Зошто да не црн фустан? Синоним за класика,елеганција,едноставност. Според мене,е добар избор Јас кога бев матурантка,половина од генерацијата беа во црни фустани.И сеа гледам истите ги носат и во други пригоди
Црното одговара за секоја пригода. Елегантен црн фустан секогаш одговара за се. Големо да. И може да се комбинира со се, еве во случајов убава би била комбинацијата со црвени штикли и ташничка.
Здраво девојки, не сум баш активна на форумот но редовно ги читам и доста од советите и применувам Епа вака, оваа година сум матурантка и си го имав замислено целиот изглед де пред некој ден кога почнав да се предомислувам за бојата на штиклите и ташничето. Значи не знам дали да земам крем штикли и исто таква боја плик, или пак да бидат црни...Може некој совет? А иначе ќе си шијам ваков фустан исто црвена боја
Ех,кога славев матура,не се ни сеќавам дури одамна беше,само тогаш не се славеа како сега,сега како свадба да прават толку трошоци а сепак само матура е ништо повеќе,без разлика на сето тоа мене матурата ми буди убаво сеќавање,ах тие срдношколски денови ми недостигаат.
http://picture-cdn.wheretoget.it/n3c97u ... ng-bag.jpg еве можеш некој вавков модел , горниот дел може да биде нешто како на сликата со плус циркони во боја например јас имам таков плав горе со циркони и доле ми е ист како на сликата само црн јас моето го имам искомбинирано со плави штикли високи но бидејќи ти си висока можеш да избереш нешто пониско ама ти како сакаш
Девојки, се извинувам можи сум офф топик, ама дали знаете кој период доаѓа нова роба со матурски фустани?
од толку фустани што разгледував,само се премислувам и останаа овие неколку што повеќе ми се допаѓаат,ако не најдам некое друго што ке ми се засвиѓа повеќе.
Си се самореплицирам,за да споделам искуство. Јас шиев фустан кај Ива прашував ваму таму ама никој не знаеше да ми каже па отидов на слепо,среќа што не беше за никаква посебна пригода иначе гадно ќе се зезнев. Па и среќа што годинава дознав за неа,да дознаев пред 2 години дури и матурски фустан кај неа ќе шиев па ќе беа плачки. Толкава неорганизираност,неможам да ви опишам!Каснење ,заборавање која сум,што сакам ,каков фустан па дури и боја.Тотално е незаинтересирана и неодговорна па дури и Спојлер сенилна ,што се вика ја боли уво. Ептен ме разочара,и фустанот не е убаво изработен висат кончиња,преширок на некои места а на некои претесен па да го купував подобро ќе излезеше!!! Можеби ја бива,можеби само мене ми се потрефи вака,али па можам да ја замислам сега за матура фустани кога ќе треба да шие има се да измеша женава, па поради тоа не ја препорачувам.
Јас за матура си ја планирам Жане што шиеше за Љутикова и Кокев венчаници. Нема нешто што не знае да сошие и да напраи dream dress. Нема некој кој се пожалил од неа, а досега мн пати сме шиеле за свадби, и што ти не кај неа и немам коментар
И јас сум годинава матурантка, и крајно неупатена сум за некој работи, ама па и не се замарам кој знае колку Не знам зошто се крева толкава фама околу целиот настан, сепак завршуваме само средно. За фустан сеуште во главно немам одлучено, само знам дека би бил краток и би сакала долниот дел да биде како skater skirt, а останатото е сеуште незамислено, најмногу ме буни бојата, некако не можам да се пронајдам во ниедна Не сакам да изгледам претерано или теткински, туку ете нешто што ми прилега на годините.
Жената шие венчаници во Кокев сега, а приватно шие и дома се и сешто од костими, фунстанчиња, тоалети до венчаници. Кратките фустанчиња се 1 500 денари, а тоалетите 3 000 денари плус си купуваш материјал. Ако не знаеш каков и она може да дојде со тебе кога ќе бираш за да ти помогне. Ако сакате нешто подетално пишете ми во лп да не ставам тука адреси.
Нај фустани ми се на Ива Спасовска за матура досега од она што го имам видено а ни е достапно.Креации од бајките , really.