Годинава јас колку што видов, имаше невести за матурата со бели фустани, од сите бои баш бела? Инаку овај мене ми се свиѓа, со мааали корекции кај деколтето, и секако занемарете ја бојата
женски има некоја шиено кај Ива?? Спојлер https://www.facebook.com/AtelierByIva Ако има некоја нека ми пише во ЛП
Да бев сега матурантка воопшто немаше да се замарам. Немаше ни да шијам, ќе си купев фустанче до 2000денари и чао пријатно.
Девојки ако може некоја слика од кратко фустанче. Битно ми е да има некаква лента под градите некаде, и од лентата надолу да паѓа слободно. Нешто слично на тоа во споилер. Ви благодарам.
Според мене не може да се каже кое е "подобро" бидејќи сите имаме различен вкус. Какво тебе ти е мерак, во какво се замислуваш такво купи си/сошиј си. Јас минатата година бев матурантка и по долго размислување кратко сошив и бев презадоволна, но сега да сум ке шијам долг (напред краток позади долг ) . Пак ќе кажам се е работа на вкус
Здраво девојки,јас сум нова на форумов,а исто така годинава сум матурантка па ме интересира да не знаете случајно некоја/некаде што шие циркони зашто си најдов еден сооооооооооовршен фустан ама пустиот цел е со циркони па ако знаете ќе ве замолам да ми кажете..поздравче до сите
Еве од мене неколку примери што јас би ги носела.Алергична сум на пренакитени,свечени фустани па еве нешто што е во мој стил и што сигурно би било единствено на матурата.А и не само тоа - не ке морам само на матурата да носам. Во секој случај,јас би направила измени мали во комбинациите
може е офф може не е но мене ме интересира една работа: стално го слушам болдираново и си размислувам па ако еден фустан е соодветен ајс да го носам за прилика која што не е матура дали бил соодветен за матура?? Матурата е сепак една свечена прилика бара нешто соодветно, е сега ако едно фустанче мене ми е соодветно за матура(елегантно,свечено...) нормално не ќе оди за друга прилика(освен свадба на ептен блиски или апсолвентска), ако пак оди за друга прилика за излегување, што ја знам што според мене не бил соодвете за приликата матура. Што мислите вие дали еден фустан може да биде соодвете за матура ако ви е соодветен и за обичен ден,излегување...едноставно да речам друга прилика?? Секако секој си иам свој стил да се разбереме тоа го почитувам, еве јас ги сакам фустаните од црвениот тепих и јас сум матуранка и планирам нешто вакв како на сликиве: моделиве ќе претрпат соодветни трансформации но во основа ќе биде или сирена модел или до половина тесен надолу широк со некои делови на да речам чипка(матријал како оно плавиот) е сега јас овој фустан што го планирам за матура ама никако не ми иде да го користам за нешто друго
Значи вака.. минатата година бев матурантка и бев облечена во долга црна тоалета, за модел ми служеше фустан на Ким Кардашијан. Излезе идентичен, фустанот е преубав, но кога би се вратила назад, не би го направила тој избор. Би облекла фустанче, не кратко, туку онака малце над коленици, некоја свежа боја, по можност бела, и што помалце детаљи на него. Сите се возбудени пред матурската вечер, но после неа сите реализираат дека колку сме поедноставни, толку сме поубави и да ви кажам, поубаво ќе си поминете, бидејќи нема да мислите НЕКОЈ ДА НЕ ВЕ ЗГАЗНЕ па да паднете или нешто слично, затоа што нашиве матурски вечери не се вечери од типот ДОДЕЛУВАЊЕ ОСКАРИ, та црвени килими и незнам што. Размислете убаво идни матурантки & со среќа.
Се заљубив во фустанчево, но тука сигурно никаде нема да го најдам вака како модел, а и незнам каде би можела да најдам баш таков материјал со таков принт
Каков фустан би носеле за матура долг од стилот на сирена или долг со корсет и широк од половина? Јас се двоумам помеѓу двата. Исто така ке ве замолам да ми препорачате каде е најдобро да го сошијам фустанот. Бидејќи моделите што ги сакам се малку повеке комплицирани за правење мајка ми ме советува да купам фустан а не да шијам, но јас не би сакала да видам некоја друга девојка со фустан ист како мојот