Дечки за матура скам да си сошијам фустанче со ваков крој отприлика е сега прашање е што да облечам одогора?
па што ти треба нешто одозгора ако веќе ептен сакаш некоја наметка од матријалот на фустанот Спојлер ама мислам дека немаш потреба
Да сум повторно матурантка вака некако би се облекла: Никакви тракатанци и ланци, штиклишта миклишта. Не знам оти толку многу потресувања околу вакви работи.
Луѓенцаа помагајтее : Годинава сум матурантка и уште се мислам каков фустан да си шијам,но во последно време се размислувам за долг..нешто како со лента кај струкот а надоле слободно да паѓа..Нешто како овие во спојлер..Ќе ве молам ако имате слики од некои слични модели да ми предложите да разгледам,би ви била многу благодарна Спојлер
E tuka ima nekoj stv mn dobri modeli,koi so mene mn mi se svigaat ama treba da gledash po tvoj vkus ) http://www.femina.mk/%D1%83%D0%B1%D0%B0 ... D0%BE-2013
А што велите за црн фустан за матура? Сум си видела едно црно фустанче што многу ми се допадна како ми стоеше, само многу се мислам дека е црно.. Има и некои црвени деталчиња, но пак, преовладува црната боја. А јас и имам темна коса, па мислам дека многу ќе ме затвори црното... Ве молам за мислење.
црното ти е класика. иако е пролетен период и сите гледаат поживи бои, сепак можеш да разбиеш монотонија со шминка, накит, штикли и плик во друга боја , а косата да ти биде собрана за да не изглеа, ко шо викаш ти, премногу црно. ама мора да бидеш самоуверена дека тоа е тој фустан )))))
девојки мој совет за матура е да не се облечете и средите како теткици, со долги фустани, јаки шминки, фризури и секоја мера прејдена.....матурата денес не е кој знае како достигнување или пак свечен чин, облечете се согласно вашите години и вашата природна убавина, немој да биде и изгледате 10-15 години постари таа вечер.....секоја година изборот за матура кај девојкиве е се полош и полош, се заборава колку години се има и што се слави. се е пренагласено и во секој поглед дури, за да на крај сетоа тоа изгледа повеке од претерано, вештачки, несоодвето и невкусно за годините што ги имате-18. среќа има исклучоци, ама се сретнуваат во многу помал број. немам намера никого да навредам, само кажувам како што е. среќно на сите матуранти
Makedonkamak се согласувам со тебе, матурантките се повеќе наликуваат на возрасни жени, а помалку на 18-годишни млади девојки.
Зошто да не црн фустан? Синоним за класика,елеганција,едноставност. Според мене,е добар избор Јас кога бев матурантка,половина од генерацијата беа во црни фустани.И сеа гледам истите ги носат и во други пригоди