ке ми биде со 5-8 вишок килограми, еве ми се засфига едно жолто фустанче што вие сте го постирале, али тоа е за слаби половини а шо ке правиме со ташни бе,а?
Оваа шери хил растур ке направи, сите ке бидеме како фотокопии.. ама што да праам коа се убави фустанчињата
за тоа дека сите ке бидете јајце на јајце ... и јас сум матурантка оваа година и многу луге ке си сијат фустани, така сто теско да бидат сите исти а знам лани кога беа матурантите по продавниците немасе нисто особено се бесе некако стуро сеакко тоа е прасанје на вкус но немасе 1 девојце со добар фустан е сега размисли си и тоа дали треба да земес фустан кој ке го облецес 1 у зивот и толку или сакас несто и после да си носис ...
тоа дека ке се носат и послем фустанчињата, чисто сумљам... и тие што не правеле нешто свечено ептен, од обично матријалче, зборам значи за прошлите години, па пак дали еднаш или два пати го имаат облечено фустанот.. реба да ти биде ептен обичен, памучен, па да можеш да си го изнаносиш, што викаме ние... Јас не сум голем љубител на фустани, и шијам фустанче што од самиот почеток си бев свесна дека не е за секоја пригода, ке го носам само на свадба да речеме или на друга матура.. А не сум ни нешо голем љубител на фустанчиња, многу многу ретко носам, да не речам ич
Да се надоврзам на муабетов ^ фустанчиња носам мнооооогу. Ама овој од матура, како што рече Лизалка, чисто сумљам дека пак ќе го облечам. Свечено си е свечено. Не дека ЈАС би облекла вакво нешто, ама за оние кои имаат готски стил мене ми се чини дека е прекрасен.
Женски да ви се пофалам иначе, бев преска да го пробам фустанот шо го шијам и баш пријатно се изненадив, ептен ме бендиса како го имаше направено. Не беше скроз готов, фалат уште некои мали корекции и доправање, ама во глобала така ме бендиса ептен.