Годинава сум матурантка и можам со сигурност да кажам дека ниеден од овие не би го носела на матура. Посебно не третиот! Повеќе ми личи на маичка која е невкусно натегната за повеќе да открие отколку да покрие... Секој со својот стил ама тоа никогаш.
Блазе си ви, во колку безгрижен и убав период се наоѓате во животот! Точно е тоа дека секој со свој вкус се облекува за матура, само моја препорака, не претерувајте со свеченоста и не купувајте нешто што само еднаш ќе го облечете! Во иднина ве очекуваат безброј излегувања вечерни и забави мнооогу, затоа одберете нешто што ќе му се изнаносите! Поздрав и се најубаво до сите матуранти!
Ај еден совет набрзинка Долг или краток тустан да си купам за матурската? Му го имам меракот на долг фустан, ама оти немам носено не знам како ќе се осеќам.. Да не бидам како некоја жена или неш слично? Ај ако има некоја овде со такво искуство нека зборе kisses
Јас сум многу против долгите фустани.Да се спрепнам и после брука,абе ајде. Се знае кратко фустанче,по убаво здравје.
Исто и јас немам носено, но сепак се одлучив за долг фустан. Сакам да пробам нешто ново, нешто поразлично и баш ми се допаѓа како излезе фусанот на крајот. Нема да бидеш како жена се додека го направиш правилниот избор на долг фустан...
Носи си краток фустан. Јас ги сакам долгите, ама свечените не ми се допаѓаат многу. За мојата матурска носев краток бел тесен фустан, многу од чупињата носеа балончиња, многу малку долги фустани, пополничките носеа долги широки свечени фустани, а имаше и некои во фармерки и свилени пантолони. Пробај си и долг и краток фустан. Види како ќе ти стојат. Сега да се вратам на времето ко правев матурска би одела со балонче, но не она многу кренато, само долу да биде така и шампањ боја.
Фала ви. А инаку од каде го купивте фустанот? Се мислам помеѓу Скопје и Струмица. Знае некој како се стижат цените, т.е. каде е поефтино?
Прво пробај како ќе ти стои долг фустан, не стои убаво на секого. Ако го погодиш моделот нема да бидеш како жена. Можеш да избереш нешто измеѓу: од напред краток, а од позади долг. Златна средина.
Ja би краток, да си се изнаиграш ко човек. Вака во долг тесен фустан како заробена ќе бидеш цела вечер, па чекај да не го стапнам некаде, да не се сопнам ова она.
Јас имам едно глупаво прашање. Бидејќи нема сигурно да бидам цела ноќ на штикли, планирам и да си носам балетанки со мене. Прашањето ми е, како да го изведам тоа со 2 пара чевли, а да не испадне да ги влечам со мене цела вечер? Спојлер Не ми се смејтеее! Си размислував и не дојдов до некој паметен одговор.
Нема зашто да ти се смееме , прашањето ти е баш на место, паметен одговор и нема , никој несака после да ги влече штиклите со себе ама мора , сите тоа смего правеле , ке си земеш ќесичка од оние ко за поклон и ќе ги ставиш, единствено ако некој од твоите сака да дојде да ти ги земе друго нема
јас планирам да се сликам, да влезам се тоа со штиклите а балетанките кај партнерот во кола ке чекат на паркинг ти ако не ти е партнерот со кола може некој од твоите да дојде после саат време од влегувањето да ти ги донсе балетанките а да ги земе штиклите,јас така правев за полуматура
Во хотелот или салата има рецепција ке ги ставиш балетанките во чанта а за надвор незнам како би можела
Каква врска има рецепција со штиклите и балетанките? На рецепција не се оставаат такви работи Таму е место за информации,за најавување или одјавување на гости од хотелот и сл.А не да ти ја чуваат ''чантата'' со штиклите -.-
^^ Абе која рецепција шо ви е Мене мојте пошто дојдоја да гледат влегвањето се ме чекаја надвор и од ко влегоја сите си слегов си ја зедов полна ќеса внатре со балетанки, сако и влошки пошто утоп бев Нека ве чекат мајките надвор од ко ќе влезат сите, не е срамота сите така прат
Кога ќе влезеш внатре ако излезеш нема враќање. Едино ако може мајките на врата да им ги дадат некако ако им дозволат.... Јас си издржав на штикли, кои не беа многу високи бидејќи и онака сум висока.
Демек лок ин имаат следните 12 саати ?? Незнам, стварно се чудам. Како бе нема назад, ни напред ??? Ајде поворка да ги испраќа, no matter what happens you can't leave the building . Земете ги во ќесе бе луѓе, украсно, колку се филозофира по ова прашање цела тема треба да се отвори. Земи ги во украсно ќесе, обеси го на столот таму, и остави ги штиклите во него од ко ќе ги облечиш балетанките. Сликањето е проблемот ? Ваљда ќе позирате кога ќе ве сликаат, не ќе ве фатат офсајд. Стаи си го зад тебе, настрана, дај му го некому да го придржи. Кој е проблемот со ќесето ?? Озбилно...
Не би да мрчам, но мене ми е безврска носење на чевли во ќеса, чанта. Мислам дека треба да си одберете чевли кои ќе ви бидат удобни, во кои ќе можете да издржите цела вечер. Ако мислите цела вечер да ја поминете во балетанки ондак и бирајте ја цела гардероба така, плус има балетанки, ниски сандали кои можат да поминат со посвечен фустан. Зошто ако не можете да носите цела вечер штикли воопшто и да се мачите со нив? Земете чевли на платформа, полна пета. Јас носев сандали, околу 10 см. во кои буквално цела вечер издржав, ги откопчав еден момент пред одење и после имав мака да ги вратам на истото дупче, потекуваат нозете. Сестра ми не сакаше штикли и не носеше до матура. Тогаш купивме ниски, некои 4,5 см во кои воопшто немаше проблем ниту да се движи ниту да биде цела вечер. А и не бирајте нешто што ќе го носите само таа вечер.